Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се радувам што имам можност да работам со тебе.Чудно ми беше кога видов вчера дека си шеф на мојот тим,да не ти кажувам како ми чукаше срцето и кои страшни мисли ми се вртеа низ глава..За секунда помислив на универзумот и вмешувањето на неговите прсти во приказнава,но и за секунда ја отфрлив таа мисла од себе и ставив се во случајност.
Сето она од кое бегав и го избегнував стои пред мене како задача уствари предизвик кој морам да го поминам.Некаде прочитав дека нема бегање од судбината..Колку и да сакаме да ја избегнеме и да ја промениме ако нешто треба да се случи,ќе се случи..Иако некако не сакам да ми се случиш ти..Сакам да те имам како близок пријател...Тоа го сакам од тебе.
 
Последна промена:

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Но најмногу ми недостига тоа што мислев дека си, а на тоа ни малку сличен не беше.
Ме уништи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Luckky

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Ела да се лечиме, баш како што знаеме ние самите. Да се грижиме еден за друг да помине настинкава на душава. Да помине и твојата болка , да помине се што боли и чмае ко чума. Ела душо, со тебе никоја болка нема сила, со тебе секоја мисла отстварлива е ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Зарем може некој да ме прави така целосна како што ме правиш ти?
Зарем можеш да ги смири сите мои демони со твоето присуство?
Како успеваш?
Зарем е можно да го дадам најдоброто од себе да би била во твоите,а воедно во моите очи најдобрата од сите останати во тимот?
Ми се допадна изразот на твоето лице денес кога ти го предадов листот со постигнатите цели..
И?
Постигнав..
Колку?
Колку што баравте од мене...
И тој продорен поглед со прашањето..
Тука си утре???
Тука сум.
Те чекам..до утре..
Кој внатрешен мир..Кое чувство на слобода..Која неопишлива радост..Мир,тишина,задоволство,среќа..
Целосна сум.Како да сум дошла дома.
како ништо да не фали..
Оје колку сум ужасно вљубена во тебе...
Се чувствувам како победник.Затоа што ги победив сопствените стравови.Ги победив знаеш што значи тоа?
Не знаеш.И нема да дознаеш,знам јас и доволно е.Знаев дека ти си мостот кој го барав.Оној кој ќе ме доведе до мене.Оној кој ќе ја спои илузијата претворајќи ја во реалност..Ми ја врати насмевката.Самодовербата.
Не можам да разберам како..а и не е важно.
 
Последна промена:

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Зошто да се нервирам кога знаев во што се вплеткувам. Зошто да имам непроспиени ноќи кога знаев кои демони ги криеш. Ја ко некој уметник фасциниран од уметничко дело, загледана во тебе како минеш со прстите низ косата, ја гризаш усната мислиш највкусното овошје на свет е. Ме полуде.. ме фрли на небо, ме акна од земја. Нема сум, нема звук, нема крик во мене, само торнадо останато , бура од чувства и страсти кон тебе. А дланкиве се врзани, неможам да те допрам, неможам да те впијам ни со бакнеж. Нема, нема да ми требаш вака нели? Нема да горам по тебе вака силно, нели престануваше се? Решив, ја завртев главата мислев на телевизорот, ајде можеш ти.. ех тие длланки, само да ги заринам ноктиве по тој грб.. Соземи се драга, ти можеш. Или седи гледај тв или заминувај. Ало такси ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ноќва пијам за тебе. Се обидувам да те памтам по добрите работи, иако малку се, сакам да верувам дека беше совршено. Удар по удар по удар по удар по удар.. се плашам дека моево срце нема повеќе да издржи. Сакам да си тука барем ноќва, да ти кажам некои работи кои не можам да ти ги кажам додека сум свесен. Или трезен, сеедно. Те сакам на минутка, те сакам за малкуцка. Зарем толку малкуцка не можеш да одделиш од своето време? Ајде биди фер, само малкуцка. Знаеш дека отсекогаш се задоволував со малкуцка. Дај ми причина да живеам, одамна сум мртов одвнатре. Механички јадам, механички се смеам, дури и механички спијам. Повеќе не те ни сонувам! Се плашам дека полека го заборавам твојот лик, па морам да го отворам твојот фејсбук профил за да се потсетам. А душава гори по тебе, вели дојди и земи ме со себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Luckky

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Иако постојано ти кажувам дека те сакам, сакам да знаеш дека навистина го мислам тоа.
Те сакам бејб и никогаш не е доста за вакви најубави зборови. (hug)(hug)(hug)
(фала за возвратената љубов (inlove))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and violetmoon

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Срекна сум, конечно сум срекна, но постоjaт моменти кога нотите го довикуваат твоето име, кога спомените корнат како надоjдена река после пролетен дожд и тогаш сфакам дека спомените од детството тешко избледнуваат!