Skins

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Серијава ја обожавам! Затоа морам да отворам посебна тема. Ми се допаѓаат само првите 2 сезони, односно оригиналните британски. Многу поучна и сурово реална. Секој лик со посебна приказна.

Тони е популарен, атрактивен и интелегентен дечко. Неговите манипулации најчесто поминуваат незабележани, и се катализатор за повеќето сплетки во серијата. Сид е најдобриот другар на Тони, но има целосно спротивен карактер. Тој нема самодоверба, тој е социjално неприфатен и се мачи со школските обврски. Мишел, девојката на Тони, однадвор изгледа површна, некорисна и наметлива, но таа работи напорно, има силен интерес за францискиот и шпанскиот јазик, и е многу емотивно зрела. Таа и е пријателка на Кеси, ексцентрична девојка која страда од нарушување во исхраната. Кеси се обидува да ја скрие сопствената борба со менталното здравје, додека нејзините родители целото свое внимание го насочуваат кон нивното ново бебе. Крис е обожавател на забави и дрога. Тој има тежок домашен живот, неговиот постар брат починал на млада возраст од наследна болест, и живее сам бидејќи неговите родители го напуштиле. Тој е вљубен во професорката по психологија. Џал е разумно девојче со талент за свирење на кларинет. Нејзината мајка си заминала кога била мала и оттогаш живее со својот татко музичар и двајца браќа рапери. Мекси обожава да танцува. Тој е геј во тајност и портретиран е како привлечен, заводлив и талентиран, и е добро прифатен од страна на своите пријатели и врсници. Неговиот најдобар пријател Анвар е индиац кој не го прифаќа Исламот и не се двоуми за препуштање во предбрачен секс, алкохол и дрога.
skins_poster_from_U_K_by_lttlemscrz.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and Scars

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Само што ги изгледав и третата и четвртата сезона. Мислев дека ќе ме разочараат, но позитивно ме изненадија, дури ми се допаднаа повеќе од претходните две. Значително подобрена режија, се' изгледаше поживописно од претходно.
И едно браво за идејата да ја менуваат екипата на секои две сезони. Вака не може да ти здосади од истите карактери и никогаш нема да се чувствуваш дека е премногу и дека претерале. :)
Освен Effy и мајка и', воведени се нови ликови, сосема различни едни од друг, но наликуваа на некои од првите две сезони, градот и училиштето беа истите, но имаа нови пробеми и различно се справуваа со истите.
Единствено што не ми се допадна беше финишот. Наместо да го краси, овој делуваше со спротивен ефект.
Но сепак, солидно за тинејџерска драма.

Ме интересираше ако си запознаена, дали ќе продолжат со уште епизоди, или ќе застанат со вкупно шест сезони? (think)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не сум запознаена, всушност ги имам гледано само првите 2 сезони. Некако не сум заинтресирана да гледам понатаму, бидејќи си ја сакам оваа екипа на глумци, затоа и ми се допаѓа серијата. Можеби, ама само можеби, ќе почнам да ја гледам и 3тата, штом велиш дека е добра. :D

Иначе, кој лик ти е омилен? Мене еве од тие сезони што имам гледано, Крис ми е favorite. Многу ми е откачен, по малце глупичок признавам, ама интересен е. Со неговото мото "fuck it", најинтересни работи му се случуваат. Иначе, омилена епизода ми е таа со него, 4тата од 1вата сезона, иако е тажна.
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
И мене Chris ми беше омилен од машките, а Cassie од женските. И покрај сите проблеми што ги имаше, самата се избори и успеа да ги надмине и да созрее и психички и емотивно.
Во новите серијали малку е поразлично. Chris, JJ и Cook се тројцата мускетари, Katie и Emily се сестри близначки со контрадикторни карактери. Naomi е момичка која има многу потенцијал, но се плаши да им се препушти на чувствата. Effy се дружи со Panda (мислам дека се појави во првите две сезони), која ќе се заљуби во Thomas, црнец кој се преселил овде за да си го подобри сопствениот живот и како најстар син да ја извлече неговата фамилија од финансиски проблеми.
Cook многу личи на Chris. Начинот на однесување им е скоро исти, како и карактерот, најверојатно поради сличната семејна состојба. На почетокот можеби ќе иритира малку, но потоа ќе покаже дека освен забава и дрога има повеќе во него и ќе ти легне на срце. Исто така ми се допадна и JJ. Тој е гик кој боледува од Аспергеров синдром, но и покрај тешкотиите што ги има со сопствениот социјален живот, тој е единствениот кој се грижи за сите и ја согледува реалноста во светот околу него и гледа да им помогне на сите колку што може. :sreken
Освен овие двајца, нема некој друг што посебно го засакав. Само за Effy го променив мислењето, во првите две сезони мислев дека е манипулативна личност, ама не била толку лоша. :)
 

dreamydreamer

Староседелец
11 октомври 2012
38
47
1,018
Серијава ми беше една од поомилените, или барем 1 и 2-ра сезона.Ги гледав и другите, ама мислам дека ниедна генерација не ми беше како првата.И Макси ми е љубов, како и Еффи, одлични ликови.Инаку читав дека ќе има 7ма сезона,и ќе има по неколку лика од секоја генерација:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Седмата сезона е веќе комплетно излезена.. и изгледана. :sreken
Кој не ги изгледал, не знае што пропушта.
Го достигнаа врвот со оваа сезона, дефинитивно.