Вили и самовили

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Еден дедо пред некое време вака ми рече: "внучее, не веруваш ти а и не веруваа ни денешниве млади, то шо го кажувале постарите не се измислици, има во сето тоа вистина самовилите, сенките и такви работи постоеле уште пред човекот на земјата и че постојат. Ти сакаш верувај, сакаш не верувај мое е да ти кажам, од 10 сато навечер до 2 тие четири саати се саати на самовилите, луѓето не треба да излегуваа, да шетаа тоа време, затоа шо самовилите излегуваа под среите на кучите, покрај вода, околу тревките играа ора, пеат се шетаа, си ги нишаа децата и ако му излезиш пред пат или му ја турниш нишалката тие че ти удрат шамари и тогаш можи да ти се подсврти малку ама после од тој момент че неможиш да се концентрираш, че ти оди назад работата че те тера се на неубо че прајш работи и кој не си ги праел и то шо си го работел со леснотија че ти станува тешко и др.. под среите на кучите или било какви среи некаде или под дрво не треба да се уринира(моча) или ни случајно да се има секс оти се лутат самовилите и тогаш можи многу работи да ти се десат " јас да ви кажам не дека верувам ама има една трошка во мене шо стално ме тера да се подзамислам околу овие работи и морници ме полазуваа некогаш ко че ми текни ама светов е голем и полн со секакви работи, а и имам читано разни приказни, преданија кај шо до детал се опишуваа како се случиле некои работи со самовили и се она шо за нас е денеска е некако чудно и стално си го поставувам на крајот истото прашање што ако е сето тоа вистина ...а и по се изгледа е вистина. Сакам да видам појќе мислења на оваа тема малку морничаво ама сепак заинтересирува.
За стреите , знам дека под стреа од полноќ до пет минути после полноќ не се поминува (не се влага дома ) .
 

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Па да почнеме од лично искуство .. за време одмор сум во селото каде потекнува татко ми имамае кука која е стра точно 107 години ..бевме собрани наче семејство на тетка ми и на стрико ми и една вечер на 11 јули пред точно 5 години ..сите беа легна ти а јас спиев во ист кревет со брат ми помалиот ..бев легната со главата свтена до прозорот значи не контра него туку до него ..селово штама невидена И само се слушнаа тропоци од шекори не во куката туки надвор .. и набрзо слушнав како чука некој со тапан значи баш под нашето пенџере и како да игра некој оро и се случаа виења од брзи движење ..звуците е се што си замислував во главта е тоа дека има сигурно некој надвор и дека сигурно го слушам тапанот и дека се игра оро ..Воопшто не се преплашив ..буквално потстанав и бидејки е ниско пенџерто се навалив само колку да се уверам кој има под мене надвор ..и просто не видов самомивали за кои дотогаш имав слушнато само за звончица од Петар Пан . врска си немав што се тоа самовили едноставно не се ни замарв ..и еве како пред очи уште да ми стои глемиот кругот што беше направен во песокот што до ден денес стои под куката оти на никој не му текнува да го тргне за ѕидот што го планираат тако ми и чичко ми ..ова ви кажаувам бидејки кога станав роно изутрината прво што му прашав тато е тоа кој го исцртал кругот? он ми вика секоја година пред Петровден пред да започне вториот ден за Галичката свадба покрај дерево се собираат кафкули ( сите жени кои умреле за време на сопствената свадба, а биле зли и се мажеле само заради таткова примораност и поради тоа што биле одвоени од саканите ..тие невести пробувале да избегаат токму за вроиот ден од свадбата кога требаат да се венчаат, а најчесто бегаат после 12 на полнок и кога ке избегаат од тераса или од пенѕера на секоја невеста и се појавува убава девојка која и вели дека ке ја сокрие и ке ја однесе дирекно кај саканиот ..таа нагазувала на лист од даб и била жртва на кафкула - самовила) После ова што ми го кажа татко ми мене до ден денес ме ежи ова што го пишувам .. ми се има случено и кога ке ми се примочка после дванаесет се стискам и чекам да изгрее сонце
Инаку имам слушано од постари дека после дванаесет да не се шета со коњ, и да се пази да не се погледнува покрај некое дере и од околу бидејки ина еден работник кај нас ми има кажано дека така жена му погледнала додека била трудна ..и после утре дента го погубила а она тогаш се вракала од работа ..работела како чистачка во некоја богата христијанаска кука, а имаку они се торбеши..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and 84 sk_Y ^_-

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Секогаш се зачитувам вакви работи пред спиење..
Се верува дека самовилите ги казнувале луѓето со тешки болести. Го казнувале секој што ќе нагазел, спиел или вршел нужда на места каде што тие се капеле, јаделе, спиеле или играле,а обично нивните "собиралишта" луѓето верувале дека биле стари дрвја.
Особено опасни за здравјето на луѓето се сметале 12 дена од Божиќ до Водици, (погани лоши самовили) кога според верувањата, водата не е крстена и непознати сили - демони најмногу се движеле надвор, предизвикувајќи болести. Иначе поимот самовила има и повеќе дефиниции, со него се наречени и повеќе духовни суштества.
Јас лично не верувам, ама занимливи ми се приказните.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Тие навистина постојат. Во меморијата на секој народ. Дел од културата, фолклорот.
 

Inna93

Нов член
14 јули 2014
8
10
3
Veles
Читајки ги вашиве претходни статии во врска со самовилите, ми текна на една дешавка со еден мој многу близок другар, јас и тој не дели едно мало мовче , тој живее во куќа покрај еден поголем мост, или ние како го викаме "нов мост". Една вечер, летно време било, се прибирал од чаршија и било точно 00:00h кога пред неговата порта од куќата наеднаш се укочил целиот нозете му се парализирале буквално у тој момент и паднал на земја, ми кажуваше дека у тие 5 мин колку што бил парализиран и легнат на земја, немал ниту сила ниту глас да викне по некого, точно после 5мин од полноќ, се вратил у нормала, станал и си влегол дома..ми кажува дека бил преплашен и дека незнаел како да си ја објасни таа чудна ситуација, следниот ден ја прашал баба му (што го дели спратот со неа) што му се случило претходната вечер, баба му му кажала дека демек на некоја самовила и го нагазил јадењето и дека го казнила со тоа што му ги врзала нозете да неможе да оди додека не се дојдаде таа..
Ова кога ми го зборуваше беше точно 00:00h и бевме на мое маало пред зграда, мораше да почекаме 5мин да прекрши дванаесет а он мораше да ме испрати до дома точно пошо колку и да не веруваш, кога ќе ти кажат у никое време од ноќтта, - ќе те полазат морници...:ladno(:|