Фрази од родителите што ве нервираат

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Облечи се,ладно е!
Демек јас немам осет,и ако ми е ладно ќе останам да седам необлечена.
И демек морам да облечам џемпер кога на мајка ми и е ладно.:nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Кд ти искочи херпес и избаци се некој сс онј глуп муабет
Па си лижаја а? шпапапаааау.jpg
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Те изедоа(за домашните), слугинка за без пари си им. Што било таа работа , да не мислиш за себе, ќе умреш женоооо-мајка ми вика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ги има многу, пред се `народни` изрази кои во себе го имаат акумулирано вековното искуство на рајата.

А какви се тие фрази доволно зборуваат два, посебно иритантни примери :

- Се што лета не се јаде.
Единствено алиби може да биде незнаењето на рајата во минатото дека постојат летечки објекти. Инаку би било јако - она си седи некој лик и си мечтае за Цепелин со прелив од дуралуминиум како главно јадење а елиса од левиот мотор на ДЦ-3 похована во машинско уље со гарнир од сигнални сијалички за десерт...
Пред рајата да дознае дека постои такво чудо - едино летале птиците. А тие се јадат. Пак ретардирано испаѓа...

- Џабе работи џабе не седи.
Во богатата ризница на фрази, оваа е врв. Дестилат на вековната традиција на мизерно бескичмењаштво, кукавичлук, понизност, суеверие и игноранција. Славна иднина има раја која која изнедрила ваква мудрост...:kafe
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Не е фраза, ама фалењата за животот во социјализмот, фалењето на колективитетот и како тоа навивале за ѕвезда-партизан, ептен ме нервира.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
„Не се/ме замарај“.
Не можам. навистина не можам. Ми доаѓа да се убијам кога ќе ја слушнам фразата од некој идиот.
Да не се замарам, а? Да не се замарам за онаа што го сакам и ме интересира?
Или, да не те замарам тебе? А, си помислил ли некогаш дека ТИ ги замараш другите со вакви фрази?
„Од компјутерот те боли ногата“
Да, мамо, биди сигурна дека е така. Се ми е од компјутерот. И ако ме боли грлото, ќе биде од компјутерот. И ако ми се јаде, ќе биде од компјутерот.
„Ти ли ќе ми кажеш/кој си ти“
Јас ли ќе ти кажам? Да, очигледно зборувам и моето зборување е насочено кон тебе. Која сум јас? Јас сум Квин. Зш така прашуваш?
„Еј, шизик/еј кукло/еј маче“
Посељачко нешто-здравје! Јас сум нешто грешка или шизик значи шизофреничар?!:eek Барем не ми текнува друг превод за зборот.
А пак, онаа кукло. Уф, глупа работа. Не сум кукла, бе. Јас сум човек. Човек. Знаеш што е човек, нели?
Маче? Сериозно? Додека сум мала сум кукла, а потоа сум маче. Маче, а? Кога некој ќе ме нарече маче се трансформирам во бесна шугава мачка и рушам се пред себе.
„Имаш ли дечко/Како на работа/во школо“
Луѓето овие прашања ги поставуваат не затоа што ги интересира, туку за да им помине времето...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мене кукла ме асоцира на оние куклите по излози (не дека некој ме нарекол кукла, некако ми е лејм до даска).
По руралните подрачја често се користи како израз на восхит, посебно од постари лица. `Ја виде невестата на Митрета...право куклеее...`:rofl
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ја барав темава за да си додадам пример(ок) плус од оние што ми ги скокоткаат нервиве и ми иде да им залепам шамар наопачки...а оно во воведот за родители да ми ти била. Нека го смени некој плиз (think) вака темава е ептен тинејџерски настроена, а не сите се нервираме од/со родителите. :D

Е, мене од такт ме вади кога правам обичен муабет со некого, па кога ќе го опали најдебилното можно прашање за личност што не ја знае.
- Ее, абе кај одиш?
- Еве со другарка да се најдам, па да купиме некои ситници.
- Аха, а другарка ти убава е? *мутавосмех.јпг*
(worried)
Па види, за да бидеме израмнети, ти кажи ми на другар ти колку му е поширок...речникот од твојот?
И има ли правилен одговор на ова?
Да речам „да“ и да се насмееш ко зелен со некоја квази-шмекич фора што кружи ко мува околу лепешка од '83та, да речам „не“ и да испаднам љубоморна и егоистична (не)другарка, или да те повлечам со себе, па да си видиш сам?
Баба си имаше посебна категорија за вакви примероци - лишки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and TheQueen