Дали некогаш сте плачеле во јавност?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Плачењето кога ти е тешко не е слабост и тоа не бира кај си и со кого си....Мене лично ми дошло да се расплачам на јавни места само што сум собрала сили сум се воздржувала и сум ги враќала солзите назад зашто не сакам да драмам...па после на раат сум се исплакала или насамо или на рамо на некој близок...пред блиски не ми е проблем да се исплачам а ако ми дојде би се исплакала секаде и пред секого ако веќе не можам да се воздржам...а многу мрзам цмиздри кои плачат за се и сешто...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
нормално...луѓе сме,нема ништо срамота во тоа да се расплачиш пред други...сум плачела во јавност онака по некоја солза имам пуштено,сигурно не на глас ааааааааааааааа :place :D
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
се имам расплакано за еден пациент,ме потсети моето плачење на една епизода од д-р хаус
пациентот беше млад и се направија а неможеа да го спасат никако,знам дека не требаше ама тажна беше ситуацијата кога им кажуваа на фамилијата дека тој повеќе не е жив,неможев да се додржам,тоа беше 2-ра година на факултет-уште немав расчистено со емоциите и факултетот
плачев на цел глас,потоа се скрив во вц-то и додека не се смирив не излегов (потоа подолго време не ми излегуваше од глава случката)
не се срамам да се расплачам,знам еднаш и на пораѓај доста компликуван се добро излезе на крај немаше кој не се расплака,сепак се спаси еден детски живот и тогаш од ќеиф се расплакав
е сега веќе 4 години се немам расплакано,некако имам друго гледиште за ситуациите не ми е срам сепак кога треба да се расплачам јас сум ладна како туш и одма размислувам како да помогнам-веќе расчистив со емоциите
-дури кога баба ми почина плачев дома и ми беше жал,но кога беше погребот ниту една солза не пуштив,заштитнички се однесував кон сите и така ладна бев на самиот погреб-колку само сум станала ладна но не и безчувствителна
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Последно во еден ресторан бевме собрани цело друштво. Имаме другарка која почина пред 3 години, па кажувавме убави моменти поминати со неа. Кога другите раскажуваа се воздржував, ги враќав солзите, ама кога почнав да раскажувам јас не издржав и ги оставив да течат.
Скоро и никогаш да не сум заплакала пред и после ова во јавност, ама ете ептен се натажив.

А во врска со плачењето во јавност, кога некој ќе заплаче и одма судиме-ете ја оставил дечкото, цимоли, замара.. Па зјапаме ко недоквакани, и после тоа ни е топ тема една недела. И јас правев така дур не ми се деси ова.
Ете треба да доживееш за да сфатиш.
Сит на гладен не верува : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

mirror

Истакнат Член
15 мај 2013
12
8
103
31
Секогаш собирам сила за да не заплачам, имам толку многу причини да плачам, но јас не покажувам слабост пред луѓето, незнам зошто но во јавност несакам да ме видат расплакана. Секогаш сум насмеана пред пријателите, плачам кога сум сама. Бидејќи кога сум тажна несакам да ме опсипуваат со милон прашања од типот: Што ти е ? Што се случи? Зошто си тажна? Зошто плачеш? :| .


Ке раскажам една случка која ми се случи во јавност да заплачам ( неможев да се приберам)
- Се случи на свадбата на мојот братучед. Цел ден ми беше наопаку, неможев да се подготвам како што треба, ми се изнаслучуваа и многу др работи, а јас сама едноставно неможев, ми беше потребна поддршка од некого , но јас бев сама :(. Но тоа не беше причината за да заплачам, туку помислата дека се ќе беше поинаку доколку имав мајка :( . Се во животот ќе беше полесно само таа да беше покрај мене. Ги гледав така многу девојчиња со своите мајки а јас бев толку осамена, и така едвај се прибрав, ме забележа мојата прва братучетка и ме праша што ти е , а јас само се насмеав и реков дека сум многу среќна за братучед ми од среќа плачам, така ги избегнав сите прашања.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Да, еднаш и ко за беља налета другар од средно што го немав видено откако завршивме, па морав да лажам дека имам алергија на очи. :rolleyes:
Инаку одредени моменти не бираат време и место за случување и каква лавина од емоции ќе повлечат со себе. Сепак, ако плачете гледајте да е на дожд за да се претопи тоа со вашата кошула или здолниште.​
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Како мала може да се рече дека секој втор ден плачев и тоа најчесто пред многу луѓе. Кога малку пораснав и почнав појасно да гледам на работите си реков веќе плачење пред други или воопшто да плачам за некој/нешто НЕ! И стварно така бидна е барем пред јавноста. Од тогаш до ден денес на прсти се бројат моментите кога сум плачела пред други луѓе од кои само еднаш беше баш пред непознати иначе само пред моите неколку пати имам заплачено и толку и тоа не сакав ама не можев да се контролирам си дојде само од себе .:/ А инаку знам да си се затворам во веце и скришум да си поплачам малку посебно кога ми е многу тешко, а немам на кој да си ги искажам маките... како и да е убаво е да се плаче очите се прочистуваат :) и доста смирува кога се ти е преку глава или па не можеш глава да кренеш од проблеми само уште и да има кој да те ислуша и секој ден би плачела :D
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Мојата емотивна, длабоко (не)потисната страна, често испливува на површина :D
Си се декларирам како плачка, затоа што сум слаба на емотивни настани, добра песна, убав збор..така да, често ми доаѓа да се разлигавам што немам време да го бирам местото каде ќе плачам.
Тоа „плачење“ не мора да се подразбира како лиење на крокодилски солзи и драматично лелекање, може да претставува и само една тивка солза која ќе ти се лизне низ образот или едноставно само ќе ти се наполни водичка во очите т.е. ќе ти се насолзат очињата.
Не се срамам од тоа, зошто е дел од мене и каде и да сум јас си го носам со себе.
А тоа кога ќе дојде, не бира ни место ни време.