Месечарење

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Хахах интересна тема! Не сум месечарела али сум зборела. Пред 2 год сум легнала да спиам и сум викала нее немој нее го тепај греота е и сум претала со рацете а најсмешно е шо сум почнала да плачам и сум викала само неее хахахах.
А братучеда ми месечари, еднаш спиевме кај нив тие имаат куќа на 3 спрата и како шо спиеме ја осетив дека станува го трга пердето и на балкон излегува и си се чудам шо бара девојчево у 2 саат на балкон? Ај си велам можи лошо и е. Кога гледам таа едната нога ја клава над балконот, а она спие и сака да се фрли и сеа ја гледам шо прае..и сама си се разбуди и се уплаши :rofl:nerd

А мајками ми има кажувано за тетин ми навечер како што си спиел и станал пошол во ходникот и ги облекол штиклите на тетками и онака по гаќи и штиклите излегол надвор и наполнал вода од чешмата и влегол натре и на тетками ја прскал со вода и викал пиш пиш хахахахахахаххахаха:rofl:rofl
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
Другарка ми е месечар. Се разбудила некоја вечер, мажот ѝ ја сетил и чекал да види што ќе направи. Стоела во темното и по некое време ја запалила ламбата и немо го посматрала човеков. Не сакам ни да помислам колку му било крипи во тој момент!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас си имав свои квази месечарски епизоди, веројатно поради промена на живеалиштето. Првата година кога дојдов во Скопје после некое време со цимерот увидовме дека јас сум станувал во сон и сме си правеле нормален муабет, само што јас не се сеќавав на муабетите. Трауми си имаше детето, после некое време прашуваше дали сум буден или пак си прави муабет со мене дур спијам:D
Еднаш другар ми се јавил додека спиев и сме си направиле фин муабет, дури и за излегување сме се договориле. На крај се изначекал па му здосадило и ми се прејави:rofl
Сега ептен ретко имам вакви "доживувања", најчесто кога сум дома и дознавам од моите утредента.
 
Внимавај ако си со девојка, може секаква информација да извади од тебе. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Внимавај ако си со девојка, може секаква информација да извади од тебе. :D
Којзнае, муабетите што сме ги правеле биле нешто поврзано со факултет. Може знам да разликувам што е за кажување, а што не во таква состојба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Big Berta

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Имам братучедка, и кога бев кај нејзе на гости, многу работи се случија.. Кога ми имаше она кажано дека месечари мислев дека не е страшно, се додека не дојде таа вечер, страшна работа е ова, да не бевме тука таа ќе си се фрлеше од прозор омг омг (worried)
 
Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
До 15 години редовно станував секоја вечер и ја отклучував главната врата. Секое утро ја наоѓаа отворена, послем увидовме дека си месечарам, па го вадеа клучот од вратата, а кај сум одела, шо сум праела и дали сум одела некаде, појма немам. (facepalm) Не ми текнува.
 
Traviesa

Истакнат Член
8 јуни 2016
25
15
113
Штом се спомне "месечарење" во себе се парчосувам од смеење заради другарка на моја другарка што си ја ставила перницата во замрзнувач. :D
Иако случајов ми е смешен, месечарењето е озбилна ствар и сигурно не е баш лесно да се живее со месечар дома. Јас па како што се притресувам за блиските тешко дека би спиела ко човек.