Интимна (исповедна) проза

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ќе биде уште еднаш. Повторно...
Во истата улица, истата зграда. Собата со истиот мебел, истите светла. Истата пригушеност додека те прегрнувам. Додека тонеш внатре длабоко. И усните. Поготово тие. Ги шепотат истите ветувања, ме милуваат со истиот интензитет... со истиот вкус. Дека се` ќе биде во ред. Љубовта е најдоброто нешто што ти се има случено од многу одамна. Ме плаши тоа што не си во право. Дека молчам без да ти кажам дека ми е страв. Страв од истото. Дека е прекрасно. Дека уживам. Дека полека ги собирам пипците и се приврзувам за нештата. Дека постанувам зависник од истите. А особено крајот. Секогаш крајот, кога еден од нас нема да биде тука. Кога вкусот на усните нема да биде повторно ист. Кога на нашите тела ќе им се одмили секаков допир. Кога погледите ќе ни` се разидат. И светлината ќе биде друга. И собата повторно нема да биде иста. Кога јас ќе бидам мртов... внатре во себе.

А тогаш одново се враќаш ти.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Тој мирно седеше спроти мене. Мирно го ткаеше испуштениот дим во форма на разгневен бик, опуштено и елегатно. Тој беше пример за сите. Секогаш пресметлив и трпелив ја рушеше мојата харизма и сензуалност, бидејќи беше посилен и похрабар каде што потклекнаа моите психолошки моменти што беа битни за сопственото реализирање.

Исполнетоста на собата ја претскажуваше иднината, а таа беше толку неурдна и бурно нападна, како нејзините емоции, како моите и на уште некоја читателка. Јас верував дека сум доволно цврста за моите цели, верував дека некогашните моменти ќе бидат проткаени со совршеност како кашмир. Но ги немаше. Од мене излегуваше чудна аура, неопислива... Како црвената улица во Амстердам, сите излози се црвени, а оние на транвестите, на шимејл се плави, недефинирани. Таква е аурата, некреативна, неспонтана, злобна, нападна. Со цел да нанесе штета без да постигне одредена цел. Вистински оксиморон за љубителите кои го проучуваат. Вистински микс за одбивност кај луѓето што ме сакаат. Вистинска подлога за релативно добро губење на тлото под нозете. А јас тонам. Тонам во сопственото разочарување, во сопствената меланхонија, во сопствената дупка...
Тонам онаму каде што требаше успешно да препливам или да ги прескокнам пречките на трката.

Очај. Мал дел од таа меланхонија. Го молам да се врати. Која патетика! Јас да молам? Ха! Тоа е таква научна фантастика за сите научници кои имаат многу формули потврдено, исто толку продадено како изум, но за хемијата и за моето вистинско сурово лице верувам дека не измислиле ниту еден лек. Ги жалам и нив.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Не знам која ми беше намерата. Веројатно судењето кое сметав дека си го должам, а од кое се откажав сосема доброволно. Всушност не се сеќавам дека некој побара од мене да се откажам. Сама си го наметнав изборот, прифаќајќи ја без збор казната која, повторно сама си ја одредив.
Доброволно се прогласив за виновна и сосема лесно зачекорив внатре.

Затвор. Константна суштина, а безброј променливи форми. Едно правило од кое произлегуваат низа други. Ограничувањето на просторот и слободата крие невообичаена илузија. Ослободување.

Намерно запрено време. Поточно намерно поништено значење на времето. Наспроти тоа уште една илузија. Бесконечност. Моменти без почеток, без средина и без крај.

Совршено спроведен злосторнички чин. Убиство без убиство. Достатно оддалечување од местото на злосторството, оставајќи ги на сосема другиот крај од универзумот сите можни сведоци. Сите оние кои би можеле да насетат. И да се побунат. Оставајќи ги и оставајќи им само кратка цинично напишана реченица – мој живот, мој избор. Најлесно разоружување на противникот.

Но, чудни сме. Сите ние. Стремежот нѐ води напред само до таму. До стасувањето.
А потоа?
Страотно разоружување на себе си. Пред себе.

Бесконечноста е сосема доволно време за тивко размислување. А потоа некаде напукнува заштитата.
Си ја одредив казната, а избегнав да си го прочитав обвинението.

Случајностите не ги достигнуваме случајно. Имав намера. Да се оддолжам. Себе си.

.................
од едно време кога пишував ( ко да беше пред цел век)
12.21.11
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
„Ова е само уште една зима“, рече тивко, погледнувајќи се во огледалото. „ Секоја сосема поинаква, а сепак толку неподносливо иста… Некои нешта никогаш не се менуваат… да… сеуште проклето мразам огледала…“
„Погледни подобро“ сакав да ѝ одговорам. „ Подгледни, таму ти се крие насмевката, таму ти спие љубовта, таму ти е сѐ што тој ти подари…„ Премолчев.
Некои нешта сепак не се менуваат.
И таа е сеуште иста.
Секој има свој заштитник. Нејзин е ноќта. Ја прегрнува и крие од сѐ и од сите. А таа бега од сите.
„Знаеш… секогаш можеш да одбереш дали, како и колку ќе гледаш нешто, сѐ, било што. Освен едно… А во тоа едно, е собрано сѐ…“
Да, таа сеуште проклето мрази огледала.
И сеуште тивко умира во зима…
08.01.13
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Марија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Повторно јас, ако?
Знам, напорна сум понекогаш, додуша многу повеќе од понекогаш, ама ете, таква сум. Би се променила ако можев или ако знаев како или… ако сакав… Уште да имаше некаква улога во менувањето, желбата да се промениш. Добро, можеби има, донекаде, ама сепак, некои нешта, колку и да сакаш, едноставно не можеш да ги промениш…
И така… повторно јас…
И моите милион и едно прашање…
Ако?
Не мораш да ми дадеш одговори, не мораш да ми дадеш ниту еден одговор, само слушај ме, да не си зборувам сама со себе, да не сум сама додека ги барам одговорите некаде во мене. А обично таму се, нели? Во нас?
Знаеш што би сакала да знам?
Сакам да знам зошто сме такви какви што сме, поточно зошто не можеме да се менуваме, барем не премногу. Знам дека секоја промена е секогаш поттикната од нешто, најчесто некој. И скоро секогаш, не ни забележуваме кога се менуваме, ни како се менуваме. И скоро секогаш, менувањето е бавен некој процес. Освен понекогаш…
Понекогаш се менуваш за час, некој те менува за час…
Се менуваш? Или само наоѓаш храброст да си вистинскиот ти, тој што си, не тој што очекуваат да бидеш, не тој што сакаат да бидеш, не тој што сакаш да си за нив, ами најискрено пред себеси, самиот ти. Со сите светли и темни страни.Некој успева да те види, вистински да те види, без да те осуди, без да ти каже што и како би требало да промениш, едноставно те гледа и вели – па знаеш, во ред е …
Ни треба тоа во ред е, нели?
Ни треба многу…
Ослободува некако…
Но како да си го кажеш самиот на себе тоа? Дека е во ред? Да бидеш тој што си? Таков каков си, со сите светли и темни страни, со сите насмевки и солзи, со сите порази и победи, со сите желби и соништа, со сите грешки, со се` твое, такво какво е…
Да се видиш самиот себеси…
Знам…
Некогаш може да биде опасно…
Некогаш е подобро да не знаеш што имаш скриено длабоко во себе…
Или?

02.24.11
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кинескиот ѕид на реалноста

Тишина помешана со звук кој е производ на часовникот.
Тик,так,тик,так...
Времето кое не постои,отчукува на ѕидот во дневната соба.
Се поместувам низ креветот трудејќи се да ја надам правата позиција.
Час на едната,час на другата страна.
Дури и во сонот неможам да го најдам своето место.
Станувам палам цигара и повторно легнувам.
И повторно истото.
Некоја веќе видена шема.
Истите мисли,истите прашања.
Некој си е**н лавиринт кој нема почеток нема ни крај.Но верувам,излез.
По незнам кој пат дозволувам да навлезе во мене,
во мојот свет.
Овој моментално навидум сигурен свет.Свет со граници.
Свет во кој се е реално.Свет без желби,без фантазии,свет во кој постојат само моменти.
Успевав да паднам во ништото,се изгубив и пронајдов таму.Баш таму.
Во ништото.
Она што го барав чинам го најдов.
Или само делче од сето тоа.
Делче доволно да го составам мозаикот кој го створив.
И градејќи повторно еден друг овојпат сигурен свет,го пуштам него внатре.
Причинителот за падот.Убиецот.
Дали она што не убива не прави посилни?
Дали тој,мојот убиец е и мој спасител?
Го пуштам,но очекувам да плати влез.
И повторно очекувам.
До каде ќе ме доведе тоа?
Се надевам не далеку од себе.
Реков свет со граници.
Можеби е потребно да ги тргнам бариерите кои стојат како заштита пред мене.
Оние кои ги градев внимателно веќе подого време.Цигла за цигла.
Ден за ден.Чинам успеав са го изградам кинескиот ѕид околу себе.Сокривајќи го секое едно делче од моето битие.
И целото тоа дело да го срушам за миг?
За тоа треба храброст.
А храброста е тесно поврзана со лудост.
Којзнае зошто е тоа добро?
Можеби за да положам уште еден испит на животот.Истиот испит на кој веќе еднаш паднав.
Стои пред мене и од него зависи се.
Ја палам последната цигара од кутијата и се губам во фигурите на димната завеса на мислите и соништата..си го дозволувам тоа..само оваа ноќ..само оваа ебена ноќ.

Август 2013
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Umpuranche

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Ми се идеше да го фрлам едниот скинат чорап што смрдеше на модар патлиџан од балконот, но го сожалив комшијата потпрен на оградата еден кат подолу. Утрово пајажината во ќошовите даваше посебен блесок, а лебарките кој шетаа по собата ми го кршеа септемвриското расположение. Го прочитав хороскопот на фемина и ми текна дека беше за жени. Ми се идеше да и се извинам на lady_blue за вчера ама ужасно ме мрзеше па не го направив тоа. Отидов да купам леб, но во продавницата немаше тоалет папир па купив една кутија Родео. Прднав 3-4 пати од продавницата до дома, а потоа отидов да играм фудбал и си дадов 5 авто гола. Учителката во школо ме праша како сум си го поминал летниот распуст, а јас и реков " Исто како лани учителке " а потоа ја учевме на памет песната Септември од Коле Неделковски во сред Понеделник. :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Harmonija
"Отидов да купам леб, но во продавницата немаше тоалет папир па купив една кутија Родео. Прднав 3-4 пати од продавницата до дома, а потоа отидов да играм фудбал и си дадов 5 авто гола. "

:rofl :rofl :rofl уште од сабајле.

Продолжи да бидеш свој,различен и оригинален
најубаво е така ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija and Photographer

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За човекот кој го љубев

Утрово додека те возев на работа,
ти реков:
Не оди вака повеќе..
Ќутеше затворен во себе неспособен да кажеш било каков збор.
Те прашав:
Чувствуваш ли нешто кон мене?
Како да го очекуваше ова прашање,одговори брзо без размислување:
А што треба да чувствувам?
Ти се промени,ти не си веќе таа која некогаш ја знаев...
Тлото под нозете исчезна во тој момент.
Под наочарите за сонце почнаа да лијат солзи.
Колку и да се трудев да ги сопрам тие не запираа.
Како душава да беше небо полно со облаци кое секој момент се спрема да го истури сето она што со години се надобрало во неа.
Јас се променив..
Колку сакав само да ти објаснам зошто..
Колку само посакував да знаеш.
Но не можев.Во глава ми се вртеше реченицата:
Ти се промени,не си истата..
Дали знаеш дека ти беше причината за тоа?
Дали знаеш дека ти го дадов секое делче од мене,заедно со мојата душа,сакајќи да те допрам?
Да те допрам таму длабоко каде никој не стигнал?
Сакав да те откријам,твојата мистериозност ме привлекуваше.
Тоа нешто во тебе кое беше затворено со ѕидови и цигли.
Пробував да навлезам во тебе од сите ќошиња и страни.
Барав пукнатина,чинев од таму ќе влезам и ќе те допрам..
Но не успеав.
И ти се предадов комплетно,дозволувајќи да ме обликуваш како сакаш..
Како да бев од глина.
Заборавив која сум,заборавив што сакам..
Своите желби и своето битие го заборавив давајќи ти се себе.
Како кога подаруваш некому поклон.Јас ти се подарив комлетно.
Никогаш не го сфати тоа нели?
Се изгубив себе,те изгубив тебе.. Се прашувам дали некогаш те имав?
Или го имав само твоето боженствено тело?
Убавината нема значење за мене.
Не надворешната.
Го изгубив сето она кое се нарекува љубов и почнав да венеам.
Како цвеќе кое не се залева редовно со љубов..
Не сум песимистички настроена.
Секогаш го барам она убавото во падот.
Но ова...ова е крајот..
Затворена во кафез,ја барав слободата.
Почнав да чепкам по себе,мислејќи дека проблемот е во мене,што не функционира.
Да беше и се уште е.Си фалев јас.
И сега кога се наоѓам и си го враќам она што е мое...ми кажуваш јас се променив.
Не,јас не се променив.
Јас сум само јас.А тоа не ти одговара.Никогаш и не ти одговараше.
Нешто во главата ми рече:
Биди воин,не се предавај.Биди амазонка..
И ќе бидам.Си го ветив тоа.И да паднам,пак ќе станам,не попуштам.
Ова е уште еден предизвик кој ќе ме направи посилна.
Вечерва одам,рече.
Оди,среќен ти пат,ништо нема да држам со сила.
Се имам себе и доволна сум си,сама ќе ја залевам својата душа со љубов и хармонија.
Не ми е потребен никој за тоа.
Животот ќе продолжи и ќе го живеам фарбајќи го во најубавите хармонични бои и нијанси.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Волкот самотник

Понекогаш постојат времиња кога ми е потребен.
Баш тој.Волкот самотник.
Неговото присуство ме смирува,ми дава крилја да полетам.
Тој не бара ништо за возврат.
Секогаш ми дозволува да седнам до него и да го прашувам милион чудни,луди и необични прашања за животот,давајќи трпеливо одговори кои самата морам да ги протолкувам.Понекогаш само молчиме,затоа што зборовите ја губат својата смисла и вредност.
Ја сакам неговата мудрост и внатрешниот мир кој го поседува.
Неговата моќ е нешто пред кое имам почит.
И ги запазувам границите.
Не му се приближувам повеќе од потребно.
Знам дека постои опасност да се наруши хармонијата на нашите два слични но тотално различни света.Знам дека постои опасност да се изгубам во неговата глад за љубов.
Дека постои опасност да ме раскине.
Тој е посилен од мене.Многу посилен.
И пазам.Внимавам.На прсти како изгубена плашлива срна нечујно и нежно му се приближувам и седнувам до него,набљудувајќи го и насмевнувајќи му се мило.
Знам дека е осаменик.
Лута по светот барајќи го она што му припаѓа.
И не припаѓа никаде.
Тој е сам.Не,тој не живее само во степата.
Тој е секаде,мутира во секакви ликови и карактери и тој е никаде.
Семоќќен е волкот.
Јас сум само случаен минувач на судбината створен да ја разбие монотонијата на неговиот живот.
Го хранам со малку љубов,онаа света чиста љубов која ја носам во себе,слушајќи ги неговите приказни од патот по кој минал.
Се чувствувам заштитена и се полнам.
И пред да посегне по мене јас одам.
Не го очекувам и не го барам повторно.Не сум тажна што неможам да го задржам крај себе.Тој е суштество кое бара слобода.Трага и демне.
Исто како и јас.Не знаеме да бидеме затворени во кафез создаден од ловците.
Единственото што можам да му го понудам е безусловна љубов во некој од нејзините чудни облици и форми.
И тој го прави и тој на неговиот специфичен начин неразбирлив за другите.
Го разбирам само јас
без да прашам кој е,не постои име.Волкот самотник.
Знае кога ми е потребен.
И знам кога дека ќе дојде.Некои работи едноставно ги знаеш.
Мистичен е волкот.И така прекрасен во неговото постоење.
Незаменлив и посебен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky