Легитимирање на лидери: мозочна перспектива

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Легитимирање на лидери: мозочна перспектива

Легитимирање на политички лидери значи нивно поддржување/одобрување (и не само на избори!) и е многу важно прашање за секој граѓанин. Затоа што од лидерите зависи во кој правец и со која брзина ќе се движат општествените процеси. Дали кон брз/спор развој, брзо/споро дегенерирање или стагнација.

Тогаш, следното прашање е — кои се најважните фактори што влијаат на одлуката на поединецот кои и какви политичари да легитимира? Еве ги тезите.

Прво, за да поддржиш одреден политичар за лидер, потребно е да веруваш дека тој/таа поседува компетентност, интегритет и добронамерност за функцијата за којашто бара легитимитет. Во твоите очи (читај: мозок), тој човек треба да биде веродостоен. Значи, по дефиниција, веродостојност е пресек од компетентност, интегритет и добронамерност [5]. Е, сега, да видиме како луѓето одлучуваат колку и на кој политичар да му веруваат.

Од работата на Нобеловиот лауреат, Daniel Kahneman, се знае дека секој човек размислува на две нивоа — Систем 1 (брзо мислење) и Систем 2 (споро мислење) [1]. Систем 1 е автоматско мислење и претставува еволуциски дифолт затоа што е енергетски ефикасно, т.е. троши многу малце шеќер. Систем 1 го користиме 80–90% од времето. Автоматското (механичко) мислење е океј за голем број познати и рутински работи и ситуации. Се базира на интуиција, асоцијации и емоции. Нооо… Да го користиш Систем 1 за легитимирање на политички лидери е многу, многу лошо! Познато е дека кога се под силни негативни емоции, луѓето не размислуваат логички туку нивните реакции се автоматски, инстинктивни [2]. Башка, целта на политичарите е точно преку пропагандистичките медиуми систематски да ги конфигурираат нашите предрасуди, асоцијации, рефлекси, емоции како што ним им одговара (т.е. перење на мозок).

Ако сепак го вклучиш Систем 2, тоа значи дека влегуваш во мод на висока концентрација и ангажирање на делот од мозокот кој троши многу шеќер. Мислењето со Систем 2 е непријатно бидејќи одржувањето на концентрација е напорна работа, ама тоа е единствениот начин да осигураме дека сме разумни. За да изврши некакви логички операции, на Систем 2 му се потребни податоци. Податоците, со коишто оперира мозокот, може да се заблуди, знаење или податоци со неодредена точност. Колку повеќе заблуди и колку помалку знаење — толку полоши перформанси на Систем 2, а со тоа и поголеми шанси да легитимираме неверодостоен политичар. Максимизација на точноста на податоците се постигнува со квалитетно образование базирано на наука и информирање преку објективни, непристрасни медиуми [9], [10].

Дури и да носиме одлуки со Систем 2, многу битно е кои ни се барањата/очекувањата од лидерите. Ако се секираме само за својот ценет задник и we don’t give a damn за интересите и потребите на сите сограѓани, тогаш сме себични и шансите да легитимираме лош политичар се големи [6]. Ако освен сопствениот интерес, важна ни е и благосостојбата на сите луѓе од општата заедница, има помали шанси да легитимираме битанга.

1-lgsEk8PRf6y57Q1RMuP4zQ.png

На дијаграмот е прикажан целиот спектар од можности. Во долниот лев агол е рајот на планетата земја, т.е. оние земји во кои граѓаните носат важни одлуки со Систем 2. Таму луѓето се добро образовани, слабо религиозни, се информираат преку непристрасни медиуми, живеат квалитетно и благосостојбата на сите сограѓани им е високо приоритетна [3], [4], [7], [8], [9], [10]. Во горниот десен агол е пеколот на земјата. Таму луѓето носат важни одлуки интуитивно и емотивно, слабо се образовани, живеат под прекумерен стрес (војни, глад, болести), многу се религиозни, дезинформирани се од пристрасни медиуми, и благосостојбата на сите сограѓани им е задња секирација [3], [4], [7], [8], [9], [10].

Заклучок:

За да може еден граѓанин точно да ја процени веродостојноста на еден политичар, тој граѓанин треба да ги поседува следните квалитети:
  • Да биде доволно интелигентен и да носи важни одлуки со Систем 2, т.е. неизбрзано и аналитички;
  • Да оперира со точни податоци за релевантните општествени состојби, а особено за дотичниот политичар, неговите компетенции, карактер и минато;
  • Да очекува и бара од политичарот да се грижи за благосостојбата на сите граѓани.
Всушност, постои еден поим што ги обединува овие квалитети. Се вика морална интелигенција [11].

Па, што мислите, како стои нашето општество со просечната морална интелигенција?

Референци:

[1] Систем 1 (брзо мислење) и Систем 2 (споро мислење) објаснети со едноставни зборови овде: http://www.nytimes.com/2011/11/27/b...-and-slow-by-daniel-kahneman-book-review.html

[2] Oд неуронауката е познато дека стресот е непријател на Систем 2, т.е. на логичкото и аналитичкото размислување:

[3] Даниел Канеман докажал емпириски дека економската несигурност предизвикува стрес, анксиозност и депресија кај луѓето (овде: http://www.pnas.org/content/107/38/16489.full.pdf)

[4] Еве ја ранг листата на земји според приход: http://hdr.undp.org/en/content/income-index

[5] Поимот за веродостојност на долго и на широко објаснет овде: https://www.ocf.berkeley.edu/~reetaban/triple helix/trust and decision making.pdf

[6] Негрижата на луѓето за благосостојбата на сите граѓани (т.е. себичноста) води до продлабочување на нееднаквоста. На следниот сајт, покрај најважните индикатори за развој на секоја држава во светот, може да се види и рангирањето на земјите според степенот на нееднаквост: http://hdr.undp.org/en/data/map

[7] Неверодостојните политички лидери се извор и понор на корупцијата. Ранг листа според степен на корупција: http://www.transparency.org/cpi2014

[8] Убедливо најголемиот извор на заблуди кој страшно го блокира рационалното размислување (Систем 2) е религиозноста. Овој труд емпириски покажува дека во земји каде што религиозноста е голема, научниот развој е слаб: https://www.princeton.edu/~rbenabou/papers/Religion December 1g_snd.pdf

[9] Степенот на образованост е силно корелиран со целокупниот развој и благосостојба на едно општество. Еве ги земјите поредени според степенот на образованост: http://hdr.undp.org/en/content/education-index

[10] Степенот на слобода на медиумите преку кои граѓаните се информираат за сите важни настани има огромно влијание врз степенот на точност на податоците со кои располага секој поединец. Еве ја ранг листата за цел свет: http://index.rsf.org

[11] Поимот на морална интелигенција: http://en.wikipedia.org/wiki/Moral_intelligence
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не го читав внимателно постот и не ги отварав линковите, прво затоа што политичките теми секогаш будат некој песимизам во мене и намерно се дистанцирам од задлабочување во истите, второ, затоа што верувам дека вистината не е далеку од моите лични предпоставки. Морав ова да го објаснам ако случајно излезе дека сум ја утнала поентата или нешто слично, за да не ми се замери ако е можно.

Сакам да кажам, народот во нашата држава не се осмелува да биде интелегентен на оваа тема (мислам за просечниот човек кој припаѓа на работничката класа), бидејки стравот за преживување кај поединецот е премногу длабоко вкоренет. Мислам дека тоа донекаде би можело и да се оправда со оглед на тоа дека до не толку одамна општеството ни беше социјалистичко, а социјализмот секогаш се стреми да направи послушна, просечна војка од граѓаните, а нашето напатено македонче сеуште не го преболело туркото, така да не очекувајте дека толку лесно ке се одвикне од социјалистичкото. Демократијата е сеуште неразбирлива на овие простори, едно што луѓето не знаат како да ја искористат, друго што не сакаат бидејки се плашат.
Моралната интелегенција по ова прашање ни е на ужасно ниско ниво, мислам дека треба да се случи некое чудо за да можат да се променат работите. Граѓаните многу ретко си поставуваат свои лични критериуми за тоа каков треба да биде политичарот и политичката програма за кој ке гласаат, најчесто брзо се одлучуваат кога ке бидат поткупени со малку пари, кога ке бидат уценети со закани по нивното работно место, а некогаш и вреќа од 5кг брашно може да заврши работа.
Кај помладите генерации пак имам забележано два типа на луѓе. Едните се амбициозни, успешни, вообразени, модерни и се неверојатни подлизурковци на кои не им е важно позади кој политичар стојат, туку им е важно да бидат видени како стојат позади политичарот, додека истиот дава интервју или говори на митинг. Додека другите имаат развиена морална интелегенција, имаат свои критериуми и систем на вредности и тн. но речиси сите такви кои ги познавам, скоро и никогаш да не излегле на гласање.

Мислам дека главниот проблем конкретно во нашата држава е тоа што моментално и нема некој добар избор, барем според мене, сеуште не се појавил политичарот или партијата која би била вредна за да отидам на гласачко место и да гласам.
 

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Мислам дека главниот проблем конкретно во нашата држава е тоа што моментално и нема некој добар избор, барем според мене, сеуште не се појавил политичарот или партијата која би била вредна за да отидам на гласачко место и да гласам.

За жал, ова е изместена перцепција. Во МК има автократска мафиократија што го носи општеството во пропаст. Кога најрелевантното прашање би било - дали има политичар или партија која е од ранг на нормална партија од некоја здрава демократија? - одговорот би бил НЕ. И во ред е да биде не. Ама, тоа не е најрелевантното прашање моментално во МК.

Најважното прашање е - дали сакате да живеете во држава која функционира како мафиократија? За секој нормален човек, одговорот би требало да биде НЕ. Во тој случај, не гласате ЗА, туку ПРОТИВ. Зошто ПРОТИВ? Затоа што тоа е единствениот мирен начин да се стигне до решението на проблемот. А, знаете кое е решението? Сигурен сум дека некои не знаат. Решението е:

1) Неселективна правна држава која важи за секого.
2) Професионални и непристрасни медиуми кои секогаш се грижат за јавниот интерес.

Ако овие два столба на демократијата се воспостават, се' друго ќе има неминовен прогрес - економија, образование, итн. Јасно е дека не може да се воспостават ако имате мафиократија која ги има заробено. Значи, прво ослободување, па нормализирање, па ќе гласаме ЗА.

Сега, некои со право ќе забележат: па, никој не гарантира дека следните што ќе дојдат на власт нема да бидат мафиократија? Се разбира, нема гаранција. Затоа и мора да се разбере дека нашиот проблем е многу длабок. Не може да се реши со една промена на власт. Поентата е дека власта треба да се смени секогаш кога го изневерува јавниот интерес, дури и минимално. Јавноста секогаш мора да притиска силно да се смени лошата власт. Ако тоа се прави конзистентно, секоја наредна власт ќе биде подобра од претходната. Потребни се доволен број на итерации/промени за да добиеме неселективна правна држава и професионални медиуми. Пак да кажам, ние сме во deep shit, нема брзо и лесно решение за нашите гомненици.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас не гласам и не учествувам на никој начин во политичкиот систем бидејќи рационалноста ми кажува дека се работи за застарен, неефикасен чак и злосторнички систем. Бидејќи огромното мнозинство од политичари се психо/социопати - на ниеден начин не би сакал да сум поврзан со сето тоа. Како што не сама психопати и во комшии или на рандом место.
Затоа се ограничувам на посочување на злочините кои произлегуваат од системот и активно повикувам на размислување околу редефинирање на местото на поединецот во системот и односот кон него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Проблемот е што лугето ги бираат политичарите. Во случајов долги години имаат погрешен избор. Од тука се поставува прашањето дали во Македонија се навистина проблем политичарите или пак нешто друго.
Можеби менталитетот ја одсликува и политиката како и многу други работи...шознам.
 

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Проблемот е што лугето ги бираат политичарите. Во случајов долги години имаат погрешен избор. Од тука се поставува прашањето дали во Македонија се навистина проблем политичарите или пак нешто друго.
Можеби менталитетот ја одсликува и политиката како и многу други работи...шознам.

Се согласувам дека менталитетот ја отсликува и политиката како и изборот на политичарите. Но, има една крупна работа што луѓето не ја забележуваат. Имено, менталитетот не е фиксен сет од статистички особини. Со други зборови, изборот на политичарите и нивната политика влијаат на менталитетот на народот кој ги бира (во т.н. затворена јамка - closed loop). Што значи, ако се изберат најлошите политичари, тие ќе влијаат на најлош можен начин што дополнително го влошува менталитетот на народот. Потоа, влошениот менталитет на наредни избори бира уште полоши политичари кои уште повеќе го влошуваат менталитетот. И вака може да тера додека не се случи некаква катастрофа. Катастрофата може да биде војна, екстремна сиромаштија, глад, болести и многу други екстремни облици на масовни страдања.