налетав на нешто добро во интернет просторов наш насушен. Има логика...
Еден Чироки индијанец му раскажувал на својот внук:
-Во луѓето се бие битка без престан. Борба на два волка.
Едниот е Злото - тоа е стравот, гневот, љубомората, каењето, надменоста, самосожалувањето, огорченоста, лагата, лажната гордост, и егото.
Другиот е Доброто - тоа е радоста, мирот, љубовта, надежта, ведрината, добродетелноста, сочувството, великодушноста, вистината, милоста и верата."
-И кој волк победува дедо? - прашал внукот.
Стариот индијанец му рекол:
-Оној што го храниш.