Хороскоп за свекрви

Самовила

Полноправен Член
6 април 2013
48
33
18
svekrvata.jpg

Феноменот на свекрвата како злобна жена на којашто и е „одземен“ синот, распространет е во сите култури. Секако, тој често е искарикиран но факт е дека мајките се врзани за своите синови (како што се татковците за ќерките), па оваа теорија во некоја мера е и реална. Кога две жени се наоѓаат покрај еден маж, без разлика дали се работи за сестри, мајки или сопруги, секогаш доаѓа до спротивставени ставови, а понекогаш и до големи караници. Во тој случај астрологијата дава совет кој е најдобриот начин да реагирате, имајќи го во вид астролошкиот профил на Вашата свекрва .

Свекрва Овен : Кога се приближува кон вратата на Вашиот дом се чувствувате како војник на кој му се приближува генерал. Влегува како ураган и се однесува како да не ја интересира Вашиот личен живот, но да не се лажеме- ја интересира и тоа како. Готвењето ќе биде една од целите на напад, зошто нејзиниот син „страда“ поради Вашата кујна. Таа е импулсивна и сака во се не само да учествува, туку и да газдува. Затоа е важно од самиот почеток да и се спротивставите и да го спречите овој свекрва- ураган.

Свекрва Бик : Таа се гордее со жената на нејзиното галениче, но кога најмалку се надевате ќе Ве потсети на својот тестамент; тоа значи дека нешто не и се допаднало. Можеби е по малку материјалист, но ќе Ви биде идеален финансиски советник. Манијакално бара чистота и ред. Ако сакате да ја израдувате со некој подарок- обрнете внимание на цената; нема да ја интересира колку е подарокот добар, туку колку чини. Ако пречесто и ги оставате децата на чување постои „опасност“ да Ви бидат разгалени и дебели.

Свекрва Близнаци : Ако на неа оставите добар впечаток, ќе биде како да сте добиле на лото. Тешко ќе ја разберете, зошто едно мисли, второ зборува, а трето работи. Но идеална е за чување деца зошто е многу одговорна. Има потреба да се меша во личниот живот на нејзиниот син, зошто тоа е нејзиниот примарен интерес. Но, во Вашата брачна кавга нема задолжително да застане на негова страна, не затоа што многу Ве сака, туку поради нејзиното чувство на правичност, или поради моменталното расположение.

Свекрва Рак : Таа е вистински Рак . Не е ни импулсивна, ни опасна, но во состојба е да лие крокодилски солзи за секоја ситница. Нејзините постојани промени на расположението ја прават раздразлива. Не ни пробувајте да ја лажете, многу е интуитивна и нема да успеете во тоа, а за нејзината кујна користете само изрази како: совршено, сјајно, неповторливо- за да не Ве стави на црна листа. Пречувствителна е, но се што прави- прави за да им се приближи на своите деца и на своето семејство.

Свекрва Лав : Ваква свекрва и не е баш најсреќна прилика. Во Вас гледа конкуренција па не очекувајте пофалби од неа. Важно е на самиот почеток да и покажете заби, зошто како мошне интелигентна и доминантна жена скоро сигурно ќе игра нечисти игри со Вас. Без престан ќе Ви ја проверува куќата со или без Ваше знаење зошто таа мора се да контролира. Позитивна страна е што е одличен педагог, па и покрај големата љубов према внуците- никогаш нема да ги разгали.

Свекрва Девица : Таа е многу поразумна и поедноставна од останатите кои пробуваат да се наметнат. Клуч за успех е чистотијата! Ако куќата не Ви е доволно уредна и чиста, ќе влета во неа како фурија и ќе изврши рација во чистење. Штедлива е па добро е да ја прашате за совет кога се во прашање финансиите. Од тоа ќе имате двоен профит- и финансиски, а и ќе си го подобрите односот со свекрвата .

Свекрва Вага : Ќе биде Ваша десна рака, ќе Ве поддржува и кога треба и кога не треба; секако најчесто кога не треба. Но кога настаните ќе почнат да се одвиваат неповолно- ќе одлета како пеперутка, зошто не умее да се носи со конфликти. Секогаш ќе биде добро расположена, а пензијата ќе ја троши на скапи подароци за своите внучиња.

Свекрва Шкорпија : Во овој случај среќата е важен фактор. Таа може да биде вештерка и тиранин која со поглед Ви го сече зборот и отворено Ви кажува колку не Ве сака. Не постои средина, или ќе Ве обожава или нема да може да Ве поднесе. Во обата случаи важно е да и го покажете својот став и да бидете искрени и директни, тоа навистина ќе го цени. Ако го истуркате почетокот со време ќе сфатите колку е чувствителна, внимателна и во состојба да Ве поддржи во секоја ситуација.

Свекрва Стрелец : Оваа свекрва едноставно ја нема. Потполно е отсутна. Смета дека нејзиниот син веќе не е нејзино гајле па воопшто нема да Ви се меша во животот. Покрај неа ќе се чувствувате опуштено, а бидејќи се интересира за окултизмот- ставете го кафето и поведете разговор за астрологијата, картите и гледањето во грав. Сигурно ќе ја воодушевите.

Свекрва Јарец : Се меша само во финансиите, зошто парите најмногу ја интересираат. Другото не ја интересира многу, но со задоволство спрема ручек, прави зимница, пече колачи, дури и плете. Но не оставајте и ги пречесто децата на чување зошто најверојатно ќе ги разгали поради својата чувствителност. Ако Ви притребаат пари, нејзините купчиња мали и големи Ви се на располагање, а тука е и за корисни совети- послушајте ја. Таа ништо не прави непромислено и несигурно.

Свекрва Водолија : Оваа свекрва за цел го има општото добро на светот, па нема да има време да Ви се меша во бракот. Зафатена е со членување во разноразни добротворни организации, здруженија, цркви. Ако не сте и интелектуално рамна нема толку да Ве сака, но во секој случај ќе Ве почитува. Ако и побарате помош веднаш ќе притрча. Внуците ќе ги учи да имаат свој став и да бидат независни.

Свекрва Риби : Нема да Ви излегува од дома, но не од злоба, туку има потреба да помага и да се чувствува корисна. Клучот е вешто да ја држите на дистанца, но постојано да и кажувате колку Ви е важна и корисна. Ќе и биде мило. Ова ќе Ви помогне и при нејзините чести промени на расположението, а таа ќе Ви биде навистина многу корисна и внимателна со внучињата.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
За свекрва близнаци ептен е точно...:)
 
Мојата е ЛАВ....
 
monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
хаххаха мојата е рак и исти сме зошто и јас сум рак,супер се согласуваме
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Jas sum svekrva i toa LAV no ne mi se dopadna horoskopot ama bas nisto! Zosto treba nekoj da pokazuva zabi i dr.gluposti! Sekoja osoba e razlicna i treba da se zivee sto moze podobro zaedno bez kontriranje i ogovaranje.AKO ZIVEETE PO NARODNONO "KOGA BEV SNAA JA OGOVARAV SVEKRVATA A SEGA SUM SVEKRVA PA JA OGOVARAM SNAATA" e togas i Angel da e vo horoskop dragi moi devojcinja nisto ne vi pomaga!
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Свекрва Јарец : Се меша само во финансиите, зошто парите најмногу ја интересираат. Другото не ја интересира многу, но со задоволство спрема ручек, прави зимница, пече колачи, дури и плете. Но не оставајте и ги пречесто децата на чување зошто најверојатно ќе ги разгали поради својата чувствителност. Ако Ви притребаат пари, нејзините купчиња мали и големи Ви се на располагање, а тука е и за корисни совети- послушајте ја. Таа ништо не прави непромислено и несигурно.
Хахахахаххааха урлам, прејако значи хахааха