Женски навивачки

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Знаеме дека фудбалот е главно машки спорт и покрај зголемениот број навивачки, сепак мора да се признае дека момците преовалдуваат. Обично тие се оние кои се расправаат за фаули, офсајди, пенали, а владее мислење дека девојките кои гледаат фудбал тоа го прават само заради некој згоден фудбалер. Лично не сметам дека е тоа точно, но ајде да се преброиме и да се преслушаме. Која за кого навива и зошто? Секако добредојдени се и машките кои сакаат да споделат мислење за женските навивачки :igra
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Порано немав никаков интерес за фудбал. Ниту ми беше гајле за Бекам кој тогаш беше најактуелен во секој поглед, ниту кога излезе Роналдо па сите се попалија по него (зборам за женските) и навиваа за клубот каде тие некои играчи што ги бендисуваат играат.
Мене не ми беа толку интересни, и самата игра фудбал не ми беше интересна за гледање.
Но кога се вљубив во либето мое, тој дојде во пакет со љубовта и заинтересираноста кон неговиот најомилен клуб Манчестер Јунајтед. Првин ме нервираше неговата претерана еуфорија околу тимот , си викав аман човече разбирам навиваш ама ова е више опседнатост ...олади. Потоа некако и мене ми влезе клубот под кожа, посебно кога ми раскажуваше за историјата на клубот, авионската несреќа и нормално повторното издигање на самиот клуб на самиот врв во англиската премиер лига. Сер Алекс Фергусон ми стана омилен лик во фудбалот , тренер над тренерите.
Сега и јас искрено навивам за Манчестер Јунајтед,кога има на тв гледам, следам резултати, ги знам сите играчи, нивните позиции, замените, кој играч треба да потпише, кој е на позајмување и така натака. Башка попатно и за другиве тимови по нешто ќе научам и така лека полека знаењето ми се шири и надвор од премиер лигата:) И нормално дечко ми е среќен што ја споделувам неговата љубов кон фудбалот и ман ју со него.
Инаку вака не сум гоооооолем спортски љубител, ма кога ќе размислам можеби и малку сум станала со теков на годиниве,да да сум станала:) , но дефинитивно не сум стручњак за кошарка, ракомет, пливање, тенис и сигурно не носам дрес од Антиќ за кого разбрав годината кога зедовме 4 место на европско само за да бидам “ин“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory and parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Мене ме палиф женски што пратиф спорт : )
НЕ да е мушкомањаста али да има благи мушки манири. Значи нема да поставља миљон прашања... и миљон други женски работе : ))
Aли ако прати спорт, сфака ву чаз. Значи девојка знае дека тј спорт не е измислен за џабе, знае дека серие фарме и велики братови не су сфе што ни нудиф мали екрани. Постои и спорт кој знае да биде мноо интересан, визбудлиф.
У Кумани има една мала група на девојчиња што иде и навива на сфаку утакмицу, бш оној праф тифо фан нели, сс пароле, графити по град и сфе остало, значи подгрупа,женска, сфака чаз. А и овакој глеам по трибине миљон млади маме кои пцуеф и урлаф како праив хулигани.Има и туј по форум неколко девојчиња што пратиф сфакакаф спорт, од тенис, скијање (Форевр и Каренино јавете се : ))) Има и такфи кои праитф само Јунајтед ( вер ис д Мериселест? ) а глеам и дека и двете девојчиња погоре су за Јунајтед
За њима сам и ја
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Можам да кажам дека во последно време на телевизија само спорт гледам од толку што е ''богата'' телевизиската програма. Пратам скоро секаков спорт. Навивам за Челзи ( да ја разбирам монотонијава на темава, сите навивачи на Јунајтед сте се собрале:D), од тенис навивам за Надал. Всушност тоа се и тие два спорта кои почнав најпрво да ги гледам. Ме нервира онаа дискриминација која постои кај посилиот пол кога ќе спомнам дека си пратам спорт ме гледаат нактивно и со потсмев ама кога ќе поправиме муабет ваљда сфаќаат дека не го кажувам ради реда, дека имам колку толку познавање за спорт.
 

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
27
Обожавам навивачки, независно за кој спорт е :zelen
56057143.jpg

female_fans1.jpg

femfan.jpg
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
најмногу ке ме радува да видам женско кое навива за омилениот ми клуб ,нема ништо боље од тоа xD
 

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Јас си навивам. И си следам фудбал и тенис. Не навивам за Ѓоковиќ и не, не почнав да гледам тенис завчера како пола Македонија. Фудбал едно 15 години, тенис едно 14 :)
 

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Јас навивам за Манчестер Јунајтед веќе 13 години. Признавам дека почетно да, почнав да гледам заради Бекам, но така само дознав и се заразив со клубот и фудбалот во Премиер Лига. Не престанав во ниеден момент да навивам за Јунајтед, дури и кога Бекам си замина, ниту пак сум навивала за некој плус клуб каде бил тој. Најважна и најпочитувана ми е речеицата на Сер Алекс Фергусон: „Не е важно кој доаѓа и кој си оди од клубот, важно е да знаете за кого навивате и никогаш да не се откажете. Сите може да се променат но клубот, историјата и името остануваат засекогаш!“ и уште една: „Ако не не` поддржувате кога губиме, тогаш не можете вистински да не` сакате кога победуваме!“ и уште многу други кои ми се врежани при секоја помисла на Манчестер Јунајтед. Се заљубив во играта, во борбеноста, во неоткажувањето, во пресвртите во 90+ минута, во верувањето. IT'S ALL ABOUT BELIEVE! Ја знам целата историја на клубот и буквално се соживеав како што одминуваше времето. Следењето на нивните натпревари и навивањето ми е посебна пасија и релаксација. Буквално ги преживувам сите победи и сите порази. И да, како и многу други искрени навивачи, расположението и денот ми зависи во голем дел од исходот на нивниот натпревар. Посилно е. А најголема желба ми е секако, натпревар во живо на Олд Трафорд, по можност против Ливерпул, како најомразен тим од Премиер Лигата. :gjavol Сите навивачи сметаат дека нивниот клуб е најважен и најдобар, но мислам дека некако владее општо мислење за навивачите на Јунајтед дека се најпосветени или најзанесени :p Имам многу муабети слушнато, како ок, сите навиваме, ама вие сте забегани или луди сте, не може толку да сте ко заљубени и бла бла бла... :franticНе знам што мислите? Ама и да е така, нас ни е убаво (inlove)

183102_10151525428479279_1036523632_n.jpg12333_606468306044255_2083230844_n.jpg

525533_548038665209893_2139424508_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Mystique

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Шо е ова ццц сите жени за М.Јунајтед? :eek:
Нешто Шефилд Венздеј, Сандерленд, Свонси ова она?