Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Си го изгубив својот разум,се вртам во круг и длабоко во себе ќе се удавам во солзи.Губам контрола што ќе се случи,залутав поради љубовта така се чуствувам...овај пат беше поинаку,чуствувам како да сум жртва и тоа ме пресече како нож кога излезе од мојот живот.Сега сум во оваа состојба,јас ги имам сите симптоми девојка со скршено срце.Но без оглед на тоа никогаш нема да ме видиш како плачам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Беше само една ноќ.Ноќ која и незначеше,колку што јас и придадов значење.Пред него за да пати.За да се сети дека неговата малечка некој туѓ ја има.Дека местото каде се состанувавме веќе доби нов облик,а и нашите погледи не останаа само меѓусебна тајна.Мојата едноноќна лудорија за него беше лудост.Го излуди и го натера да направи нешто што претходно не сторил-да пушти некоја солза.Колку тие солени капки ми значеа,а колку нему само тој знае.И на крај откако нашиот крај го ставивме,дојдов до заклучок-момчето можи да те замени со десетици девојки.Толку му се потребни за да сфати дека колку и да те бара во секоја друга,ти остануваш непреболена.А девојката ќе те замени со еден.Доволно за да сфати дека замена не постои.Не зашто си бил подобар и попаметен туку дека кретените како тебе заслужуваат полошо.Тогаш ке станеш свесна дека неговите неверства биле незначајни,но твоето направено од инает преголемо за да прифати колку малку вложил за да те задржи....
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Не, не сакам да ја стегнам вилицата, да ги стегнам солзите на моите трепки и да се правам дека не ми е ништо. Не сакам одново да почнувам секоја вечер.
Повторно ли е почеток? Сакам да го преспијам овој пат.
Здосадено ми е од цртање на таа иста права линија која води до лудило.
Сакам да пукнам како балон, да експолодирам во своите крила, да ја тргнам од гради сета таа тежина а да имам некој кој ќе биде тука и кога ќе заплачам.. Знам да заплачам кога ќе пукне браната навечер кога ќе се фатам како мечтаам под небото. А се што ми преостанува е да сонувам. Да сонувам за некои шарени, навидум поубави времиња. Одејќи низ нив те здогледувам, пак си тука.. Не е сувото ,,збогум” што боли, туку безбројните ненадејни експлозии од сеќавања што силно влечат назад.
Некогаш знаев да зборувам за љубовта.. Погледни не нас сега.

Гледам дека пробуваш да се прилагодиш на тоа што го сака таа. Суредена коса, и палто во некоја боја што моментално некаде е во мода.. Знаеш ли дека таквите се секогаш најтажни приказни од сите? Знаеш ли дека никогаш нема да те прифати со сите твои мани, грешки, насмевки, шеги, со целиот твој сарказам и сето твое мрчење?
Да, знаеш дека таа изгледа како сите девојки а за тебе е единствена, но нема да дознаеш зошто никогаш нема да се чувствуваш како да си единствен. Зошто и нема да си. Ќе ти фали еден дел. Еден сосема мал дел.
Ќе ти фали тогаш кога ќе те тера да се сликате на лачот од зајдисонцето наместо да уживате во него заедно. Заедно во бесконечноста. Ќе ти фали тој дел и кога ќе сакаш да излезеш на силниот дожд во парк додека нема никој , да уживате во среќата, поврзаноста а таа ќе ти се насмее и ќе те убедува дека навистина не си сериозен и не, навистина не го сакаш тоа. И тогаш кога твојата душа ќе е уморна а таа ќе ти каже да стегнеш заби и да издржиш машки. Бесмислици нели? И тогаш ќе ти фали. Ќе ти фали тоа да бидеш свој и да бидеш прифатен таков. Како свој. Како мој. Некогаш одамна.

Не давам шанси повторно. Не залудно. Не. Се трудам да заборавам. Зошто сфатив. Сфатив и разбрав никогаш да не го давам срцето зошто нема да издржи во туѓи дланки. Љубовникот е ѓавол кој ќе ја продаде мојата душа само да заборави,да подари нови утра на некој друг, кој повторно ќе ги препродаде штом почне да расте нивната цена. Берзата на злото. На себичноста и на лекоумноста котирајќи една со друга. А каматата е висока и ја плаќаме сами. Сосема сами. Со сопствена крв.

Можам да ти подарам една навидум наивна насмевка која вели дека не знаеш која сум повеќе. И никогаш нема да дознаеш.

Со уморни умови. Уморни очи. Уморни души. Заспиваме вечерва.