Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Некогаш.... вечното ветување дека ќе се вратиш.
Ме обзема копнеж на сето она што некогаш го имавме заедно ти и јас.
Вечното прашање проследено со стравот на разумот и несигурноста. Дали ќе бидеме тоа што бевме. Или ќе биде нешто сосема друго. Како друга девојка, други чувства. Различна љубов.
Се плашам од „истоста“. Затоа што за мене ќе бидеш позната, веќе видена, загубена љубов. Ќе те сакам како на почетокот, а ќе се уништам за да те замразам. Бидејќи јас не знам да те мразам. Да знаев, ќе умреше со сите чувства проткаени и фрлени во заборавот. Ќе беше отфрлена уште од самиот почеток. Ќе заборавев на возот полн со спомени, некаде заглавен во нишките на меѓупросторот. Индиферентноста ќе исчистеше се`. Ќе замрев и јас, некогашниот сонувач. И ти никогаш немаше да се вратиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Luckky

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Ако некогаш се вратиш, нека биде тоа кога ќе престанам да те сакам... и не носи со себе ни еден спомен,
тие се за минатото..мене и така доволно силно ме боли сегашноста без тебе..
Ако некогаш се вратиш, ќе ти кажам колку силно те сакав, како ме болеше секој ден без тебе, секое сеќавање, секоја ноќ
и утро во кое одѕвонуваше твоето име, за да ме потсеќа дека си мојата рана која сеуште не зацелила..остани таму
кај што си..си дадовме се што можеше во еден живот..иако ти секогаш ќе бидеш мојата желба
и кога за последен пат ќе ги затворам очите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and Prashina

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ако некогаш се вратиш тагата ќе престане да се прелева во сребрената светлина на месечината а солзите ќе се измијат во црвеното изгрејсонце во рана есен.
Ако некогаш се вратиш мелодијата отсвирена на клавир само за нас повторно ќе го добие стариот нежен мелос.
Ако некогаш се вратиш сите ветришта кои во круг ме вееја, конечно ќе ми го покажат правецот на едрење.
Ако некогаш се вратиш сета надеж што пламти во мене ќе расцвета во раскошен цвет на радоста.
Ако некогаш се вратиш ќе ти кажам се што еднаш не успеав, ќе дознаеш се што премолчев и ќе разбереш се што кажав.
Ако некогаш се вратиш ќе најдеш запрашени чувства и свежи рани, потиснати копнежи и пискави болови. . .
И најважно, ако некогаш се вратиш понеси ја насмевката. Насмевката која ми го грее срцево и кога само ја замислувам. .
Ако некогаш, а можеби никогаш...
Ех ако некогш се вратиш да би останал засекогаш. . .
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ако некогаш се вратиш како сон, дојди како кошмар можеби така ќе се убедам себеси дека си зло, а злото не треба да го посакувам покрај себе.
Ако се вратиш како сенка, тогаш остани вечно зад мене, но никогаш да не те гледам кога ќе погледнам назад....
Ако се вратиш како мисла, тогаш нека биде црна, мрачна и неподнослива, мисла што ќе биде незамисливо веќе да ја помислам..

Но ако се вратиш ти..
Не заборавај како замина.
Не заборавај како што ни јас заборавив и некогаш ќе заборавам.
И не прашувај од кога ме нема и не постојам.
Не прашувај како тагата боли... И зошто си го мразам секој роденден.
Не прашувај кој е тој кој те заменил и со кого сум среќна. Не прашувај зошто го нема, не постои.
Ако се вратиш не заборавај да си ги собереш и прашалниците што ги остави зад себе, да го расчистиш хаосот што го остави...
Ако се вратиш не заборавај да не ја отвориш вратата која ја затвори без збор, без објаснување...

Ако некогаш се вратиш, не заборавај да објасниш...

И засекогаш да исчезнеш!
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ти веќе не си тука..
Стари јадови и копнежи го болуваат твојот лик на младата месечина..
Тивко во ноќта една солза лизга по моето лице и капнува на подот, растреперена, како мене..
Но колку солзи и да исплачам, море од солзи на брегот да создадам, ти..нема да ми се вратиш.
Тебе Бог подобро место ти чуваше, далеку од сите страдања на овој бел свет, далеку од сите злобни лица, далеку од мојот живот..
Знам дека таму ангелите плетат мрежа од љубов, исткаена низ соништата, просветлена на небото..а ти се измиваш во таа љубов,
тивко ми доаѓаш во сонот, ме галиш по косата како ветрето што ги гали калите на брегот, ми кажуваш дека ти е добро..
Но мојата љубов не преболува, секој божји ден гори во моето срце желбата да го видам твојот лик, макар уште само еден пат..
Но, ти..
Ако некогаш се вратиш, тоа ќе биде во спомените, во тие стари излитени мисли на прекрасните денови на тоа лето..
Ќе се вратиш и онака ноншалатно ќе го растрепериш цело мое тело, твојата дланка ќе ја почувствувам на образот, ќе ме погалиш..
Ќе ме погалиш баш онака како што умееше само ти..
Во моите спомени ти си беспрекорна светлина, идеал и совршенство во моите очи..ти си просветление на мојот веќе мрачен живот..
Ако некогаш се вратиш...тогаш Бог ќе ги услиши сите мои молитви, сета моја жед ќе згасне, очите ќе пресушат, здивот ќе запре..
...затоа што тогаш веќе ќе дојдам при тебе и заедно ќе се измиваме во исткаената мрежа на љубов која ангелите ја прават за нас..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Ако.
Ако некогаш си во оној град, оној град каде се држевме цврсто за рака.
Градот каде што за прв пат ги споивме нашите усни.
Ако некогаш поминеш покрај оној ѕид од метар висина каде што јас те чував во прегратка.
Ако.
Ако некогаш се сетиш онака низ мисли, застани само за миг кај оние наши заеднички вечери.
Оние наши расправи кои стално завршуваа со прегратка и насмевка, застани.
Застани и таму каде што туркавме бетонски бандери кои ни беа на патот, замисли колку бевме цврсти јас и ти.
Јас и ти, толку добро звучи.
Да, јас те запознав тебе а ти мене, ти го гледаше она што милион луѓе не го видоа кај мене, а јас го видов она што никој не го виде кај тебе.
Ако.
Ако веќе сакаш, помини и покрај оние скали на кои во длабока ноќ разменувавме нежности, и само слатко насмевнисе.
Така ќе знам дека си била таму. Колку и да сум далеку ја осеќам твојата насмевка.
Таа остава трага, остава а јас го чувствувам тоа и на илјадници километри.
Ако некогаш се сомневаш во она што ми го кажа, во она што ме замоли кога блескавме од радост, среќа и љубов покрај пенливите и студени бранови знај дека ШТО И ДА Е, ТЕ ПАМЕТАМ !
Kako што ти ветив !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crvenkapa

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ако некогаш се вратиш,побарај ме.Не за да бидеме повторно заедно,ниту пак за да останеме пријатели,ами за да видиш што направи од мене.Ако некогаш си среќна и ако срцето среќно ти потскокнува,сети се дека некогаш и јас бев таков.Сети се дека некогаш некој те сакал толку многу што би си го дал и животот за тебе.А тогаш види ме во твоите мисли сега,пропаднат и безживотен.Почувствувај ги мојата болка и мојата тага бар за момент,а потоа запрашај се дали твојата совест може да те остави мирна,бидејќи совеста е како душата на еден човек.
Ако некогаш се вратиш,се надевам дека ќе се вратиш запознаена со љубовта.Ако си ја искусила,тоа значи дека си среќна.Ако си среќна,тогаш љубовта е возвратена.Ако љубовта ти е возвратена,се надевам дека си станала подобра личност.Ако,ако,ако...на крај се се сведува на тоа 'ако'!
Ако некогаш се вратиш,врати се сменета.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Парчиња. Едното на аголот каде што ја остави неа. Друго во куќата каде што го минав сиот живот. Трето не знам на кое место.
Парчиња. Едно во моето срце, друго во моите мисли, а третото во битието на сестра ми.
Парчиња. Тоа ќе најдеш ако некогаш се вратиш.
Не знам зошто воопшто размислувам на минималната шанса ти некогаш воопшто да помислиш на нас. Луд сум што се’ уште се надевам дека сакаш да се вратиш.
Всушност чекај... Како може да се вратиш на место каде што никогаш не си бил? Како може твојот чекор да те одведе на уличка по која никогаш не си минал?
Знам... луд сум. Луд, затоа што се’ уште во мојата глава вирее мисла дека ти некогаш ќе не почувствуваш како нешто свое и ќе не побараш.
Знам... не го гледам она што сите го гледаат. Она што веќе дојде време конечно да го видам.
Конечно време е да видам дека ти...
Ти... виновникот за моето постоење.
Ти... креаторот на моето чекорење.
Ти... оној што би требало да го наречам со име кое никогаш го немам изговорено.
Ти... никогаш нема да се вратиш. Никогаш не си бил тука. Никогаш нема да бидеш.
Знам, време е да го видам тоа и да продолжам напред.
Но... како можам да продолжам кога љубопитноста упорно ме тера да гледам назад, за да го видам она што никогаш не сум го видел. Но, како да видам нешто што никогаш не било тука?
Дали гледаш човеку? Премногу точки. Премногу мисли кои немаат свој крај.
Дали гледаш човеку? Премногу чувства. Премногу прашања што немаат свој одговор.
Човеку! Како да го завршам ова писание кое не го ни започнав како што треба?
Сепак... те молам, ако некогаш се вратиш... помогни ми да ги составам сите овие парчиња. Помогни ми да сфатам зошто...
Помогни ми овие мои мисли конечно да имаат некоја концепција и смисла...