Телема

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Точно, тука сме да дискутираме, не само да прашуваме нели... Не секој му се допаѓа идејата Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон! Не секој му се допаѓаат тајни Редови! Не секому му се допаѓа човекот да има своја волја, итн итн... Затоа философираме, зборуваме, објаснуваме, разјаснуваме ако можеме... Затоа е форумот...


Кога прашуваш, прашуваш бидејќи не знаеш или како неиницијант прашуваш за да дознаеш она што те интересира во врска со Телемата, пракса и може да ти се каже и помогне некако со одговор?
Или пак прашуваш прашања на кои наводно го знаеш одговорот па да видиш дали Телемитиве знаат што зборуваат?
Дали кога ќе ти одговорат на прашање за кое не си имала одговор се буниш за одговорот и велиш не е така? И пак заморуваш со истото иако некој одвоил време да помогне со одговор (иако се знаеше дека одговорот е небитен, прашувачот сакаше само да се исмева), а ти како непознавач на темата мудруваш сеуште и нудиш свои одговори? Зошто некој прашува ако знае кој е одговорот? Тоа е несериозност кон темата и кон соговорникот! Така? Така...

Е сега за твоите прашања во врска со книги читање и тајните!

Тајните на Редот се даваат на уво и во четири очи само на тие што се иницијанти! О.Т.О. е таен Ред сепак, си пишува убаво на нашата официјална страница, може да погледнеш. Нема книги, нема писма нема ни една буква од тајните надвор од Редот. Едно е егзотерија, друго е езотерија! Правете разлика...

Книгите се за да се запознаат неиницираните со Редот и со праксите! Да се запознаеш со хиероглифите на Редот, со говорот на Мајсторите! Со философијата! Но философијата не дава многу напредок за неиницираните, само ги потикнува да истражуваат, да бараат дали се за иницијација или не се. Толку...

И да сакам не можам да ти ги кажам тајните од сите тие пракси и симболи кои ако ги собереш одеднаш сите, нема да добиеш ништо! Има момент и простор тука на Земјата во однос на секоја индивидуа кога преку пракса одредени симболи стануваат премногу јасни и им се разбира вистинската природа (атрибуција) и се напредува.

За да бидеш иницијант во О.Т.О. ти треба некоја подлабока суштинска причина, не само потреба од дознавање на тајните.
Секој Телемит, иницијант во Редот има потполна слобода да биде што сака и да не се ограничува! Редот не ти забранува да бидеш што сакаш. Редот ти дава алатки да откриеш кој си ти и да бидеш тоа засекогаш! ТИ си Телемит бидејќи си иницијант во Ред кој што прв го прифати Законот на Телема! Ништо друго... тоа не те ограничува. И во „Книгата на Законот“ пишува што значи тоа Телемит!

Сите иницијаторски сиситеми имаат тајни учења! Едни за неиницираните, други за иницираните! Реков, егзотерија не ја мешајте со езотерија!

Нема тајни во Телемата! Телемата е философија и пракса! Редот има тајни учења. Правете разлика...

Кој ни е филмот прашуваш? (facepalm) Ех... со ова го упропасти целиот пост што го напиша, не ти требаше. Ама ок, ете сепак ти одговорив на прашањата колку што можев подобро.
Кои се целите на Телемата? Кој е Законот на Телема, Lena ? Така ќе си дадеш одговор сама! ;)
93 93/93

Точно знам кој е филмот (не сакам се да биде перфектно,намислено го расипав постот ;) )
Само тие алатки кои ги нудите вие,
се состојат во секој од нас.
Секој кој доаѓа до тој степен на развиток,ќе ги најде сите тие алатки во себе,само што кога ќе се најде тоа што се бара?
Што правиме тогаш?
За што се користи тоа што се бара?
Тајна нели?

Прашувам,да би споредила.
Не прашувам само од љубопитност.Доволно сум свесна до каде може таа љубопитност да ме донесе,така да си ги знам границите.

Тајниот ред ги содржи тајните..а редот ја проучува Телема... (think) има нешто нејасно тука,ќе ми текне..

Можеби и нема никакви тајни,самиот збор тајна делува привлечно и мистично.
И баш тоа е тоа зборче кое ме тера да се дистанцирам.
Само тајните во мене сокриени ме интересираат.

Философија?
Се е всушност философија.
Од настанувањето на универзумот пред 14 милијарди години,па се до откривањето на ништото.
За тоа ништо се напишани книги и книги,
се воделе војни и војни.
Баш за ништото.За кругот.
И ако првиот закон гласи прави што ти е волја и тоа е се,
зошто се потребни другите закони кои спртотивно од првиот закон ја ограничуваат волјата?
Значи не е се така розево во светот на тајните,како што звучи :)

_/|\_
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Па така кажи бре гугутко,кажи неможе да гугнеш зошто законот прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон,ќе потоне!
Твоите интерпретации на законот се небитни.
Ти не си тука да дознаеш нешто, туку да и служиш на својата суета и да си докажеш себе си како ете си надмудрил некого и си докажал дека твојата мудрост е поголема. Немам намера да ги хранам твоите фрустрации, и немам намера да ја удостојам твојата надменост со одговор. Затоа те замолувам да не ја спамираш темава повеќе и да си најдеш други дискутанти и теми на форумов.
Хептаграм
Да имав мислење ќе го напишев.И еве го пишувам сега.
Ја пратам дискусијава и нормално дека ќе ми се допадне нешто што и мене ме интересира.Одговорот за волјата
го немаше.
Зарем не е ова тема за прашања и одговори?
Запознавање на телема.
Кога би ги прочитала сите книги за телема,ќе ги откријам вашите тајни за кои вие нудите патокази.Или поточно дел од нив.Кога веќе сакам дел да знам,ќе сакам се да знам.
Ако веќе би сакала се да знам,би требала да постанам дел од вас?Така?
А што ако немам намера да се определувам?
А сакам да знам,за што се работи?
Ќе поставам прашање на форум,нели?
Затоа сте тука.
И што е тоа толку тајно во телема?
Сите останати учења немаат тајни или не ја искажуваат тајноста,телема има.
Се прашувам зошто е тоа така?

Чинам точно го знам одговорот,но ќе оставам на тебе.

Кои се целите на телема?
Кој ви е филмот?

Пс.А реков нема да дискутирам денеска.
И јас би те прашал нешто. Дали темава ја читаше од почеток? Дали ја посети нашата официјална страница или блогот? Дали прочита нешто од таму?
Добивам впечаток дека тоа не е случај, затоа што одговорите на овие прашања веќе се одговорени и на темава и на официјалните интернет страни.


П.С До сите оние кои ја читаат темата и имаат намера да се вклучат поради било која друга причина освен да дознаат нешто:
Значи луѓе, зошто се замарате со тема за која испаѓа дека не ве интересира? Што е поентата? Да ни докажете нешто? Навистина не ве разбирам!! Лечете фрустрации на друго место, не бидете тролови.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Точно знаеш што е филмот? И потоа О.Т.О. таен Ред, абе нема врска што зборуваме ние тука :)
Зошто поставувате прашања кога воопшто немате познавање од нашиот систем ниту ве интересира истиот?
Да ми кажете дека не се сложувате со Телемитскиот закон кој што вели дека ниту еден бог нема да се откаже од вас ако ја извршувате само вашата вистинска волја?
Тоа сакате да ми кажете?

Сакате да ви најдам доволно добар одговор на вашите прашања кои многу малку имаат врска со темава, за да кажете: па ок е ова Телемата и ок е Хептаграм.
Тоа не може да се случи, не сум јас јеховин сведок или методист и да убедувам некој со одговори како Телемата е ок...
Тука може да водиме дијалог со оние кои ги интересира тоа, кои имаат желба да се запознаат со Телемата...
А оние кои им смета слободната волја, тајни Редови, иницијации, антички мистерии, езотерија - нивни проблем, нека им смета! Ништо не се може во врска со тоа..
И нема што да бараат тука оние кои не мислат да проучат троа поеќе во врска со темава... ќе се расправаме само и нема никако да се разбереме...
Ако ви е доволен мојот одговор за оваа тема, можам да кажам дека уште во старт сте во грешка и ве советувам да не се потпирате само на моите одговори тука во врска со Редот и Телемата и праксите!
Затоа имаме официјални документи и книги (достапни и на македонски јазик)! Изучувајте и градете здрав критички став кон работата!
Ок? Се надевам дека е ок...

Е сега да те прашам јас тебе Lena ...
Кои алатки ги нудиме ние и кои се тоа „ние“? Морам да прашам за да знам на што мислиш...
Кои алатки ги најде ти во тебе?
Ова колку да те држам на темава, да видиме колку ќе биде надвор од темата...

Можеби нема никакви тајни можеби има, за тајните не зборуваме со неиницирани. Мислам дека е јасно тоа... Нема потреба ни да ги навестувам тајните!
Реков дека оној што бара иницијација сигурно видел во себе доволно голема причина за тоа...
ТИ ако не си видела, тоа е тоа. Прави што ти е волја...
Штом те интересираат твоите тајни, зошто прашуваш или зошто држиш беседи тука, на темата Телема, која е Закон на Новиот Еон, Закон прифатен од О.Т.О. кој е Таен Ред? Нема логика нели...
Дали сметаш дека твоето неприфаќање на Законот го оспорува неговото дејствување во светот денес?

Дали се е философија, не го делам твоето мислење!
Кои се другите закони кои се спротивни на Законот на Телема?

Значи не е се така розево кога зборуваш за нешто за кое не си воопшто запознаени освен од нет и форуми!

93 93/93 и се надевам ќе се читаме на темава мааалку посериозно... ако може мислам, ако не, мир со тебе :)

П.С. Се сложуваш дека секој треба да ја открие својата чиста волја и да дејствуав според неа? Се сложуваш со Книгата на Законот? Со книгите од класа A?
Тоа се битни прашања за оние кои се прв пат среќаваат со Телемата и Редот!
Другото е се што сте налушнале за симболите од секаде и според тие ваши размисли сега, се буткате во тој кош...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хептаграм така нека биде.
Супер сте,мудри сте,се е ок,
озбилна сум.

Да не учев во други води да пливам,
можеби ќе станев иницијант кај вас или(сто посто сум сигурна за второво)ќе бев монахиња
така да пак немаше да постанам иницијант ;)

Секое добро :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ама тука воопшто не е потребно твоето „така нека биде“... ниту пак твоето размислување кој е мудар и слично...

Никој не вели да не учиш друго, никој не вели да не станеш монахиња, никој не те повикува да бидеш иницијант!
Јас велам да правиш што ти е волја и тоа да биде целиот закон! :)
Јас велам дека ако се заморуваш со темава, бујрум да муабетиме, ако не, оди изучувај што ти е волја, или биди монахиња и слично. Но само ако тоа е твојата и само твоја чиста волја!
Тоа е Законот на Телема за кој зборуваме ние тука!

Се разбираме нели... и не ми одговори на прашањата воопшто.
Ајде во иднина некогаш, кога пак ќе добиеш импулс за пишување тука... ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Кои се целите на телема?
Кој ви е филмот?
Во една од книгите на Алистер Kроули - Препород на магиката (достапна и на македонски јазик), се зборува и за должностите или целите на телемитите. Еве извадок од тој дел:

„Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Нема Закон над Прави што ти е волја.
…ти немаш право освен да ја извршуваш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
Љубовта е закон, љубов под волја.
Секој маж и секоја жена е Ѕвезда.“ – извадоци од „Книгата на Законот“
  1. Должности спрема самиот себе си
    • Сфати дека ти си средиште на својот сопствен Универзум.
    • Истражи ја Природата и Моќите на своето сопствено Битие.
    • Развиј ја во соодветна хармонија и пропорција секоја способност што ја поседуваш.
    • Контемплирај за својата сопствена Природа.
    • Пронајди ја форумулата на оваа цел или „Вистинската Волја“ во еден израз колку што е можно поедноставно.
    • Прошири го до крајни граници опсегот на својата свесност и нејзината контрола над сите сили кои се туѓи.
    • Никогаш не допуштај мислите или волјата на кое било Битие да се вмешува во твојата сопствена.
    • Немој да го пригушуваш ниту ограничуваш ниеден вистински инстинкт на твојата Природа туку посвети се до совршенство само во служба на твојата Вистинска Волја
    • Радувај се’!
  2. Твојте должности спрема другите поедини мажи и жени
    • „Љубовта е закон, љубов под волја.“ – I:57
      „Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ – I:12
    • „Како браќа борете се!“ – III:59
      „Ако тој е Крал ти не може да го повредиш“ – II:59
    • Избегнувај го секое вмешување во другите волји.
      „Внимавајте никој да не го присилува другиот, Крал против Крал!“ – II:24
    • Настојувај ако ти е по волја да ги просветлиш другите кога ќе ти се укаже прилика за тоа.
    • Обожувај се’!
      „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – I:3
  3. Твои должности спрема човештвото
    • Воспостави го Законот на Телема како единствен темел во однесувањето.
  4. Твои должности спрема сите други битија и работи
    • Примени го Законот на Телема на сите проблеми на погодност, корисност и развој.
      Прекршокот на Законот на Телема е злоупотреба на природните квалитети на кое било животно или предмет и одвојување од неговата соодветна функција, која е одредена од увидот во неговата историја и структура.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
LiberOZ-6x9.jpg
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
"Every man and every woman is a star. A star is an individual identity; it radiates energy, it goes, it is a point of view. Its object is to become the whole by establishing relations with other stars. Each such relation is an Event: it is an act of Love under Will."
—Aleister Crowley
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Ај овде поопуштен сум, па реков да прашам..
На каде гравитира Телемата во опшествениот поредок? Има цел? Која е идеологијата?
Зошто да егзистира еден ваков правец, и каков е неговиот став за 2те најголеми хиени во теистичкиот свет?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Ај овде поопуштен сум, па реков да прашам..
На каде гравитира Телемата во опшествениот поредок? Има цел? Која е идеологијата?
Зошто да егзистира еден ваков правец, и каков е неговиот став за 2те најголеми хиени во теистичкиот свет?
За да дефинираме што е еонот на Хорус, мора првин да ги анализираме предходните два - еонот на Изида и еонот на Озирис.
Изида е персонификација на природата, период каде човекот го обожава материјалното игнорирајќи го спиритуалното. Исто така ова е и период на матријархат.
После овој период следи еонот на Озирис, еон на патријархат, период на "умирачките богови", чие умирање и повторно раѓање било симболизирано во изгревањето и заоѓањето на сонцето. Период каде се запоставува материјалното на сметка на духовното. Овој втор еон е исто така и еон на страдањето, каде се величаат саможртвувањето и смртта која требала да го ослободи човекот од маките и искушенијата на земскиот живот.
Сегашниот еон е еонот на Хорус, еонот во кој доминира принципот на "детето", спој на материјалното и духовното. Еон чиј закон е законот на телема, закон во кој секој треба да ја пронајде својата суштина - предодреденост и да живее според неа, не попречувајќи им го на останатите да го остварат истото.
Може лесно да се заклучи дека и еонот на Изида и еонот на Озирис се периоди на крајности, сегашниот еон е асимилација на истите - спој на материјалното и духовното, на машкиот со женскиот принцип. Време на созревање на човештвото.

Ставот на новиот еон во однос на предходните два, е дека тие се надминати но и покрај тоа секој има право да живее според тие закони, се додека не ја неметнува својата волја на останатите.
Телемата ги смета религиите како христијанството и исламот, за религии кои припаѓаат на еонот на Озирис - религии на "умирачките богови".