Моментално читам...

alekoh

Нов член
31 декември 2014
6
4
3
Париска опција - Роберт Ладлам
Се работи за трилер поврзан со технологија. Бо потрага по брилијантен научник кој наводно создал некаков молркуларен компјутер. Сеуште сум на почеток :)
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Крадци и проститутки- Рута Шепетис во издание на Сакам Книги.
Се работи за Втората светска војна, со фокус на политиката на Сталин да ги иселува во Сибир луѓето од териториите на Естонија, Летонија и Литванија. Приказна за судбината на едно добро-ситуирано литванско семејство. Навистина тажна книга, но книга која открива многу работи.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Самарканд - Амин Малуф
Интересна историска фикција поделена на два дела, првиот за животот и делото на Омар Хајам, познат математичар и еден од главните научници во Арапскиот век во 11тиот век. Интересно е што во таа сторија, писателот пробува да навлече доста историски факти, посебно за формирање на Асасинскиот одред кој реално и постоел во тоа време. Поентата на книгата е сите тие факти да бидат лесно соџвакливи за пошироката публика, иако не се сомневам во поголемиот дел на нивната веродостојност. Иако типот (инаку католик од Бејрут), пишува малку пристрасно за арапскиот свет (што е очекувано), сепак сметам дека се труди што повеќе да ја опфати реалната слика на истиот тој свет кој блескал во тој средовековен период, за разлика од европскиот кој дури во почетокот на 14ти век почнал да ги бере плодовите.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Пиреј- Петре М. Андреески
За во училиште ми е, преска ја почнав, лесна е за читање за разлика од другите што ни беа.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
"Заточеник на небото"- Карло Руиз Зафон
Ми ја препорачаа, па се надевам ќе ми се допадне. Прва книга ми е од Зафон... Долго време го одложував читањето на неговите книги, ама времето дојде.
Се работи за татко, син и нивни пријател кои ја водат книжарницата "Семпере и синовите" во Барселона. Во книжарницата доаѓа човек кој ја купува најскапата книга и ја посветува на еден човек. Случајно или не, тоа е името на Фермин Ромеро...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
"Заточеник на небото"- Карло Руиз Зафон
Ми ја препорачаа, па се надевам ќе ми се допадне. Прва книга ми е од Зафон... Долго време го одложував читањето на неговите книги, ама времето дојде.
Се работи за татко, син и нивни пријател кои ја водат книжарницата "Семпере и синовите" во Барселона. Во книжарницата доаѓа човек кој ја купува најскапата книга и ја посветува на еден човек. Случајно или не, тоа е името на Фермин Ромеро...
„Не го сквернави неговото име напразно, туку земи почни од Сенка на Ветрот“
Евангелие по Санчо 10:15
:zelen
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
„Не го сквернави неговото име напразно, туку земи почни од Сенка на Ветрот“
Евангелие по Санчо 10:15
:zelen
По грешка ја зедов оваа од библиотека, и кога си дојдов дома-(facepalm). Ама после си реков: па книга e, ќе ја прочитам и оваа и останатите.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
"Ловец на души"- Донато Каризи во издание на Матица.
Трилер во кој се испреплетуваат судбините на фотографот- форензичар, Сандра, и талентираниот Маркус кој е дел од полицијата. Сето тоа се случува кога Маркус е во потрага по киднапираната девојка низ Рим. Претходните жртви на киднапирачот на девојката ги убивал за ништо- или барем така заклучува Маркус. А, дали сепак има нешто?
Но, сепак мора да има нешто што е идентично во сите убиства. Бидејќи сите убиства на ист сторител имаат една иста точка. Еден ист детал.