Дај му власт - ќе му слушнеш глас

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Оваа изрека сте ја слушнале милион пати,исто како и -кога ќе седне на фотеља,после несака да стане-и многу др.слични изреки.Зашто моќта и власта го расипуваат човекот?Постои ли некое психолошко објаснување за овој феномен?Дали власта и моќта се како дрога,па кога ќе се навлечеш на нив неможеш потоа да се откажеш,ти ја пореметува свеста,се губи реалноста?За оваа тема ме поттикна едно големо разочарување од една особа,која седна на фотеља и доби моќ,но толку се промени во карактерот и однесувањето кон мене и кон другите негови (сега поранешни)пријатели,што ме натера да се запрашам како може толку да се трансформира човек,зарем заборава дека денес е на власт ама утре пак ќе се врати каде што беше?
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Егото е виновно. Никогаш не се задоволува. Колку повеќе го храниш, толку повеке бара.
До тоа доведува кога човекот не ги познава вистинските вредности кои водат кон среќата и ги заменува со вредности кои водат до моментални задоволства. И тој самиот пати поради тоа, ама додека му летаат пеперутките не чувствува, кога ке престанат ке ја почувствува последицата од своето однесување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јајцето или кокошката, дали позицијата ги квари луѓето или за да се успее во тој болен систем мора да се има соодветен карактер, во политика многу ретко влегува нормална раја, тоа се обично социо и психопати кои си го наоѓаат местото во светот во склад со својата паразитска природа, тоа што некој бил фин или се однесувал ок не значи ништо, и Тед Банди имал беспрекорни манири а Хитлер ги сакал животинките и јадел стриктно вегетаријанска храна и лапал амфетамини...
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
....или во две реченици,,кад се сељо погосподи,,човек доаѓа во ситуација кога ја заборава својата моментална вредност кога ќе добие повисок чин на работното место или било каде.Тогаш го губи секој вид на чувствио и толеранција и оди со глава во зид.Ваквите луге не многу се задржуваат на тие позиции!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Имањето на можност да направи повеќе од тоа што го имал порано, веројатно го открива животинското во човекот да прави работи кои не ги правел порано. Не дека за сите важи тоа, но самата функција прави да е така, кој се занимавал со политика знае дека е така. А иако мислиме дека на политичарите им е лесно, не е така, постојат одговорности за се и сешто, секој потпис, секој потег може да доведе несакајќи до криминал, освета, политичко оцрнување итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Имањето на можност да направи повеќе од тоа што го имал порано, веројатно го открива животинското во човекот да прави работи кои не ги правел порано. Не дека за сите важи тоа, но самата функција прави да е така, кој се занимавал со политика знае дека е така. А иако мислиме дека на политичарите им е лесно, не е така, постојат одговорности за се и сешто, секој потпис, секој потег може да доведе несакајќи до криминал, освета, политичко оцрнување итн.
Секој потпис и секој потег на наш политичар може да доведе до полнење на неговиот џеб.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ќе се земам самата за пример.
Добив нова работа,во која да речеме сум на повисока функција него останатите.Долго размислував дали да прифатам или не,кои се добри и лоши страни на сето тоа итн..
Првото нешто кое си го ветив себе си кога се согласив да ја прифатам работата е беше да останам приземна.
Во секој поглед.Било со луѓето од мојот тим,било со блиските и останатите.Нормално новата работа ми е храна за егото.Ми ја зголеми самодовербата за 60%.
Тоа беше некоја моја лична победа.Сосем друга приказна која не припаѓа овде.
Морам да признаам дека ми е секојдневен предизвик за кој сум свесна дека во некои ситуации малку фали да би ја искористила функцијата да би се поставила над останатите.Внимателна сум.
Предизвик ми е да створам одредена дистанца,меѓусебен респект,а воедно и опуштена "пријателска" атмосфера со луѓето со кои работам.
Понекогаш не се луѓето кои ја добиле таа одредена позиција оние што се менуваат туку останатите кои воопшто не се свесни за своите постапки.
Колешките со кои пред да го добијам тоа работно место секојдневно пиев кафе и правев пауза беа тие кои почнаа да ме игнорираат,да ме гледаат во стилот на"ти не си ништо подобро",
да ми префрлаат итн,иако ништо од моето однесување не се промени.Чинам многу од нив беа љубоморни(помалку или повеќе).Некои пак кои ме избегаваа или немав никаков моабет доаѓаат и ме поздравуваат правејќи ми бош моабети како да сме израснале заедно.
А јас сум истата.Каква бев пред тоа така и сега,затоа што како што наведов горе внимавам на тоа.Битно ми е,затоа што
денес имам некоја титула, утре може да завршам како чистачка,питач.Ништо не е константно.Тоа е животот.
Скромноста е битен дел од карактерот.Барем за мене така.
Тие што се дигаат заради својата функција,мислат дека се нешто подобро пд другите се лажат себе ги лажат и другите.Сељаци луѓе.Со големо Љ.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Па да, треба одговорност иначе парите може да завршат во друг џеб. :)
Изгледа смешно, се согласувам дека се лопурди, ама во таа работа треба многу претпазливост, лесно е вака пред тастатура :)