Молчеливи луѓе

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Господ ни дал две очи и две уши, а само една уста, за да гледаме и слушаме дупло повеќе од што зборуваме, затоа што никогаш не можеш да кажеш толку мудрости колку што можеш да премолчиш глупости. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Да апсолутно мој најдобри другари се молчеливи ама коа ќе кажат нешто исто ко да збореле цела вечер :rofl Зошто се такви незнам едноставно некој луѓе несакат да се експонират плус ако моногу збориш ќе речат види овој уста незатвара ако пак не збориш требало со клешти зборови од уста да ти вадат. Луѓето треба да ги прифатиш заради карактерот дали се добри и чесни , а не по некој друг фазон и на крај ќе завршам со поговорката “ Тивка вода брег рони“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Diamond

Полноправен Член
13 октомври 2012
33
23
8
Јас ќутам додека не ме праша некој нешто кога не ги познавам доволно луѓето. Некогаш не гледам потреба да зборувам. Не се срамам, имам голема самодоверба. Само не сакам да се наметнувам премногу и не се откривам себе си доколку некој не се заинтересира да ме испрашува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Имаме во друштво девојче (девојка на еден од друштвото) и 4 месеци се во врска, 4 месеци е со нас скоро секој ден, а уста нема отворено. И кога доаѓа не се поздравува, ни кога си оди. Седи и молчи цело време.
Е од првин мислев дека и е срам, нормално сама не знае никој освен дечко и, улетува во друштво сама, ама видов дека уствари таква е молчалива секогаш.
А со такви луѓе не можеш да отвориш дискусија или да ги наведеш да почнат да зборат. Нема шанси. Јас неколку пати сум ја прашувала нешто со цел да се опушти, ама ми одговарала само со мхм или да и не. И толку.
Вака кога сум во големо друштво не ми сметаат. Ќе пробам да разговарам ако иде ок, ако не ќе си најдам друг за прикажување. Ама да сум сама со таков човек не сакам. Досадни се.

Јас сум опуштена личност, одма се зближувам со сите, со секој можам да најдам заедничка тема, немам проблем со ќутење. Ама сум била и во друштва каде не дозволуваат некој нов да дојде до збор. Си кажуваат свои случки, смешки и дешавки и така да немаш избор, игнориран си и ќе си ќутиш.
Зависи и од друштвото некогаш. Ако те прифатат, па те прашаат нешто или било што лично да ти се обратат ако си зборлив ќе си почнеш муабет, ама ако си молчалив тогаш и 10 години секој ден да те прашуваат, да ти се обраќаат или да ти вадат збор со клешти џабе е.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Искрено,одбегавам да се дружам со такви личности.Некако тие луѓе ги иставам во ист кош со оние кои шират негативна енергија.Е сега некој ќе праша зошто? Како што кажа Хоуп погоре,да сум во големо друштво не ми сметаат,нека си молчат.Али иначе,јас идам на кафе со луѓе што шират позитивна енергија,што знаат да ме расположат,да вжештат атмосфера,да тропат глупости,а не само да седам и да си молчам.Знам неколку такви личности и еднаш на кафе само ме прашува И што друго ќе кажиш,и што друго ќе кажиш?Јас зборам саат време и ми вика што друго ќе кажиш? :eek А ако не речиш ништо така ќе си седите цела вечер без да прозборите ни збор.Еднаш така се изнервирав и ништо не презборив.Само ме прашува што ќе кажиш?Викам ти кажи неш.Ами ништо нема.И ќуте. Е така ли,добро ајде сеа ќе ќутиме.Сите околу нас зборат а ние молчиме.Едно време си помислив некој ако не набљудува отстрана ќе помисли дека ни фали нешто.Ти саат време да не кажиш А...Од друга страна,обожавам да шетам со такви луѓе бидејќи те оставаат на мир да размислиш за некои работи.Имаш друштво,а не зборувате ами секој со своите мисли.А не си сам.
 

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
Глупи се луѓето што молчат поради срам. Тој срам е детска работа. Ако си го имал, требало до го искорениш до 18 години максимум. Ако не си успеал сам и сеуште се мачите со срамот, побарајте помош од поискусен. Нема потреба да се молчи поради срам.
Дури и жал ми паѓа кога ќе видам дека некои деца си го чуваат мислењето за нив на часови. Кажете бе, голема работа и да се насмеат другите. Никој не се замара со тоа, минливи моменти се. За два дена се` ќе се заборави. Деца сте, средношколски живот е тоа. Тривијалните моменти како тие никој не ги памти.
Од 100 работи кажани, бар 80 треба да бидат добри.
Пред се` треба самодоверба, тоа што ќе го кажеш ти не е глупо. Повеќе луѓе ги сметаат за глупи луѓето што молчат отколку што кажуваат глупости. А и како што можете да приметите никој не сака молчелив човек во присуство со него.

Е сега, ако се ослободиш од потребата од туѓо мислење, ќе се ослободиш и од срамот. Но ножов е со две острици. Кога ќе се ослободиш од потребата од туѓо мислење, нема да те интересира што другите ќе мислат за твоето мислење, па нема да имаш потреба да го кажеш своето мислење. И во овој случај си молчелив по избор, од желба, а не од срам. Ваквите луѓе не ги сметам за глупи, но овие се полоши за во друштво од срамежливите. На срамежливите ќе им помине срамот и ќе почнат да зборуваат некогаш.

Многу луѓе молчат зашто немаат што да кажат. Ако им се погодат темите, верувам дека и они можат да зборуваат без престап, но нема ни збор да кажат на теми што не ги интересира.

Не знам зошто толку ви пречи на вас зборливите да бидете со молчелив. Баш тој е најдобриот пар. Мора да има некаков баланс. Двајца зборлеви ќе се натпреваруваат кој попрво да каже нешто, а па двајцата молчеливи ќе седат во потполна тишина. Покрај тоа, па и ако приметите дека некој е срамежлив и поради тоа молчи, не треба да се чувствувате вие незгодно како да не го интересира што вие зборувате.

Имам приметено дека некои ги сметаат молчеливите за паметни луѓе. Бидејќи додека молчеле ги анализирале другите луѓе, размислувале...а нема врска. Чисти глупости. Јас ги сметам за глупи, безвредни пички што дозволуваат срамот да ги кочи во животот. Ако си доволно паметен и вешт, не ти треба тишина и молк за да процениш и анализираш други луѓе.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Имам приметено дека некои ги сметаат молчеливите за паметни луѓе. Бидејќи додека молчеле ги анализирале другите луѓе, размислувале...а нема врска. Чисти глупости. Јас ги сметам за глупи, безвредни пички што дозволуваат срамот да ги кочи во животот. Ако си доволно паметен и вешт, не ти треба тишина и молк за да процениш и анализираш други луѓе.

Според пишаното, многу добро знаеш какви се, што мислат и како функционираат оние што молчат од срам.
Едно од поинтересните мислења што ги имам прочитано, искрено. Еден дел е охрабрувачки и поттикнувачки за оние кои молчат од срам, а од друга страна постои онаа доза на фрустрација поради истата таа молчеливост. Зошто, if I may ask?
Веројатноста дека овие навреди идат баш од личност која срамот ја закочил во некоја цел од животот, е огромна.

Патем, другпат внимавај на јазикот. :)
 

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
Според пишаното, многу добро знаеш какви се, што мислат и како функционираат оние што молчат од срам.
Едно од поинтересните мислења што ги имам прочитано, искрено. Еден дел е охрабрувачки и поттикнувачки за оние кои молчат од срам, а од друга страна постои онаа доза на фрустрација поради истата таа молчеливост. Зошто, if I may ask?
Веројатноста дека овие навреди идат баш од личност која срамот ја закочил во некоја цел од животот, е огромна.

Патем, другпат внимавај на јазикот. :)
Во целиот пост сум опишан јас, не треба да си психијатар за да процениш тоа. Сум бил молчелив од срам, сум го поминал тоа, иако не ми правело проблеми тогаш. Сум бил молчелив од желба со многу луѓе. Општо, ги сметам за безвредни вагини (може вака?) луѓето што патат од срам, немање самодоверба, суицидни и слично.
Не треба да им биде обезхрабувачки тоа. Треба да се соочат со реалноста дека патат од лесни проблеми што самите ги прават тешки. Луѓето преживуваат во глад, преживуваат рак, преживуваат тешки повреди, преживуваат губење на блиски, а на нив срамот им прави проблеми.
Туку, ајде. Секој мора да си има проблеми, па тие што ги немаат, ќе си прават сами тривијални проблеми
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Тој, ма, мене воопшто не ми пречи речникот, можам да се адаптирам, туку правилата се такви.
Нејсе, тогаш и самиот знаеш како е срамот кога те спречува, тоа е нешто што премногу тешко се контролира, а зборови ко „Молчеливите луѓе се безвредни вагини“ не мислам дека некој кој се справува со срамот би ги сфатил ко поттик, напротив.
Не е убаво да го мразиш она што некогаш си бил, зашто си имал причина за тоа, и која и да била, мило ми е што си ја надминал.
Имам споменато за себе, и уште важи дека понекогаш се срамам, и тоа ми е понормално отколку да млатам празна слама колку да ме има во муабетот. Мојот срам баш потекнува поради тоа што ко помала секогаш брборев со одговори и идеи на училиште, па се случи тоа да пречи на многумина, и на крај резултираше со повлекување и затварање од моја страна. Во голем број случаи не си ти (општо зборам) крив за својот срам, туку околината која нема усул и не знае да прифати нешто поразлично од она кое им ласка на егото.
Како и да е, се разбраме. :)