Што му недостасува на Скопје?

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Крст 66 метри среде плоштад.
Е само уште тоа фали и можеме да заборавиме што значи поимот плоштад :D
Ја би рекла фали асален народ уствари не премногу народ има, ма се има премногу, ништо не му фали добар си е ваков градот. :)


Плус ова :) или може некои џез изведувачи на улица но не да заработуваат од тоа, а да бидат платени за тоа. :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
На Скопје му фали Скопје. Она вистинското.
Го изобличија, му го одземаа она на кое се воодушевував кога пред десетина година го прифатив како свој дом.
Му фалат и поетски читања, почести квалитетни рок свирки, луѓе кои знаат дека новите хулакопки не се врхунацот за среќа, му фали и нормална цена на карта за во кино.
А, ни фали најмногу иницијатива на сите ние кои живееме тука, без разлика дали ни е родно место или не, да го промениме на подобро. Барем колку можеме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Му фали душата, духот. За тоа сме одговорни сте. Сите нешто се напнати, се не им чини, се плука и на тоа што треба и на тоа што не треба. Како луѓево да живеат за други. Не си го гледаат својот ќеиф и својот филм, побитно им е што другите прават со своите животи. Не дека порано го немаше тоа ама како иде времето место да се иде напред некако се се разобличува и иде во некој никаков правец... Монотонијата, шаблонот убиваат, а тоа не е одлика за еден главен град, кој би требало да освои со своите катчиња, со своите улици и својот дух...