Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
сакам да ти кажам прекрасен си на секое поле,секој ден ме изненадуваш пријатно,твојата мистичност ми е се повеќе и повеќе привлечна и неодолива
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Сакам да ти кажам...Цагер. После долго време видов преклопување на стрелките на часовникот. Велат дека тогаш те мислел или мислела твојата љубов. Ме зафати мала депресија. Мислев дека си незаменлива. Секогаш те идеализирав. Се запрашав каде си и со кого си?! Зарем навистина мислиш на мене?! Ама што е битно каде си и со кого си, не си незаменлива. На твоето место сега е 5 години помлада девојка од тебе, со многу подобра позадина (делот од тебе кој го обожавав, меѓутоа после нејзиниот, нема ни да се сеќавам на твојот), млада, паметна, навежбана, надарена, со највкусните меки и полни усни кој некогаш сум ги видел и осетил, со крупни зелени очи-од кој неможам ни погледот да го тргнам......и што дека е цагер? Кога е небитно дали си помислила или не на мене. Голема штета е што јас помислив. Тој проклет цагер. За кратко време ти ќе си дебела „домаќинка“ затворена со својот дечко кој наликува на формула 1, а јас сеуште ке бидам фотограф и ке можам да уживам во убавините на ергенскиот живот и младите занесени „актерки“, црвениот кармин и нивните високи потпетици. И што дека е цагер, кога не си незаменлива. Понекогаш копијата е многу повкусна и подобра од оргиналот. <3
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Сакам да ти кажам дека повеќе ги разбирам неизговорените зборови од тие кои се кажани. И насмевката не е секогаш слика на среќата на душата.
Не очекувам ништо, затоа што и неочекувањето ме прави доволно слаба. И никому не можеш да му ги рашириш неговите раце за да те прегрне..... Знам само дека сум безкрајно сама.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
не знам што ти е проблемот, но кога веќе е крај, мислам - КРАЈ! Имало денови кога сме биле среќни, незаборавни моменти, но дојде да прецртам линија за секогаш поради што ме разочара за многу работи, а очекував да бидеш истиот како и пред 4 ипол години! Да, поминаа веќе 5 години (според тебе) и однесени се во вода, но водата знае и да стои, а времето да си лета! И сеа? Крај на светот е?! Живот иде даље брате! Нема да заборавам само кога ми даваше подршка за најлошото нешто што ми се случи пред една година, тоа ќе го памтам и ценам како човек, но каде беше ти кога ми требаше највеќе?? Не можам веќе да издржам, остави ме да дишам! Ти дадов втора шанса, друга не очекувај. Ќе најдеш друга, подобра од мене и јас ќе најдам уште подобар од тебе. Иако веќе има наоколу мене "гладни волци" кои се вратат наоколу за да ме освојат како нежна срна, но верувај раков ми отвори очи и за многу работи, како и за нашава ситуација. Не се предадов тогаш, па нема да се предавам ни понатаму! Јас уживам сега и СРЕЌНА СУМ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА!
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Се знам, се ми е јасно. Не ми требааат зборовите кои ги проголтуваш. Чувствувам, но мојата немоќ е во тоа што го чувствувам. Не те обвинувам, тоа така морало да биде. Не можеш да ме препознаеш, зашто самиот не се препознаваш.
Само сакам да знаеш, ако некогаш дознаеш дека за миг дишев слободно и се чувствував целосно. Страшно добро чувство е тоа, за некој како мене.
Ти благодарам од срце.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Со денови го сонував истиот сон и како касета премотана по сто пати ми се вртеше истата реченица од сонот „А сега, сеедно ли е?“. Сакав да кажам некому. Се тарашкав низ собата како ѓавол да ме бркаше. Дента надолго нашироко го поминав градот. Триста кафиња.
Вечерта пак сонував.
Истиот сон.
Истиот тој.
Истата бела кошула,црното сако.
Истиот бакнеж.
Истиот паркинг.
Истиот крај.
„А сега сеедно ли е?“
Одамна беше. Не сфаќав зошто од нигде никаде сонував. Чудно беше како оние зборови кои некогаш не сме можеле да ги кажеме, по некое време се единствените на кои мислиме.
По неколкуте разочарувања, верував дека секој град си има по една приказна, а секоја приказна има повеќе крај од колку почеток.Како партија карти. Една губиш, една добиваш. Крајот беше тоа што се запишува на лист хартија нели? Дали некогаш би се разочарал ако изгубиш партија карти? Не, нели? Листот со пишуванки би завршил во некоја канта. Секое чудо за три дена.
Се сеќавам кога пред толку месеци го закопав тој дел од мене. Кога ќе погледнам наназад се прашувам што живеев тогаш? Ги познавав ли доволно луѓето кои ми буричкаа во мене? Живеев на спомени и од спомените си ја градев иднината. Колку погрешно беше тоа. Ваљда до мене допираа само оние кои добро знаеле да одглумат. Кога и на последната шанса си ги потврдив сомнежите, завршив со тој дел од мене.
По една недела престанав да сонувам. Месец дена подоцна, сонот исто како и никогаш да не постоел. Беше зима се собравме кај една другарка. Алкохол, смеење, многу музика и по некоја пуш-пауза пред диско. Одиш накај паркинг, колата ти е блокирана. Чекаш десетина минути и забележуваш машка силуета како чекори кон тебе. И баш тогаш кога сакаш да се развикаш, слушаш едно млитаво „Еј здраво“ и истата бела кошула од сонот,истото црно сако.
Сакаш да си заминеш додека се обидува да ти каже нешто.
Ти вели застани, само едно нешто сакав да ти кажам и слушаш едно мизерно:
„Те сакав... Сеедно ли е?“
Тогаш сфатив, погрешните луѓе доаѓаат во вистинско време, додека вистинските во погрешно време. Суштината беше дека немаше право или погрешно време за љубов. Имаше само сега.
Доцниш, сакав да му кажам. Или сакаш или не сакаш. Не постои, ќе се засакаме полека, полека. Љубовта е сегашност. Да беше минато, веројатно ќе постевме и ние. И сега да. Сега веќе е сеедно.
Ништо не кажав. Само го допрев за рамото и си заминав. Знаев дека ќе ме разбере.
 
Последна промена:

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Грев е да ти барам прочка,да те молам на колена кога нозеве претходно те шутнале,или да ти се колнам на љубов,а мене љубовта ми е синоним за откажување. Што и да кажам малку е,а што да направам тебе дупло ќе те боли. Непоправливи се ноќите,недостижни се спомените кои сакам во живо да ми прошетаат пред очите,да скокнам од сегашноста во минатото и на златно извезан ќилим да те пренесам во иднината. Урнебесна елегија преку страв ми ги јаде челичните надежи,а вистината е една трагична перипетија на двајца,од кои еден копнее,а друг неминовно страда.
Незнам до кој степен на агресија мојата предаденост ќе ти покаже и докаже дека си достоен и единствен,ниту дали силината на мојот збор може да те убеди во моќта на делата што планирам да ги спроведам. Доста беше оваа љубов од пристојна безбедност,време е трњето да ни се забодат по прстите,да пуштиме некоја капка крв и лузните да станат вечни предвесници дека љубовта доаѓа,си оди,но повторно се враќа. Само во друг облик,преку туѓо лице. Затоа замини,сакам повторно да те сретнам .Овој пат да не те препознаам. И да бидеме јас и ти,но скриени под маски,под еден нов почеток и изненадување за четвртината храброст што ќе ја имаме за повторно да се имаме,а на крај така едноставно да се немаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Змејче