Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Патриоти со тетоважи од картата на „Македонија“, кои редовно купуваат ланчиња со букви за дечињата и зборат „Името не го давајте!“? Ми се гади од такви. Имав еднаш еден што појде Франција, се врати и ми го почна тој муабет и си станав од трпеза.

Непријатно ми е шо псујам род ама не можам, муабети за бранење на државата и дека арнаутите ќе ни ја земеле, требало да се свестиме а не да бегаме на запад и уште неколку тешки моронштини, фабрика имало во жабени бе муабет ми прават (facepalm) малоумен бот да ти држи предавања, ако ги отера човек таму каде што треба ќе се десат породични кризи паники ќе се јавуваат кај моите ќе кукаат (facepalm) одамна не ме има нешто извадено од такт вака
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Дали ако си роден надвор од државава имаш ЦЕЛОСНО право, без никакви компликации да извадиш државјанство ?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Неможам да сфатам за некои луѓе кои до вчера ги подржуваа протестите и теророт врз полицијата а денес во личен дневник запишуваат како неможеле да спијат цела ноќ и шмрк шмрк....а треба и на свадба да иделе и .....:eek:mad
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Од очите на народот и од очите на Бог никој не може да избега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Не знам навистина зошто секогаш се навраќате дека форумот не ист како порано,работите се смениле...
Пред се вие се менувате и не сте исти како порано,а форумот кој го сочинува?! После форумот бил сменет ... :)

Тоа што го посочи (дека корисниците се менуваат, а со тоа и форумот) никој не го оспорува, всушност е многу логично, меѓутоа во овој случај не е соодветно. Не станува збор за некакви промени кај корисниците, дека некогаш сите биле толку добри луѓе, па еве сега се менуваат и со тоа го расипуваат и форумот, туку станува збор за заминување на корисниците. Станува збор за неактивни теми. Во најпопуларните "подфоруми" (како Општи муабети, Љубов и секс, Образование, Хумор и Сеир, Играчнца) релативно активно се постира во едвај 5 теми (во Љубов и Секс од 252 теми само една е активна и во Образование 113 теми, истотака, само една тема е активна), додека останатите теми се неактивни повеќе од месец, два, дури и пола година. И тоа ако под "активно се постира" се мисли на последниве ден, два, три.

Корисниците на форумот се тие што го оддржуваат во живот. Ако нема корисници, нема да има активен форум. Што е случајот денес.

Меѓутоа не се корисниците виновни за тоа. Никој не е виновен за тоа. Луѓе доаѓаат, луѓе си одат. Можеби некои заминале поради лошата администрација (не велам дека администрацијата е лоша, туку велам дека можеби тоа било нивната причина), можеби некои заминале поради кавга со форумџија, што знам - веројатно има уште многу причини. Јас, лично (а верувам и многу други), изгубив интерес, меѓутоа не знам колку тоа е "вина". Едноставно луѓето ја немаат веќе таа способност да обрнат толку многу внимание на нешто. Голема маана, меѓутоа тоа е друга тема. Ако некогаш луѓето можеле и сакале да одвојат неколку часа дневно за да дискутираат на форуми, денес е намалено на едвај половина час. Нови луѓе, нови настани, нови обврски. Промени во животот.

Реков дека форумов не е ист каков што бил, што е факт - не е, што да правам - ме пукна носталгија. Го ценам форумов, меѓутоа ја имам и способноста да ја согледам ситуацијата објективно. Работите се менуваат, ќе продолжат да се менуваат. Се ближат летни распусти, можеби сега кога ќе имаат учениците, студентите и останатите повеќе време ќе стане форумов поактивен, можеби и нема. Никој не може да знае сигурно. И не е ништо лошо, не е ништо страшно, нема потреба веднаш одбранбено да враќаме на добронамерни коментари. Иако јас сега го направив тоа. |-(

Сакам да кажам: ми доделија трофеј за членство над 3 години.

Edit: И се извинувам што се навратив на коментар од пред 2 недели.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дали ако си роден надвор од државава имаш ЦЕЛОСНО право, без никакви компликации да извадиш државјанство ?

Not sure, различни земји имаат различни закони, еве линк од правниот принцип па види што е и како е околу земјата за која што те интересира :)

http://en.wikipedia.org/wiki/Jus_sanguinis
 

MATEJA

Член со 30 казнени поени
29 мај 2014
280
247
353
NAS ZIVOT E STALNO PUTUNANJE OD RODJENJA DO SMRI, LJUDI SE MENJJU POTREBE SE MENJAJU, OKOLINA SE MENJA ALI VOZ I DALJE IDE.
ZIVOT E VOZ A NE ZELEZNICKA STANICA.........
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дали тоа бре сериозно пастирот се закани со ликвидации на раја??? :eek::eek::eek:
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во контекст на дешавањата преку призма на смртта, која често е сосема анонимна, посебно во тивката класна војна која трае одамна и продолжува со несмален интензитет.

Денес после пад од скеле се упокоил градежен работник.
Тој е само еден од армијата мртви кои го губат животот на работно место поради лоши услови за работа, немање заштита, премореност, пад на концентрација...
Не знам дали постојат статистики но едно е сигурно, од 1991 наваму сигурно се работи за страшна бројка. Еден лик шпекулираше со стотина случаи годишно, не знам колку е точно - тоа би биле околу 2.500 мртви од независноста на држаата.
Бројот на трудови инвалиди е драматично поголем.

Тие особи не се во служба на режими, не претепуваат и убиваат деца по улици, градат згради и куќи кои ќе бидат нечии домови, канализации и водоводи, инсталации и сето она кое го прави животот поудобен.

Но и покрај тоа, тие се страшно анонимни, нивната смрт не постои, се регистрира со два реда на 23 страна на весник во најдобар случај, нема индивидуализација на жртвите, нема ништо, никаде, никој не ги есапи.
Нема почесна стрелба, нема тв-камери, нема изјави на породица и пријатели.
Нема ништо.

И така тивката војна подолжува и јаде човечко месо и меле човечки судбини.
Од мобилниот кој е во нашите раце поради смртта на милиони во Конго до типот кој бил затрупан во вашиот град копајќи за да се намести водовод, бескраен низ на тажни судбини и бескраен низ на раја која својата анонимност од овој ја пренесува на оној свет...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Saladin

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ме изненадува бројката на ново зачленети на форумов
секој ден по 2-3 нови=)