Серии - Општи дискусии

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Shameless (американската верзија бар таа јас ја гледав)

Ја изгледав првата сезона и можам да дадам од моја страна само пофални зборови.Мислев дека ќе биде само хумор но во него има и добро вметнати вистински ситуации од секојдневниот живот.
Татко пијаница со 5-6 деца за кои повеќе се грижи најстарата ќерка Фиона (многу убаво ми глуми девојката секоја чест) татково вечно се труди со превара да дојде до некоја пара (најчесто со пензија од мртва баба,повреда на работа) :)
Препорачувам во секој случај.
th

Закон серија, една од најдобрите ever. Јас ја пратам редовно, пред месец-два започнаа со 5та сезона... верувај не опаѓа серијава ни на момент!
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Закон серија, една од најдобрите ever. Јас ја пратам редовно, пред месец-два започнаа со 5та сезона... верувај не опаѓа серијава ни на момент!
Ја немам гледано само првата епизода и не знам дали е тука клучниот момент што не дознав чие е малото црнче (дека нели имаше една епизода кога Моника ќе дојде со нејзината партнерка (Боб :eek) и ќе го бараат да го земат под нивно старателство)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ја немам гледано само првата епизода и не знам дали е тука клучниот момент што не дознав чие е малото црнче (дека нели имаше една епизода кога Моника ќе дојде со нејзината партнерка (Боб :eek) и ќе го бараат да го земат под нивно старателство)

Па јас колку што сфатив, тоа е на Моника. Само не се сеќавам дали спомнаа кој е таткото, но нели, логично не е Френк. Всушност, не се сеќавам ни дека спомнаа дека е и на Моника, но бидејќи другиве го викаат брат и го чуваат, значи на Моника е, т.е. нивен полу-брат е. Еј многу откачена серија, што се се исподешава во овие 5 сезони, ехеееее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Па јас колку што сфатив, тоа е на Моника. Само не се сеќавам дали спомнаа кој е таткото, но нели, логично не е Френк. Всушност, не се сеќавам ни дека спомнаа дека е и на Моника, но бидејќи другиве го викаат брат и го чуваат, значи на Моника е, т.е. нивен полу-брат е. Еј многу откачена серија, што се се исподешава во овие 5 сезони, ехеееее.
Френк е интересен негативец кој не можам да го мразам дури и кога чека да умре болната од срце да и ја земе пензијата :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Togetherness

Отвори ја прикачената датотека 23491

Станува збор за еден брачен пар кој има мала ќеркичка и бебенце и се наоѓа во таа фаза од животот и бракот каде што романсата, но не и љубовта, е речиси згасната и постојано бараат начин како да воведат возбуда во животот. Кај нив во истата вечер доаѓаат повремено да живеат сестрата на жената од парот, која е немажена жена во потрага по партнер, и најдобриот другар на мажот од парот, кој цели кон станување успешен и познат глумец. Секој со свој индивидуален проблем наоѓа подршка и утеха во постојаното меѓусебно дружење. Многу интересна серија, иако не сум во таа фаза во животот, сепак делумно можам на моменти да се пронајдам и да ги сфатам главните ликови. Доста ведра серија со дискретни комични моменти.

Трејлер.
Изгледав 4 епизоди и ми се допадна многу.Можеби ми пречи што не е по еден саат една епизода како Шемлес.Убаво напишано погоре баш тоа е тоа,рутината и долгото заедничко живеење ја губи страста кои ја имале на почеток...си ги знаат сите потези како што кажа Мелани,дури и моментот кога ќе ја баци за врат и кога ќе и го намести јастукот под глава за време на сексот.
Штета што има толку малку епизоди излезени па ќе треба да се гледаат на паузи.
Инсенити воркаутот на Шон Т ми беше најак.:igra
giphy.gif
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред некој ден симнав една серија The Americans се вика, бев многу скетпичен ама сум пријатно изненаден.
Се работи за фамилија слипери/тајни агенти на КГБ од оние најелитните кои ги имало на запад за време на студената војна, сосема леџит живот и сосема леџит двоен живот. Елитни бидејќи не се работи за агенти кои станале такви силом прилика туку се спремани за такви од деца и со лажни идентитети населени на запад, во случајов во САД и делуваат како типична убер-америчка фамилија... тајноста е левел што ниту КГБ не знае за нив, освен топ фаците таму...

Добра глума и одлично доловена атмосфера.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Wayward Pines
Ја најавуваа на FoxLife некое време, ме заинтригира трејлерот...
Па ајде и дојде и нејзе редот да седнам да видам за што се работи...
Почетокот многу ветува, интересен вовед, изненадувања, мистерија пред се’, неразјаснети работи...
По малку сф (иако не обожавам), ама ми го задржа вниманието...барем засега...