Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Не дека немам што да ти кажам , има мн работи . А зошто се осекам како да не вреди да ги знаеш? Како да нема да сменат ништо ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Ниту одразот во огледалото не е повеќе истиот.
Не е повеќе мојот, прикажува една насмеана девојка, со долга свилена коса и очи кои блескаат како во нив да е собрана сета љубов на светот.
Ме нема мене повеќе,всушност сум една девојка со извештачена насмевка на лицето која полека ги стврднува сите мускули на лицето при што добива некој напнат израз.
Во очите можеш да прочиташ само болка, косата е разбушавена како да не знаела за подобри денови.
Твојот глас во мојата глава, ножеви во моето срце..
Ти ме градеше, но и за миг ме сруши..
 
Последна промена:

Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
44
Ако постои благодарам од срце тебе ти го упатувам, за се што разбуди во мене, за се што донесе до мене(радост и тага),за насмевки и изгрејсонца видени во твоите очи. Но и за сите солзи, непроспиени ноќи, неодговорени прашања, чекања, и трескања на земја.Тоа си ти-крадец на изгубени души, усреќувач на тажни.
А јас само случаен минувач, сведок на сите твои доблести, неопеан, недопрен, и среќен и тажен во исто време, како јинг и јанг.
Јас карпа, ти оган кој се гаси во протечни води. Јас солза, ти бразда.Ти миг, јас мит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, Lena and Lady*

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Уште од првиот бакнеж ти,првиот допир ти,од тогаш ти....на тебе ти припаднав и ти припаѓам,ти кој ме воскресна и оживеа,и ти кој ќе ме вратиш во темнината помртва отколку што некогаш бев.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Почуствував радост во себе што повторно ќе те видам.
Знаев,знаев дека денес ќе биде посебен ден.И не се излажав.Случајно,ако постои случајност..очи во очи со тебе,без можност да побегнам,да го сокријам погледот.
Додека се во мене запре за миг,
мирно те пресретнав.Како да не постојат никакви чувства,никакви мисли поврзани со тебе.
Тивко,одсечно изговорено:
Добро утро...
А во мене..молк.
Како здивот да сопре..
Како срцево да не чукаше повеќе.
Како се во мене да те набљудуваше скенирајќи го секој еден детаљ на тебе.
Како душава да одмараше во твоите темни очи,неполни 5 секунди.Доволно долго,за повторно тој копнеж да се разбуди во мене.Додека те немаше,мислев...воопшто не мислев на тебе.Задоволна и среќна што е тоа така.И ете како за беља,повторно си тука..повторно на прагов од мене..
Како пее Каролина?
Во магичен круг ли ме затвораш кога блиску си?
И повторно..кој си ти?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Lady*

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Јас сум само дно, дно на море во кое ќе се огледаш. Дно после испиено шише вино .
Јас сум само далечина која погледната со твоите очи е само небитнина.
Јас сум една празнина натрупана во просторот меѓу тебе и мене која е недогледина.
Јас исчезната во хоризонтот на животот, премолчена тежина која буди тага.
Во мирисот од темјан и застоеаната влажна одаја, сон пронајден во трепет на кандило.
Ќе ги ставам твоите очи да се погледнам и да се насмевнам на себе си.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Верувај и да имав шанса да ти кажам те сакам, немаше да ти кажам.
Зборовите би се заглавиле во грлото, а јас поврторно би заплакала..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon, Y1K991 and Lena

Metalec

Полноправен Член
1 јуни 2014
36
33
18
33
Јас сакам една моја другарка но незнам како да и кажам ако и кажам страв ми е да не ја загубам но многу ја сакам.
Еднаш така напрвив и ја загубив но едвај ја излажав и ми прости незнам дали пак да и кажам старв ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Navoj

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
На крајот се ќе биде добро.
Или барем така сакам да верувам.
Затоа што не можам да помислам дека надежта веќе умрела.