Забрана за анонимност на нет

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Наскоро во Кина ке се донесе закон според кој сите форумаши,блогери,сите оние кои оставаат коментари по разни сајтови, ќе мораат да излезат ад анонимноста,и да пишуваат под свое лично име и презиме.Тоа значи дека цел интернет ќе биде ФБ,сите ќе мораме да се прениковаме во нашите вистински имиња и да ставиме наша лична слика наместо аватар.Мислам дека форумот би згаснал.Анонимноста за мене е светиња.Што ке се случи на пр.со темите за психологија,секс....На пр.јас имам некој психички проблем и сакам да го споделам со вас или да побарам помош,совет,зашто мора секој да чита за моите трауми,и јавно сама да се жигосувам?Овој закон му доаѓа како укинување на законот за тајно гласање.Што мислите вие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Proton

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
секој има право на анонимност
глупо би било ако е како на фб
ќе бидеме затворени и ќе продолжиме да се правиме
онакви какви што не сме
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Види вака, анонимност на интернет е многу тешко да одржуваш. Ако некој се заинтересира за тебе и има доволно вештина, може за пола саат да дознае која си ти. Ако има налог да дознае кој ги пишува постовите под псевдонимот diva orhideja на форумов, одма ќе дознаат која си. Да држиш целосна анонимност на интернет е скоро невозможно и убер тешко.
Друго, во Кина интернетот е засебна прича. Кинезите немаат фејсбук, твитер и многу такви сајтови и имаат алтернативи кои што се користат само кај нив. Интернетот кај нив е делумно отсечен од светот и функционира ко делумно засебна мрежа на нивна територија. Со откривање на анонимноста на социјалните мрежи (на кои има само кинези) има и предности и маани. Ете маана е дека се губи опуштеноста, се губи можноста да прашаш нешто интимно без утре да те покажат со прст на улица и сл., ама од друга страна се намалуваат понижувања, навреди, закани и сл.
 
И во Русија има некои ограничувања за блогери и за анонимноста на интернет.Незнам навистина зошто на форум би биле потребни лични податоци.Анонимноста е вистината кај форумџиите,да пишат што мислат без "кочници".Во право си дека ако некој сака да открие која сум,има механизми и опции,но ние веке и во старт сме мета за читање и на нерегистрирани особи.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не заборавајте дека Кина и покрај `шминката` а авторитарна земја со еднопартиски систем и со фаерволиран нет. Почнала раја да мрчи против власта и нормално, автократскиот режим мора да интервенира. Има начини да се запази анонимност на нет а за да се контролираат сто и кусур милиони корисници е потребна кодош-мрежа со мноооооооогу вработени, нешто што не можат да си го дозволат па сметаат дека ова е начин да задржат контрола. Ова не е ништо, за неколку години кога кинескиот меур ќе почне да издишува ќе почнат со полнење на старите добри гулази и ликвидации на раја...

Русија не е нешто поразлична, истите се на власт од распадот на бившата им држава 20+ години, апсат и убиваат новинари на големо, укинување на нет-анонимноста е природно продолжение на клептократската авторитарност.
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Абе кој ќе ја забрани оваа багра да биде анонимна? Да не одат од профил до профил па да не шпиунираат? - Никад!
 
Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Сметам дека анонимноста треба да биде сечие право.
Баш и не ми е јасно како ќе успеат да ги исконтролираат толку народ и да ги натераат сите да се претставуваат според вистиксиот идентитет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Анонимноста е вистината кај форумџиите,да пишат што мислат без "кочници".Во право си дека ако некој сака да открие која сум,има механизми и опции,но ние веке и во старт сме мета за читање и на нерегистрирани особи.
Анонимноста? Кога изразувам ставови, сакам да ги читаат. И ти сакаш тебе да те читаат, и други форумџии.
Без кочници? Дали тоа значи дека во живо имаш друго мислење, а овде друго?
Кога сум се регистрирал, сум дозволил било кој да ме чита. Ако се плашев, ќе молчев.
***
И во Македонија има ограничувања. Сообраќајки на новинари и слично. Немојте да мислите дека сме поразлични од НРК или РФ. Или па од САД, или Чад.
Сметам дека анонимноста треба да биде сечие право.
Баш и не ми е јасно како ќе успеат да ги исконтролираат толку народ и да ги натераат сите да се претставуваат според вистиксиот идентитет.
Грција како исконтролира толку народ во Егејска Македонија? Анонимност? Анонимност е да се потпишувам со некое име, и да му карам на некој или да го навредувам јавно на интернет за нешто? Тоа не е анонимност, тоа е кукавичлук.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Анонимноста? Кога изразувам ставови, сакам да ги читаат. И ти сакаш тебе да те читаат, и други форумџии.
Без кочници? Дали тоа значи дека во живо имаш друго мислење, а овде друго?
Кога сум се регистрирал, сум дозволил било кој да ме чита. Ако се плашев, ќе молчев.
***
И во Македонија има ограничувања. Сообраќајки на новинари и слично. Немојте да мислите дека сме поразлични од НРК или РФ. Или па од САД, или Чад.

Грција како исконтролира толку народ во Егејска Македонија? Анонимност? Анонимност е да се потпишувам со некое име, и да му карам на некој или да го навредувам јавно на интернет за нешто? Тоа не е анонимност, тоа е кукавичлук.

Чудно име ова за маќедонче, Френк :D Или само никнејм е тоа?
Каква врска има анонимноста со содржината на ставовите? Дали си сигурен дека знаеш што е анонимност на нет? Како се најде егејот во муабетов?:zelen

Од РФ не сте поразлични, замисли го пастирот со 70 пати повеќе население, нафта, гас, нуклеарки и елитно КГБ образование и соодветна дворска свита и тоа ти е тоа.
А од Чад и Сад различни ќе да сте...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Чудно име ова за маќедонче, Френк :D Или само никнејм е тоа?
Каква врска има анонимноста со содржината на ставовите? Дали си сигурен дека знаеш што е анонимност на нет? Како се најде егејот во муабетов?:zelen
Од РФ не сте поразлични, замисли го пастирот со 70 пати повеќе население, нафта, гас, нуклеарки и елитно КГБ образование и соодветна дворска свита и тоа ти е тоа.
А од Чад и Сад различни ќе да сте...
И аутрајдер не че да е маќедонско....повече ми паџа да е на овие 25%. Пошо тие даваат така амерички имиња џо Бил, Џорџ, Аутизам.
Кој сака да биде анонимен, нека не пишува нешто. На крајот на светот постои правило на форумов, кое верувам ретко кој го прочитал. најверојатно само администраторот кога го пишувал.
2. „Црнобело форум“ се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица, освен во случај кога официјален државен орган со судски налог побара од сопственикот на „Црнобело форум“ IP адреса, електронска (email) адреса, или било какви други податоци кои што се достапни за некој член.
Истите правила ги имаш и таму. И таму имаш анонимуси кои зборуваат се што сакаат.
A Koj si ti moj? Marsovac!*
*Crni Gruja - S1E4 - Duplja Ljuta