Абортус: за или против?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
за како право на избор
иако не е опција која би ја избрала
 

nekoj od negde

Нов член
17 февруари 2012
5
6
3
43
Ја сум да секој има право на избор ,ама наместо да се дебатира за абортус или не и да се инстира по секоја цена да се задржи несаканото или непланираното дете треба да се прават повеке кампањи за како да се користат сретсва за заштита од бременост. Правото на избор секако паѓа на жената затоа што таа ги трпи последиците , а мажот секогаш може да избегне секаква одговорност. Двајцата се виновни секако но пследиците ѓи трпи жената затоа и таа треба да ја донесе одлуката дали ке абортира или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Slatki4ka

Полноправен Член
17 февруари 2012
60
42
18
..Јас сум против абортусот со тоа убиваш едно мало невино човече ...тоа е најубавото нешто што може да му се случи на човек секако доколу му дошол редот за стварање семејство...мегутоа за оние кои не се спремни едно им препорачувам да се заштитат...а доколку дојде до тоа несакано јас мислам дека и двајцата имат одговорност не само жената. а значи убаво им било кога го п**** а не сакат да го гледат ...абортусот е најлошото нешто што постои подоцна ке имаш последици...Затоа поука до сите Заштитете се иако и тоа не е 100% сигурно!!!!
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Јас сум ЗА. А тоа дека само девојката има право да одлучи дали ќе го роди (зборам во нормална врска а не силување или аномалии на фетусот) не бидејќи и таткото треба да има право на збор. Исто како што апсолутно не се согласувам дека девојката е крива ако остане бремена. Па таа сигурно не забременила кога мастурбирала. Или се се сведува на тоа машкото да си заврши работа па неа кој ја врти? Не е така, како што можел да има секс со неа и да ужива така и ќе се носи со последиците кои произлегуваат од тоа. Без разлика дали е тоа девојката што ја сака најмногу или некоја one night stand девојка. Лесно е од аспект на машка страна: сврши си работа и те боли таквото после за се, а неа како и е? Па таа не е најдена на улица, сепак заслужува и поддршка и секаква поткрепа а од кого ако не од тој што е директно инволвиран во тоа, во случајот потенцијалниот татко. Затоа постои заштита, затоа постојат апчиња за контрацепција, затоа постојат апчиња што се пијат 24 саати после сомнителниот настан, на крај краева затоа и треба искрено да и се каже на девојката ако посто сомнеж за направна беља. И покрај се, со оглед на времето и државата во која живееме, со едвај просечниот живот со кој се тешиме, најчесто еден просечен пар не е во состојба сами да се издржуваат со мизерните плати (ако воопшто имаат работа) а камо ли да имаат дете. Да убаво е да имаш бебе, слатко мало ќе си играш со него ќе го гњавиш, ќе ти го прави среќен секој ден од животот, ама што е со неговата иднина? Зашто да го правам ако не сум во состојба да му обезбедам соодветни услови? Не било во духот на христијанството да се абортира, епа нека дојде христијанскиот дух утре да му ги обезбеди сите потребни услови и средства за живот а знаеме дека како растат се повеќе се зголемуваат нивните потреби, пред се за образование било формално или неформално. Ако се забрани абортустот одма ќе се доведеме во ситуација кај што ќе биде забранет само на хартија, ќе се врши абортус на диво кај самопрогласени доктори или некои wanna be доктори со сомнителни дипломи (најчесто од одредени квази држави од соседството), кои ќе ги вршат тие абортуси по станови и импровизирани простории по некои села, без соодветна опрема, хигиена и дезинфекција. И зашто да имаме таква ситуација кога фино поштено може да си отиде девојката во нормална болница каде стручен кадар со соодветна опрема и услови ќе го изврши тоа?
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Двоен стандард у глобала.
Ако е од задоволство не смее да абортира, ако е од силување тогаш може.
Во вториов случај не е човек?