Девојките и метал музиката

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Метал слушам само затоа што ми се допаѓа. Тие што слушаат метал имаат многу поразлино гледање на нештата, но не мора и да значи. Тие не се замараат со оговарање и со кој што рекол за нив, но сепак ги интересира мислењето и не сакаат да бидат погрешно сфатени. Не сакаат драми. Повеќе од нив се облечени во црно и со маици од бендови и за тоа се многу критиковани од страна на луѓе кои немаат разбирање за некој што е малку поразличен од нив. И тие што слушаат метал имаат срце и душа и знаат да сакаат не се ѓаволи. Тие не се плашат и не се срамат да го искажат своето мислење, но многу често можат и да се воздржат.
Ова е само мое мислење.

Ти не си металец.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
А јас се уште не можам да си го разјаснам поимов „металец“ и возвишувањето на истиот. Молам објаснете ми што е поразличен од еден џезер, блузер, рокер...? Освен избраниот жанр, нели на крај се сведува колку е човек, без разлика дали има долга коса и носи мартенс, или повеќе љуби карирана кошула и качкет?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Onkel and JaMi

Tumblr

Истакнат Член
21 мај 2014
8
13
103
Мене искрено ми е непријатно да сум во близина на луѓе кои мислат дека се несфатени од општеството и брилијантни во однос на другите, можеби некои навистина се, но самиот чин на себевоздигнување на база на овие работи автоматски ми дава до знаење дека некој сака со сила да биде исклучителен. Во однос на прашањето што мислам за девојките што слушаат метал музика, можам да кажам се најдобро за нив, а истото можам да го кажам и за тие што не слушаат метал, под услов да се љубезни и културни и воздржани како личности, а не нападни и патетични. Било да ревиш на песна од Сепултура и да кажуваш дека си несфатен, или да цмиздриш на песна од Кисми и да викаш дека в срце те погоди е подеднакво патетично.

Музиката е присутна да не релаксира, да ни се допаднр или не, исто така, неверојатно да влијае на нашето секојдневие, но не да биде изговор за тоа дека некој друг е помалце вреден од нас пошто не го сака истиот жанр. Други работи се релевантни, кога некој треба да покаже каква личност е.

Sent from my GT-P3110 using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Electra and Saladin

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А јас се уште не можам да си го разјаснам поимов „металец“ и возвишувањето на истиот. Молам објаснете ми што е поразличен од еден џезер, блузер, рокер...? Освен избраниот жанр, нели на крај се сведува колку е човек, без разлика дали има долга коса и носи мартенс, или повеќе љуби карирана кошула и качкет?
Од една страна до пред некое време кај нас (особено во помали места) да излезеш и да кажеш дека слушаш метал прво ќе те направат ненормален, дрогаш, секташ, ѓавол итн итн. Луѓето се делат сами и стереотипи произлезени според музиката која ја слушаат постојат, сакале вие негирајте до велигден одгодина. Исто беше и со тоа да кажеш дека слушаш рап. Луѓе што слушаат џезови и блузови во мачедонија на прсти можеш да изброиш (смут џез не спаѓа тука), но стереотипите за нив обично се дека се интелигентни луѓе и веројатно затоа никој што се декларира како џезер не прави галама како металците околу тоа.

Да бидеме искрени, сите ги делиме луѓето според некои стереотипи и им придаваме некакви карактеристики според тоа како се облечени и што музика слушаат. Тоа дека металците размислувале поразлично од другите е тапа мислење, ама дека општото мнение за поимот „металец“ е лошо е факт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Светот го гледа низ друга приказма, не размислува исто како тебе, ни како мене, има пошироки сфаќања, може да разбере се.
Животот го сфаќа лежерно, не се замара со тажење и паники, туку се соочува со работите зрело и цврсто(уште од 12 години).
Сѐ најдобро ма.... Купи си црна маичка и кожни пантолони, стај пирс на нос, истапирај ја косата.... ќе ти се смени светот.
Да, да... ако сакаш да ти се смени животот почни да слушаш метал...е сега ќе бидеш несфатен од околината ама јбг тоа ти е....:)
Не можам да разберам како може музиката да те дефинира карактерно...Таков си каков што си...Имаш сфаќања какви што имаш...тие се основани врз база на образованието, литературата што ја читаш, околината, животното искуство...а музиката е само нешто што ти е пријатно за уво и што те расположува и прави да се чувствуваш убаво...а не е нешто што те дефинира како човек...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and corki

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да, да... ако сакаш да ти се смени животот почни да слушаш метал...е сега ќе бидеш несфатен од околината ама јбг тоа ти е....:)
Не можам да разберам како може музиката да те дефинира карактерно...Таков си каков што си...Имаш сфаќања какви што имаш...тие се основани врз база на образованието, литературата што ја читаш, околината, животното искуство...а музиката е само нешто што ти е пријатно за уво и што те расположува и прави да се чувствуваш убаво...а не е нешто што те дефинира како човек...

Болдот... токму тука вметни ја и музиката. Лично, и те како музиката влијаела врз оформувањето на мене како личност и тоа каква сум денес. Веројатно на тоа мисли авторката на темата. Понекогаш се што имаш е музиката...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
незнам од каде вакво мислење за метал музиката,ама јас брате не би слушал турбофолк да ме убиеш,се разбира доколку ти слушаш! (handshake)
Како бре од каде? Секаде тоа го знаат, металци=дрогаши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Како бре од каде? Секаде тоа го знаат, металци=дрогаши.
ако мислите "секаде" низ севетот освен во македонија во ред,но не го оправдувам мислењето дека и кај нас е така.Вас како личност или карактер неможе да те дефинира некој дека си дрогаш доколку слушаш метал,мислам тоа е апсурдно да се мисли и зборува.Зарем непостојат дрогаши кои воопшто неслушаат метал туку слуша турбофолк,јас сум сведок на такви типови.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
ако мислите "секаде" низ севетот освен во македонија во ред,но не го оправдувам мислењето дека и кај нас е така.Вас како личност или карактер неможе да те дефинира некој дека си дрогаш доколку слушаш метал,мислам тоа е апсурдно да се мисли и зборува.Зарем непостојат дрогаши кои воопшто неслушаат метал туку слуша турбофолк,јас сум сведок на такви типови.
Тоа се пропаднати случаи кои не успеале да се пронајдат во металот, ама дрогата им останала аманет од тоа време.
Легендата вели дека Аца Лукас и Амадеус се металци во душа. Погледни им ја облеката, you can't get more metal than that.

За мене, металец не е оној што ги знае најголемите хитови на Metallica (имаат бе уште фанови овие, или името само им остана?), Iron Maiden, Kiss, Slayer...па што знам, тука се протнуваат и Ганси т.е. Ексл или Слеш, евентуално Даф, Скид Роу т.е. Бах, Нирвана :eek т.е. Курт, мада мора од некаде да се почне, а овие се први на удар. Не го прашавме девојчето што слуша, одма нарипавме да се докажуваме. :ladno

За да е во контекст, мислам дека подобо ќе е темава да биде „Младите и метал музиката“, има и машки што минуваат низ истиов несфатен период, ама нека, да видиме како ќе се одвива.