The Killing

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Порано гледав многу серии, но сега факултет/рл обврски не почнувам, ни продолжувам следна сезона на ниту една. Можеби на лето...
Не сум гледал многу серии од овој жарн, причината поради тоа што најчесто секоја епизода со нова приказна (клише пример цси), но оваа не е таква. Многу ми се допадна. Толку сплетки, интриги, мистерија... Ни на крај памет не би ми текнало кој е убиецот. Не за 360, за 720 степени се променуваше дејството, но не во последната епизода, туку во текот на целата серијата. Тоа ми беше најбитното.
Ги гледав само првите 2, а за третата сезона, имам ептен големи очекувања, но од гледање серии не се живее...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Па јас сум до 12 уште една епизода и ќе ја изгледам прва сезона и малку 2-3 епизоди успори малку серијава ама пак е добра и ми го задржува вниманието. сеуште мислам дека таткото е крив:)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Па јас сум до 12 уште една епизода и ќе ја изгледам прва сезона и малку 2-3 епизоди успори малку серијава ама пак е добра и ми го задржува вниманието. сеуште мислам дека таткото е крив:)
Ме претрка за две епизоди.
Криво ми е што имам нешто проблеми со звукот на компјутер и не можам да изгледам ништо. Т.е можам, ама не сакам без глас... Ама ако и денес не си го средам, ќе ја гледам без глас, веќе заборавив што сум изгледала нема смисла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ја изгледав прва сезона и серијата си го држи темпото.Очекував дека на крајот на првата сезона ќе го покажат убиецот ама се излажав.Глумците сите си ги играат улогите перфектно.Се надевам дека втора сезона нема да разочара.Доста реален филм.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ја изгледав и јас прва сезона, исто и јас очекував дека ќе го дознаам убиецот, ама и покрај тоа што не го дознав, не ме разочара напротив мило ми е што уште ќе можам да уживам во приказната. Многу неочекувани пресврти, многу реални случки, емотивни настани, добри ликови, перфектни актери со исто таква глума...
Серијава ептен ми се допаѓа и од овој жанр мислам дека и нема конкуренција.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ја изгледав и јас прва сезона, исто и јас очекував дека ќе го дознаам убиецот, ама и покрај тоа што не го дознав, не ме разочара напротив мило ми е што уште ќе можам да уживам во приказната. Многу неочекувани пресврти, многу реални случки, емотивни настани, добри ликови, перфектни актери со исто таква глума...
Серијава ептен ми се допаѓа и од овој жанр мислам декаи и нема конкуренција.

Па од овој жанр The Wire имам изгледано 3 сезони и таа не е лоша серија.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Па од овој жанр The Wire имам изгледано 3 сезони и таа не е лоша серија.
Мислев од тие што сум ги гледала јас. Иначе да ја завршам оваа, па ќе ми кажеш повеќе за таа серија. До кај си со претпоставките?
Вторава сезона е многу поенергична, поинтересна, повозбудлива, побрза...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Мислев од тие што сум ги гледала јас. Иначе да ја завршам оваа, па ќе ми кажеш повеќе за таа серија. До кај си со претпоставките?
Вторава сезона е многу поенергична, поинтересна, повозбудлива, побрза...

Поим неам,сеа сум првата и втората епизода што се во една долга ставени...па искрено веќе не претпоставувам зашто мислам дека ќе има уште една или две финти пак со лажна трага:)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Поим неам,сеа сум првата и втората епизода што се во една долга ставени...па искрено веќе не претпоставувам зашто мислам дека ќе има уште една или две финти пак со лажна трага:)
Да да исто :)
Тоа ми се свиѓа највеќе, што се можеш да очекуваш, ништо не е невозможно и секој е на некој начин заплеткан во случајот.

Јас вчера ги смачкав тие две и плус уште две, и оваа сезона ми е подобра од првата. Бар до сега...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo