Треперење (играње) на око

natnat

Нов член
23 август 2014
18
2
3
32
Дали на некој од вас висе има ова случувано кои се вашите искуства со тоа што некаде има пишано кое око е за убаво кое за лошо
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас под ова подразбирам, треперење на нерв на капакот од окото. Ако мислиш на тоа, мене постојано ми се случува, обично секој ден по месец-два, па ќе исчезне, па за некој месец пак започнува... и така. Некогаш ми се случува и погоре, на веѓата. Некогаш помеѓу окото и носот, односно каде што започнува носот. Искрено, не знам што е работата, но понекогаш се плашам да не е нешто сериозно поврзано со нервите околу очите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

natnat

Нов член
23 август 2014
18
2
3
32
И мене почесто некои викаат дасе пијало магнезиум шумливи таблети а по бабини суњверија едното било лошо едното арно но кога некогаш кесе изнервирам многу одма по ден два почнува едно па можеби и од стрес да е нерви
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Има многу причини зошто тоа се случува.
Прво може да ти биде од замор, од долго гледање во тв,книга, моб, монитор и слично. Кога се концентрираш без да трепнеш на некоја работа се заморуваат очите и може преку играње на нервот тоа да се презентира.
Второ може да биде проблем со видот а да не носиш наочари. Можно е да ти е потребно диоптрија.
Трето може да биде прелада од промаја и се случува да игра нервот околу очите, капакот, одоздола под окото , веѓата ... Пази затоа што може пареза да се добие од промаја и тоа споро се лекува...Едно од сигналите е мрдање на нервот околу окото , образот и устата.
А народски викаат ако ти игра десното среќа ако игра левото несреќа...ама не се замарај толку со ова, иди си на лекар ако ти се случува подолго време.
позз
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Играње на окото: причина е хормонот на стресот
Капакот или мускулите на аглите од очите ќе почнат да треперат, а понекогаш и да чувствувате мало чешање. Станува збор за фасцикулација - брзо треперење на мускулните влакна.

Важна улога во оваа појава игра и хормонот на стресот, адреналинот, кој ги иритира малите мускули. Причината често е ненаспаноста и преголемиот стрес во секојдневниот живот.

Што да се превземе? Ви треба повеќе мир. Дозволете си повеќе паузи, спиење од најмалку седум часа на ден. Повеќе пешачење, по можност во вечерните часови. Ова ќе ве релаксира и ќе ја спречи секрецијата на стресниот хормон.
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Ми се има случувано, често и ми иде на нерви. А ај тоа него коа ќе и кажам на мајка ми, добивам одговор(старински) ааа ќерко не се кажува тоа, и замислете, откритие на векот, окото не се издава зошто тоа не те издавало кога гледаш некој дечко. Епа ај да го мижам ако не. Боже господе.
Не знам зошто се случува тоа, не ми текнало да седнам и да простудирам малце.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ми се има случувано, често и ми иде на нерви. А ај тоа него коа ќе и кажам на мајка ми, добивам одговор(старински) ааа ќерко не се кажува тоа, и замислете, откритие на векот, окото не се издава зошто тоа не те издавало кога гледаш некој дечко. Епа ај да го мижам ако не. Боже господе.
Не знам зошто се случува тоа, не ми текнало да седнам и да простудирам малце.
хаха и јас истиот одговор го добив од мајка ми.
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Мене ми имаат кажано ако ти трепери окото ќе се случи нешто лошо, и 3 пати треба да чукнеме во дрво:giggle
Бабини деветинни...