Какви мисли-таков живот

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
31
Јас баш изречицава не ја поштувам. Какви мисли, таков живот. Е ајде сеа нека земе некој бескучник нека си замисли дека е милјардер, дали тоа би му помогнало да не смрзнува надвор зимен период? - Не. Што значи мислите во денешницава, воопшто не играат улога и тие што студираат Психологија, колку и да ја студираат,ако нешто не им чини, паѓаат во депресии.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Јас баш изречицава не ја поштувам. Какви мисли, таков живот. Е ајде сеа нека земе некој бескучник нека си замисли дека е милјардер, дали тоа би му помогнало да не смрзнува надвор зимен период? - Не. Што значи мислите во денешницава, воопшто не играат улога и тие што студираат Психологија, колку и да ја студираат,ако нешто не им чини, паѓаат во депресии.

Секој ја прифаќа сегашноста, но треба да има некој мотив кој ќе не води напред тоа е позитивното размислување. Не фантазирање и да чекаш од горе да падне, ами цел, визија и најбитно напорна работа за ако сакаш да ја смениш моменталната ситуација. Ние не збориме за бездомник кој сонува да стане милионер, тоа е фантазија, но ти гарантирам дека може да ја промени секој човек својата иднина и пак ќе кажам за тоа треба напорна работа и многу ризик. Ништо не станува преку ноќ, а затоа премногу луѓе се откажуваат веднаш зошто не го гледат одма резултатот.
Секој човек и што е богат и материјално или духовно па и двете, има свои падови во животот, па бил и ги прочитал сите книги и животното искуство кое го носи.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Неделава заради низа околности избрав негативни мисли и привлекував негативни работи... Денес е денот да им кажам стоп на нив,да си извинам себе си што си вршев психичка тортура. Јами денес ги става повторно розовите наочари. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Мислам дека со негативните мисли не си правела психичка тортура,напротив тоа ти си го припремила умот и телото дека може да има и нешто непосакувано за да можеш сето тоа да го прифатиш полесно,да не биде шок за организмот.Позитивното мислење ни дава енегија и сила за опстанок во овој суров и непредвидлив свет на живеење а негативните мисли ни се да знаеме што се може да се случи и да бидеме просто кажано на готовс за борба.Само реално гледање без никакви наочари оти невољата вреба на секој чекор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28

Јас моите розови наочари одамна ги извадив :D башка не ми стоеа добро.Инаку како што ти кажала @diva orhideja,некогаш негативниот став кон нештата ги челичи луѓето. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Мислам дека со негативните мисли не си правела психичка тортура,напротив тоа ти си го припремила умот и телото дека може да има и нешто непосакувано за да можеш сето тоа да го прифатиш полесно,да не биде шок за организмот.Позитивното мислење ни дава енегија и сила за опстанок во овој суров и непредвидлив свет на живеење а негативните мисли ни се да знаеме што се може да се случи и да бидеме просто кажано на готовс за борба.Само реално гледање без никакви наочари оти невољата вреба на секој чекор.
Не се согласувам,јас се потресував и нервирав за работи кои не требаше.Но,сепак "месечната работа" си ја одигра својата улога како кај повеќето девојки така и кај мене.
Но,сакам да кажам кога ги нижам негативните мисли,се појавуваат и страв и негативни дела. Со позитивните поинаку е.Многу подобро се функционира,не е бегање од реалност,туку едноставно посакување на убави работи,оптимизам,надеж,помалку стрес...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не се согласувам,јас се потресував и нервирав за работи кои не требаше.Но,сепак "месечната работа" си ја одигра својата улога како кај повеќето девојки така и кај мене.
Но,сакам да кажам кога ги нижам негативните мисли,се појавуваат и страв и негативни дела. Со позитивните поинаку е.Многу подобро се функционира,не е бегање од реалност,туку едноставно посакување на убави работи,оптимизам,надеж,помалку стрес...
Да не ги мешаме хормоните кои знаат секој месец да ни ги измешаат "конците" и да си играат со емоциите,нема да спомнам ни карактерни особини,но човек треба да умее и со негативни и со позитивни мисли,да има "соработка"помеѓу нив.Ако незнаеш од негативното да извадиш позитивно ти нема да можеш да се носиш со недајбоже некои тешки проблеми што знаат да удрат ко гром од ведро небо.Мисли позитивно но за да имаш помалку стрес треба човек некогаш да мисли и негативно за да знае со какви последици би се соочил.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Да не ги мешаме хормоните кои знаат секој месец да ни ги измешаат "конците" и да си играат со емоциите,нема да спомнам ни карактерни особини,но човек треба да умее и со негативни и со позитивни мисли,да има "соработка"помеѓу нив.Ако незнаеш од негативното да извадиш позитивно ти нема да можеш да се носиш со недајбоже некои тешки проблеми што знаат да удрат ко гром од ведро небо.Мисли позитивно но за да имаш помалку стрес треба човек некогаш да мисли и негативно за да знае со какви последици би се соочил.
Не се разбираме изгледа.Ајде земи жали се и нервирај се за се и сешто,твојата нервоза и потресеност ќе допринесат за зголемување на стресот а тоа си повлекува низа болести. Ти мешаш баби и жаби во случајов.Животот е падни стани,сопни се,баш тие падови ни прават нови искуства и не челичат.Но,наместо да избереш да бидеш негативец да се жалиш од се и сешто,можеш да избереш да бидеш оптимист и секој ден да наоѓаш причина за насмевка,да наоѓаш причина да бидеш благодарна,да помогнеш некому да стане подобра личност или било каква помош да пружиш некому.Да знаеш и во црното да пронајдеш светла точка.Сите сме свесни за тежината на животот но таа привилегија ја нема секој.Ете тука ја гледам светлата точка.Бараме смисла на животот?Смислата е да направиме да има смисла,ние сме тие кои управуваме со нашата свест и знаење и се трудиме да ги подобриме условите во кои се наоѓаме..............ептен го усложнив но барем се надевам дека ме сфати сега.
 
Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
@JaMi ,не се работи за тоа да се нервираш за се и сешто.Мене твојот начин да го гледаш животот цело време кон позитивни ствари ми е многу парадоксален,така само стануваш слепа и не можеш да забележиш некои работи кои те гледаат во очи и полека ти копаат гроб (тука спаѓаат главно самите луѓе,како подмолни суштества) не сите,ама добар процент-да!Тука не дискутирам да те приморам нешто дека мораш да размислуваш како што правам јас,но би ми било мило ако си го смениш твојот став,еден ден ќе бидеш повредена до болка,изненадно,без никој да ти каже еј пази ова и ова ќе ти се случи ама ако ќе си истрпиш.Треба да се стремиш кон тоа некои работи кои не сакаш да ти се случат да ги предвидиш,реализираш и ако можеш да ги спречиш! ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja