Сакам да кажам/Сакам да прашам

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
СДК после повеќе месечно отсуство, повторно на форумов и... дежа ву. Нотификации од стотина непрочитани мислења, сепак нешто се променило, порано се фалев со скриншот ама во меѓувреме мислам дека созреав барем за нешто. Прво нешто што го правам, отворање на темава и читање на триесетина непрочитани страници. Повторно губење желба за останување на форумов. Не знам можеби до мене е. Обично следеше и цитатот „не знам што ме натера да се вратам“, овој пат и тоа е променето. Ја знам причината и ќе се задржам уште малку на подфорумите филмови и серии, мојата некогашна страст и пасија. Денес немам време ни за филм. Барем во тоа сам се убедувам. Најмногу ме плашат зборовите на другарка ми: „Секоја вечер седиш до 5 сабајле и ти си немал време за добар филм“. Па еве и оваа вечер, се лажам себе си дека денес направив нешто продуктивно, а се знам себе си многу убаво. Доаѓам до заклучокот дека се уште сум тој детинестиот. Никогаш нема да се променам. Никогаш нема да созреам...
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Во „Личен Дневник“ пред една година.
Сигурен си за темата и периодот?
Во принцип не се брише ништо перманенто и може да се врати, меѓутоа не успеав да најдам избришано твое мислење во таа тема.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Сигурен си за темата и периодот?
Во принцип не се брише ништо перманенто и може да се врати, меѓутоа не успеав да најдам избришано твое мислење во таа тема.
Не успеа да најдеш затоа што го вратија мислењето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Едно (сериозно) прашање до модераториве и админов .. како темата за менување на грбот не е ПОЛИТИЧКА ? Ај .. ако толку не е објаснете ми детално зошто не е. Ја пријавив со објаснување, но гледам никој ништо не превзема.

Според мене не е политичка бидејќи не збориме за грбот од политички аспект, туку од естетски (дали ти се допаѓа или не) и евентуално, историски.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Едно (сериозно) прашање до модераториве и админов .. како темата за менување на грбот не е ПОЛИТИЧКА ? Ај .. ако толку не е објаснете ми детално зошто не е. Ја пријавив со објаснување, но гледам никој ништо не превзема.
И темата за пензионерите има политичка позадина. Исто и темата за кирилица. Конкурс за џандар, исто можам да ти најдам политика. Се додека нема тука форумџии кои ќе се препукуваат зашто плавите се подобри од црвените, ќе биде добро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and ipopovski

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Аха, епа ајде тогаш, ќе чекаме да почнат да се караат неколку членови па после, еј ова политика е, ај бриши оти ќе се караат, а другите политички нека стојат. Битно политика е ЗАБРАНЕТА тука. Забранета my аss.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Аха, епа ајде тогаш, ќе чекаме да почнат да се караат неколку членови па после, еј ова политика е, ај бриши оти ќе се караат, а другите политички нека стојат. Битно политика е ЗАБРАНЕТА тука. Забранета my аss.
4. Иако основниот принцип на форумот е да се дозволи слободно искажување на ставови, сепак „Црнобело форум“ нема да толерира политички теми и ставови кои директно или индиректно значат негирање на македонската нација, јазик и самобитност.
Што не значи дека е забрането, туку дека нема да се толерира ако некој дојде и почне ко Грцине и Бугарине низ навреди да ни кажува кои сме и што сме.
А политиката ко политика не може да се избегне пошто е составен дел од секојдневниве случувања, дали тоа ќе е со фискалните и становите, субвенции за земјоделците, екстерното за студенти, итн.
Дури не премине во lion beats rose beats thunder beats eagle, океј си е. :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Y1K991

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не ми се верува како на секој начин се омалуважува значењето на зборот студент.
Кога некој не можеш да го побиеш со факти, аргументи, елоквентност во искажување на став почнуваш со навреди и понижувања - што искрено значат апсолутно ништо. Бидејќи на секоја навреда искажана од „горе“ студентите одговорија со креативност и професионализам што го немаат оние што треба да го имаат.
На отворениот повик од министерот за разговор со нив, тие одговорија со барање за таков разговор - тој ги одби.
На манипулацијата со зборови тие одговорија со факти и аргументи извадени од уставот.
Искрено, сум горд што гледам какво движење создадоа студентите и утре со задоволство ќе одговорам на повикот на солидарност со свое присуство таму низ редовите.