Брзи и лесни рецепти

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Многу брз, лесен и вкусен рецепт кој јас и мајка ми го правиме секогаш кога „кризираме“ со благо дома :)

Ролат со кршени бисквити

-4
00 гр. бисквити (или едно цело пакетче бисквити)
-1 филџан млеко
-1 филџан вода
-шеќер околу 200-300гр (по вкус)
-1 чоколада за кување
-1-2 лажици какао
-125гр маргарин Кристал (пола)

Додека се зоврива млекото заедно со шеќерот, се кршат бисквитите во поголем сад.Потоа во зовриеното млеко се додава маргаринот, чоколадата и какаото.Сето тоа се меша и се додава во садот со бисквитите.Кога ќе се добие смесата се формира ролат со помош на најлонче.Се остава да се олади и потоа може да се сече.
Ем брзо ем вкусно мх мх мх :)

DSC_0869[1].jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Прееска направив едни вкусни колачи и пола отидоа. :gladen
Колач со кисело млеко се вика, а состојките се:
400 мл. кисело млеко
250 г. шеќер
100 г. кокос
20 г. сода бикарбона
200 мл. зејтин
2 супени лажици какао
300 г. Брашно
100 г. чоколадно за готвење (рендано) и
по рецептата пише 4 лажици мармалад од шипки (или некој друг по ваш избор), но кај мене отиде цела тегла.
Во еден сад се мешаат киселото млеко и шеќерот додека не се соединат после тоа уз мешање се додава содата бикарбода, кокосот, зејтинот, какаото и брашното и продолжува да се меша додека не се соедини смесата.
Смесата се става во тава по рецептата пише бр. 38 (врска немам како идат тие броеви) ја си ја ставив во една долга и тенка пошто после се подигнува и таман доаѓа, намачкана со зејтин и се остава да отстои 10 минути. После тоа се пече на 200 степени 30 минути точно 30 минути пошто иначе ќе изгоре. Од кога ќе се испече може малку да се остави да се олади но и не мора, се мачка со мармаладот и после тоа се посипува со ренданото чоколадо. Се остава малку да се олади па се сече на коцки и се јаде. :)
Рецептава ја има во храна и вино најновиот број :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059

Рецептот е супер.Јас наместо мармалад ставив фил од стопено чоколадо за готвење . Цела тепсија се изеде за еден ден. Браво Notice и големо Благодарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Брза пита со праз
4 јајца, 1 чаша(250мл) зејтин, 1чаша јогурт, 1 чаша сирење пасирано, 2 чаши ситно сецкан праз,2,5 чаши брашно и 1 пециво. Се меша со лажица и се става во подмачкан плех , со маргарин. Одозгора се става сусам по желба. Се пече во загреана рерна на 200 степени во тавче средна големина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Тесто за пица
400-450 гр брашно
1 коцка свеж квасец
7 лажици зејтин
1 лажиче сол
.
Се стасува квасецот со малку топла вода,1 лажичка мала сол, 1 лажичка сол и брашно.Од кога ќе се надигне се меша со другите состојки. Се става тестото во намачкано со маргарин тавче од шпорет.Се филува по желба и се пече 40 мин на 200 степени во загреана рерна.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and lady_blue

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Највкусни пилешки стекови.Едно кесе супа од печурки се истура во чинија и во смесата се валкаат стековите (претходно исечени на помали парчиња)и се редат во подмачкан плех.Едно кесе супа доволно е за четири стека и не се посолуваат затоа што смесата е солена.Можете помеѓу да ставите и печурки ако сакате.Одозгора прелевате со малу млеко 200гр.и вода колку убаво да се прекрие и се печат се додека не испари течноста околу 20 д0 30 мин.Само немојте премnogu za da ostane malku sos. Dobar apetit!
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Тесто за пица
400-450 гр брашно
1 коцка свеж квасец
7 лажици зејтин
1 лажиче сол
.
Се стасува квасецот со малку топла вода,1 лажичка мала сол, 1 лажичка сол и брашно.Од кога ќе се надигне се меша со другите состојки. Се става тестото во намачкано со маргарин тавче од шпорет.Се филува по желба и се пече 40 мин на 200 степени во загреана рерна.
По истиов рецепт и мајка ми прави,но уште побрз рецепт е со купено тесто си редиш што си сакаш,15 мин во рерна и после лап лап :D
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ова јадење од тиквички е навистина превкусно,нема утка и лесно се правиDSCN3533-51e618-800x600.jpg Потребно за овој рецепт се јајца по потреба,брашно и зачини по желба,тиквички,се зависи за колку особи се спрема.Тиквичките се сечат на кругови,и секое кругче се потопува во разматеното јајце помешано со брашно и зачините.Тиквичките се редат во тавче обложено со хартија за печење,во круг и на крај се полеваат одозгора со матено јајце и павлака и млеко.Се печат во рерна додека не поруменат убаво.Можете да додадете сирење,кашкавал,слободно испробувајте,ако сакате може и сецкано лукче.Неможе никако да погрешите.
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Горе доле, релативно лесно и брзо (-45`) се спрема
Кинеско вариво со сос од печурки

Потребни состојки

За кинеското вариво
маслиново масло колку да фати малку мирис и да не се залепи на тавата
сол
по пола шоља или 100ml сецкан: морков
кромид
бамбус
црвена блага месеста пиперка
брокула
ИЛИ ако ве мрзи тро, барате смрзнат кинески микс. :D
Само свежо си е свежо.

За сосот од печурки
Путер пола прст напречно
Печурки (шампињони најчесто) сецкани цела шоља (200ml)
Лук сецкан 3-4 чешниња (ако е ситен и 6)
Малку босилек и црн мелен бибер.
Течна павлака 60 ml.

Процес на подготовка
за кинеското вариво

Во полудлабока тава го ставате маслото малку да се подгрее и редоследот на зеленчук е овој 1. кромид додека не зацакли, 2. бамбус, пиперка и морков заедно. Поклопувате со капак малку да омекне смесата во сопствената вода). Кога ќе подомекне, го тргате капакот. Посолувате. Долевате вода по малце во случај истата да испари. Кога бамбусовите деланки ќе станат доволно меки го завршувате процесот.

За сосот од печурки

Го ставате путерот да се стопи
Прво го ставате сецканиот лук колку да фати боја, после веднаш ги ставате и печурките. Поклопувате неколку минути со капак колку печурките да испуштат вода. По 5-6 минути ја ставате течната павлака заедно во лончето со печурките и лукот. Готвите на тивок огин и мешате. Пред самиот крај го додавате биберот и босилекот и промешувате уште 5-6 минути. Пожелно е ако смесата згусне многу да додадете по малку вода.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and MissChievous