- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,018
- 1,683
Темава можеби е малку рендом, но се надевам дека има членови кои исто така го сакаат дизајнот на предметите, како мене. Едноставно, обожавам чаши, шољи, прибор за јадење, чинии, разни садови за храна... Во оваа тема споделуваме и дискутираме околу дизајнот на ваквите предмети.
Овие шољи се направени од кората од црешово дрво, според традиционалната техника која започнала пред повеќе од 200 години во префектурата Акита во северна Јапонија. Занаетчијата ја полира внатрешната страна на кората, повторно и повторно, се додека не го постогне сјајот на овие шољи. Затоа што кората обезбедува природен изолатор од влажност, овие шољи станале многу популарни во Јапонија.
The Birdie Carafe Set by Boris - сет од 2 чаши и бокал. Нерамната основа на чашите, прави тие да се нишаат на површината. Сетот е изработен од прекрасно борсиликатно стакло кое е посилно од конвенционалното стакло. Овој сет може да се користи и за студени пијалоци како вино и вода, но и за топли пијалоци, на пример чај.
Грицките и закуските изгледаат многу попримамливо кога се сервирани во ваков шик дрвен сад освежен со ведра боја. Инспирирани од егзотичниот град Џајпур, овој модерен сад за послужување храна е изработен од багремово дрво. Ваква издржлива, шарена дрвена изработка, може да се види и во дизајнирањето на мебел кај античките Египќани.
Чашичка за шотови во форма на череп.
Овој темен и мистериозен сет вклучува 2 чаши со замаглена јагленеста сива боја и 6 исполирани коцки од талк. Коцките го одржуваат пијалокот студен без да го разредат како што прават обичните коцки мраз. Чашите можат да се стават во машина за перење садови, а коцките треба само да се исплакнат и осушат пред да се вратат назад во замрзнувачот.
Сет од 5 садови за мерење наредени во форма на круша.
Станува збор за мала полица рачно изработена во западна Монтана од ореово дрво на кое можат да се прикачат 7 епрувети затворени со тапа. Оваа едноставна и уникатна полица за зачини заштетува простор и, исто така, служи како декорација за различни зачини.
Даска за пица изработена од јаворово дрво, карактеристична поради отсечените букви PIZZA.
Стаклени шишиња со рачно испишани зборови и весели фрази. Првенствено наменети за млечни произоди, млеко и јогурт, но секако можат да се користат и за останати работи, како чај или сок.
Постирајте интересни и убави дизајни од предмети поврзани со кујна и складирање на храна и пијалок. Може да постирате и свои предмети, зошто ви се допаѓаат, од каде ви се, итн.

Последна промена: