Интуиција

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Верувам во интуиција и често се подпирам на истата затоа што многу ретко ме изневерува. Сметам дека разумот не може секогаш дури и при темелно анализирање да ни открие што се крие во самата суштина на нештата, ситуациите или личностите кои се околу нас. Ние искористуваме само мал дел од нашиот мозок, останатиот дел наречен како подсвест ги опфаќа поголемиот дел од информациите кои кружат околу нас, а интуицијата е само еден начин како таа подсвест ни укажува на вистинската страна на нештата. Исто така верувам и дека постои и колективна свест со која сме поврзани ние луѓето мегу себе, лугето и животните, лугето и природата итн. Нашата свест ги идентификува само оние информации со кои можеме да се идентификуваме самите себе, а најчесто и грешиме бидејки секогаш ги согледуваме само фактите или логичните нешта, додека реалноста може да биде поинаква.
Често се наоѓам во ситуации каде што непто упорно ми пречи кај некоја личност, а кога свесно размислувам нема никаква причина за тоа, а подоцна се покажува дека мојата интуиција била во право.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Интуиција-ја имам кога не ми треба,а ми доаѓа кога не е баш корисна,безвезе.
 

Lariela

Нов член
13 јули 2014
3
0
1
Гледам повеќе да се потпирам на интуицијата.Некогаш ќе занемарам некое предчувство за на крај да испадне дека сепак интуицијата била во право.
Добра работа е. :sreken
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Често ми се појавува пред излегување... Најразвиена форма на интуиција осеќам кога одам на пат... Стално осеќам кога нешто ќе се случува.
Немир!
...прво како скептицизам па после и како некоја замислена варијанта на можно непријатно случување, често и преувеличена (дефект на колата, ризик непотребен, страв, непријатна средба и сл.).
И стално здраворазумски влегувам во тоа несакајќи да изгледам како мало дете што откажува поради глупости.
И стално кога ќе се случи сум ко припремен...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Prashina

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Богами ја имам и и верувам :D
па и досега нешто многу ме нема зезнато добро ќе е ако вака продолжиме да се дружиме :)
 

Ana Krstevska

Нов член
21 август 2014
1
0
1
25
Интуицијата за мене е исто така една од мистериите во човековиот живот, затоа што се уште не е научно докажано што всушност претставува таа и на каков начин функционира. Секој човек има сопствена интуиција, но таа не е развиена кај сите подеднакво. Колку ќе се развие интуицијата кај човека, зависи од тоа колку тој човек ќе се фокусира на мислите и гласот што доаѓаат „одвнатре“. Претчувствата, понекогаш знаат да бидат изненадувачки настроени, односно можат да ја предвидат иднината или да одредат дали правилно постапуваме и се движиме по правиот пат. Јас, честопати, преку мојата интуиција распознавам добро и лошо, што доста ми помага во животот.
 

Teresa

Староседелец
15 јануари 2016
31
5
1,008
Скопје
Имам премногу силна интуиција и 95% сум во право кога се потпирам на истата. Ми се случува пречесто да предвивам како ќе се одвиваат некои работи на база на неконкретна информација. Знам да се изненадам и самата себе си. :D
Исто :D