Личен дневник

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
И сеуште ми се чини како јас да сум единствената која се труди. Знам дека одлучив годинава да ми биде поразлична од минатата и успеав во тоа. Полоша е. И секоја наредна е уште полоша. Лек има?
Нема.
Со месеци веќе ми тежи нешто што сите го знаат, но нема кој да го каже. И дали ќе се најде некој таков, пред да ни го земат лебот што и сега одвај го наоѓаме. Затоа барам алтернатива, пред да го допреме дното на сите нивоа - физичко, психичко, психофизичко.
На мене ми е потребна помош, и поддршка. Емоционална. Затоа што чувствувам дека губам контрола врз се и полудувам полека, но сигурно. Не знам уште колку ќе издржам. Ретко се наоѓа по некое мало слатко задоволство но трае премногу кратко за да ме убеди дека нашиот живот и не е толку лош.
Не дека не сум благодарна на она што го имам сега, само барам малку мир.
На крај на краиштата, излезот од ситуацијава ќе морам да го барам на трета страна, а навистина не го сакам тоа.
И си ветувам милиони работи самата на себе, дека во се ќе бидам подобра. Знам дека нема да ги исполнам. Немам мотивација. Немам некој двигател.
Едноставно се околу мене е како некој забавен филм. Мојот живот некој друг го режира, а јас сум само актер со споредна улога. Плата нема. Волонтирам.
Мислам дека годинава ми е поука за во нареднава, а колку ќе ја искористам не знам.
Мора да најдам начин да ја спуштам нивната топка, бидејќи тие ја креваат мојата до степен на лудило. Не можам веќе да се борам сама и да глумам дека сум во ред.
Не сум. Од 300 и нешто дена, кои изминаа од годинава, барем 280+ биле лоши.
Нема веќе ни надеж.
Нема никој никаде.
Нема ништо никаде.
Се е изгубено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Змејче

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче...

повторно ме разбудија расправиите помеѓу татко ми и сестра ми :mad: мислев сонував, но гласот нивни полека им се издигнуваше, најверојатно се расправаа околу тоа зошто толку касно дошла од град....погледнав на мобилниот - 06:16ч. покажуваше...за едно саат време треба алармот да ме буди, за да се спремав да одам на интервју за работа...поспав барем малку и ете ти го ѕвони...станав на десна нога :zelen измив лице, заби, малку маскара, малку руменило, косата ја средив во пунџа, се облеков и низ врата...си излегов со позитивни мисли, ненавратувајќи се кон расправијата што се случи рано наутро, не беше моја работа...моја работа ми беше да одам на интервју и да се покажам :D добро поминав низ град иако не ме спречуваше гужвата со пензионерите, камоли загадениот воздух...на интервју добро поминав, сега чекам повик (осеќам нешто ќе бидне овој пат, ама шо знам :^))...што за чудо ми се јавија за друго интервју попладне, сеа ќе видиме....maybe it's my lucky day :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and smeska

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
здраво дневниче
од кај да почнам..а да
да се пофалам, ме унапредија на работа, иако уште чекам договор за да потпишам дека сум унапреден али кај и да е ќе биде
тоа е онака нешто што да кажам дека ме исполнива
но сепак останува она, она длабочина во себе темна и затворена.
една рана кога пече, едно шило кое биди.
остана едниствена слаба точка која неможам да ја исфрлам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Змејче

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Оу диар,

Сакам да престанам да чувствувам барем на кратко. Не се издржува повеќе вака - како некој да ми го извлекол подот под нозе и нема каде да застанам, да почувтвувам стабилно . Вака само лебдам ...

Ај,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Понекогаш е подобро некои работи да се премолчат и да се остави времето да си го направи своето.
А времето..
Или навлегуваш во вечноста или.. брзаш некаде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
најлошото нешто е да веруваш на некој и тој да го знае тоа....
најлошото е она што тој ќе ја користи твојата верба против тебе
уште полошо е што вербата ја губиш во сите околу тебе после сето тоа....
викаат една случка може да смени се....но и една личност може да смени многу ствари
многу работи во животот ти носта неподносливи работи и остануваат во тебе
како едно писмо испишано и оставено во длабочината на темнината
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and crvenkapa

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Eve ova sakav da Kazam...
="cakar_ulav, post: 272157, member: 365"]најлошото нешто е да веруваш на некој и тој да го знае тоа....
најлошото е она што тој ќе ја користи твојата верба против тебе
уште полошо е што вербата ја губиш во сите околу тебе после сето тоа....
викаат една случка може да смени се....но и една личност може да смени многу ствари
многу работи во животот ти носта неподносливи работи и остануваат во тебе
како едно писмо испишано и оставено во длабочината на темнината[/quote]
Ete toa
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Сите во некоја предновогодишна еуфорија, јас во зачетокот на мојата нова душевна болка.
Ни украсениот град, ни ламбичките кои светкаат на прозорците, ни Дедо Мраз на плоштадот не ме прават среќна.
А колку само ги сакав како мала!! Сега не успеваат ни насмевка да ми измамат.

Можеби затоа што не ја гледам бојата во боите.
Гледам некој проѕирен, едноличен свет.
Несовршен свет.
Свет со препреки, со разочарувања.
Свет полн со омраза, тага.
Изгубена среќа.
Лажна вистина.
Гледам болка во тие очи.
Очи кои ја заробуваат заиграната солза и не и’ дозволуваат да излезе од нив.
Очи кои не се сини, не се зелени, не се ни кафеави.
Очи со боја на тага.
Тоа се тие очи, очите кои ги гледам во огледалото.
Тоа се моите очи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Чоек....ова е својствено за македончето. Цело време плива во го*на. и таман ќе подизлезе, некој ќе пушти вода, и пак во гом*а
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче...

чукна 12 полноќ, може и некоја минутка...ми се врати една мисла, но и еден спомен....точно една година помина откако се дозна, кога нема ни да помислам дека такво нешто ќе имам на мене после целиов мој живот...па и макар знае насмевкава и една крива линија да имам кога ќе помислам дека било на 21.12.2012 г. :zelen каква коинциденција...или не е??? ме пролазуваат морници кога ќе помислам, па дури и кога ќе ја почувствувам лузната на мене....избледува, погрда беше пред неколку месеци, но уште ја осеќам на мене....ах нема да ги заборавам тие моменти кога не бев ни самата при себе, мислам дека се' се промени околу мене, па дури и самата јас....тоа е...сите велат не се навраќај назад на лошите спомени, но мене знае да ме удри во таа глава низ се што сум поминала таа година т.е месециве...зошто знам дека ме прави се повеќе и повеќе похрабра личност!
дневниче ај да не го тупам многу, си легнувам....ах колку би бил сега тој под мојава топла постела ммм..
слатки сни...до утре..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and Prashina