Предизвик за читање на книги - 2014

Статус
Затворена за нови мислења.

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
barney-stinson-challenge-accepted_thumb.jpg

Па ќе видиме до кај ке стигнам! :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
1. Нина Анастасова Шкрињариќ - Митски координати - Македонска реч, Скопје, 2008 - 169 стр.
2. Нина Анастасова Шкрињариќ - Фолклорни социјални фосили - Македоника литера, Скопје, 2011 - 271 стр.
3. Нина Анастасова Шкрињариќ - Словенски пантеон - Менора, Скопје, 2004 - 334
И последната од Нина за оваа година... Словенски пантеон, како многу многу многу интересна студија за словенската митологија силно закостенета во македонската книжевност и општо во свеста на нашите претци.
Повторно Нина влече реченици и тврдења од многу еминентни имиња за да ги докаже своите ставови и да им ја затне муцката на сите што викаат „Па Словените немале високо развиена митолошка слика“...
Надолго зборува за паганството што сѐ уште вирее низ христијанството на овие простори, за св. Димитрија како змејо-борец, реликт од патријахално божество на вегетацијата, плодноста, бранител на човештвото и многу други христијански елементи меѓу кои и празнувањето на Коледе, Велигден, Ѓурѓовден....
Надолго се расприкажува за култот кон мртвите, небесните тела, култот кон природата, инкорпорира многу примери што до ден денес постојат во традицијата.
Накратко... би можел да кажам дека оваа книга од Нина е само наговестување на сѐ што до најситен детаљ ќе го опише во Фолклорни социјални фосили... затоа ми е мака што не ја прочитав прво оваа... па после Фосилите...така ќе ми беше поинтересна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.