Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Чекајќи те на старата клупа изгорев од сонцето а не понесов барем крем за сончање.
Јас те чекав на нашата клупа покрај кејот на Вардар а ти да си бил седнат на нашата клупа покрај кејот на Охридско езеро.
Се чекаме и двајцата,на погрешно време и погрешно место...Среќа што ти се јавив на телефон инаку уште ќе се чекавме...А замисли да бевме во времето кога немаше мобилни....па можеби и би умреле чекајќи на нашите стари клупи...ќути среќа.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Под светлоста на ѕвездите и полната месечина
Ноќва е создадена за љубов. Воздухот мириса на бакнежи, а морето се распослало со своето синило. Под светлоста на ѕвездите моите очи светкаат како кристални перли во секој момент кога помислувам на тебе. Те довикувам светлино, само овде и сега под светлината на полната месечина те барам. Се молам за еден миг од тоа минато кога твојот поглед играше на моето тело. Се молам за само малку среќа во ноќва која ме обвива со целата самотија. Ноќва си присутен повеќе од било која ноќ, повеќе од мојата присутност.
Не сакам да се раздени,сакам да го чувствувам секој твој здив со плисокот на брановите, сакам да постоиш ноќва, па и да ми е последна од животов. Под светлоста на ѕвездите и полната месечина сакам да исчезнам засекогаш,зашто со секое утро се помртва сум без тебе.
И сите солзи нека станат бисери со кои ќе украсуваш други убавици. Јас не можев да живеам без тебе, не знаев како се живее, не ме научи како се чекори без твојата светлина. Јас сум само сенка која оди по мислите за твоето постоење. Прости ми што те љубев и тогаш кога знаев дека не ме љубиш, и тогаш кога друга љубиш, јас со целото битие те посакувам. Прости ми и за оваа ноќ кога под полната месечина те љубам тивко во солзи. Ти никогаш не сакаше да те љубам, а јас секогаш те љубам вон човечки, како божество. А јас сум само свеќа која со секој ден согорува пред олтарот на нашето минато.
Ноќва го молам небото, сите ѕвезди и оваа сребрена топка за миг да ме понесат до твоите стoпала да заспијам засекогаш. Ноќва е создадена за љубов и умирање.
 
Последна промена:

Inna93

Нов член
14 јули 2014
8
10
3
Veles
Под светлоста на ѕвездите и полната месечина
Ноќва е толку тивка и мирна, дури можам да ги дослушнам и врапчињата на дрвјата како мирно спијат, нивното вдишување и издишување ...
Седам покрај отворениот стар прозорец, потпрана со главата и размислувам за тебе и твоето отсуство гледајќи ги ѕвездите заедно со полната месечина...Ах Таа полна месечина , сјае ли сјае и го осветлува моето лице , а моите солзи ги прави како да се најсветкавите и најубавите дијамантски камчиња...Ах таа жолта топка која кога ќе ја погледнеш и помислуваш дека е некој си лик со очи и уста и дека цело време ти се обидува да ти каже нешто, нешто што ти тешко го разбираш поради таа нејзина немост.. Ти зборува немо за да можеш да ја сватиш потешко, а тие ѕвезди , тие светкави бисерчиња го прават моментот да биде уште повеќе посебен во таа ноќ... Те барам - те нема, гледајќи ја месечината како ми зборува, по неа почнав и јас да зборувам немо, да ми биде полесно ноќва кога ти не си покрај мене, барем таа ми прави друштво.
И одново и одново секоја ноќ е истата приказна, Под светлоста на ѕвездите и полната месечина, јас седам сама потпрана со главата на стариот прозорец и размислувам за тебе , успат пуштајќи по некој светкав дијамант од моите очи...
(hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Photographer

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Трчаше кон ридот, сиот крвав и гнасен, со избезумен поглед и накострешено крзно.
Којзнае што направил овој пат, каде ги зарил своите заби, чие месо растргнале неговите канџи.
Потерата упорно го следеше неговиот траг, селаните одамна се сомневаа дека нешто не е во ред со Раде, дека е под власт на нечестивиот.
Раде беше мирно и примерно човече, но судбината му намени еден од оние пресврти кои никој не би ги сакал. Така еден ден враќајки се од соседното село, со малку повеќе ракија во себе - се разбуди со крвав траг на рамото. `Повторно мечките слегуваат на патот` си помисли.
Тоа беше точно дваесет и осум дена пред Раде да осамне бегајќи како животно од толпата, пробивајќи си пат низ жбуновите со помош на оштрите канџи.

Она што Раде не го знаеше беше дека и пред дваесет и осум дена имаше полна месечина...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis and MoonFairy

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Под светлоста на ѕвездите и полната месечина

Полна месечина и ѕвезди нанижани на темното небо. Љубоморам и се борам со срамежливите зраци светлина што се слеваат по твоето голо тело. Еднаш зракот светлина се залепи на твоите гради - со дланката веднаш поинатав да те спасам од канџите на светлина. Друг пат усните се бореа, па ги бакнуваа осветлените делови без престан.
Тебе не ти пречеше. Напротив. Трепереше во моите прегратки. Со секој бакнеж и секоја пенетрација се извиваше над мене, а длабоките крици што ги испушташе се впиваа во мојата душа. Уживав. Те имав. Како што никоја до тогаш не сум имал, како што никоја од тој ден до денес не ми се предала... Те имав како што се немам ни себе си.
Создававте прекрасна хармонична глетка, полната месечина испреплетена со твојата гола силуета застаната до прозорецот додека мојот поглед го скенираше милиметар по милиметар. Не издржав долго да те гледам. Веднаш поитав кон тебе. Рацете се зафатија милувајќи насекаде, усните ги залепив во твојот врат, а оној кој и во мигов реагира на помислата на тебе веќе беше длабоко во тебе.
Таа ноќ... ќе ја помнам. Верувај ми... 7 наредни реинкарнации ќе ги сонувам оваа и сличните ноќи... 7 наредни реинкарнации ќе ми се потребни за да те избришам од моето битие...
Што ми направи... како полната месечина, дојде, ме обзеде со својата магична убавина, се потпиша со усни насекаде и си замина...
Всушност, што зборувам, зошто тебе те обвинувам? Ти не си замина... мисливе те избркаа... мисливе... што упорно го замолчуваат срцево што деноноќно моли за тебе... Некогаш се наоѓам себе си како се молам, ти да го слушнеш срцето, мислите да ги изигнорираш и да дојдеш во моите прегратки повторно.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Под светлоста на ѕвездите и полната месечина

Поглед кон небесната Божественост, симетрични очи, огледала кои го рефлектират сјајот на совршено исткајаните ѕвезди на постела од црна бескрајност. Сето задоволство мора да заврши, да клекне понизно под моќта на месечината. Осветлувајќи го мојот пат кон нов пораз, разбранувајќи го твојот со ,,оправдана причина''. Изгубен во сопствен дуализам, му завидувам на твојот балансиран дух со стабилна женственост. Јас, љубител на сјајот, кој секогаш паѓа под инаетливоста на темнината, а ти, црна сила маскирана во нежност и невиност. Кој е победникот? И двајцата ќе не снема после првиот сончев зрак. Други ќе ја имаат шансата да се љубат во интимноста на ноќта, под светлоста на ѕвездите и полната месечина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Prashina