Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Неодамна.....мојот живот го сместив во еден од поголемите куфери.
Се помислив..дали да го затворам...
или
оставам простор за уште некои наредни случуванја.
Додека ги редев сликите ...се редеа и сите спомени .
Неверојатни емоции го преплавија моето срце.
Зарем сето ова е веке минато?
Минато...а...како вчера да било.Или не....како воопшто и да не поминало.
Еден детски плач ме врати во реалноста.
Куферот го затворив....Сакала јас или не.....тоа е веке минато.
.........................................
Еден куфер спомени е веке затворен.
Не тагувам.....еве можност да се отвори нов.
Во темнината на тунелот е најубаво кога ке ја здогледаш.....светлината на денот.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Одам . Убаво ќе беше да знаев каде . Само сакам да одам некаде каде што никого не познавам , никој не ме познава и некаде далеку од тебе ...
Чудно е како се одвиваа нештата ... Зима ,црвени образи , разиграни дечиња на снегот , по некоја залутана снежна топка и смеење , лизгалица направена од минувачите , смешно паѓање ,подадена рака , црвени образи но овојпат од срам , и еден поглед. Топло чоколадо , разговори , многу заеднички нешта и ветување за следно видување. Си дојдов дома а сеуште ги чувствував пеперутките во стомакот . Не , тоа не беа пеперутки , дефинитивно беа поголеми животинки... Додека ми се одржуваа олимписки игри во стомакот заспав , со насмевка на лицето .
Сега се пакувам . Надвор е пеколна горештина. Ми предизвикува мачнина и пијам чаша вода . Солени капки ми се слеваат низ лицето , но тоа се солзи . Незнам зошто плачам . Дали заради мене или заради фактот дека нема повеќе да го видам. Помислувам дека нема да ми собере се во куферот , но продолжувам да се пакувам . Наидувам на фотографија помеѓу една книга . Две насмеани лица. Не се прегрнати но околу нив се наоѓа прозирна прегратка која ги спојува . Девојката носи топол сив џемпер а момчето држи шолја чај . Околу нив неколку лица кои зјапаат , како и секогаш кога ќе блесне блиц од фотоапарат . Понатаму неколку лица со свои приказни . Некој нервозно пуши цигара , новопечен пар се расправа за неважни работи , девојка која се смее со солзи во очите... Но девојката и момчето не обрнуваат внимание на околината, тие само помислуваат : Ова е нашата прва фотографија ...
Време е да тргнам . Седнав да соберам храброст а солзите беа без прекин. Имав голема грутка во грлото и тешко ми беше да зборувам . Но и онака немав со кого . Помислив да се јавам за да се збогувам , но доволно го повредив . Подобро е да не знае... Станав и тргнав по улицата . Илјадници мисли ми се вртеа во главата и многупати се свртев назад како да сакав да се збогувам со мојот град,мојата населба,мојата куќа...Стигнав до еден свиок и видов знак кој имаше стрелка за свртување десно. Некој се нашалил и на знакот напишал ''To nowhere'' ... Почувствував како ме облива ладен бран.Свртев лево со сега зголемената грутка во грлото...
Додека ја слушав сирената , возот полека тргнуваше...Патниците влегуваа и излегуваа од купето , а јас помислував дали сум единствената која не сака да се наоѓа овде.Зјапав во небото а сонцето го сечеше прозорецот како што мене ме сечеше невидлив меч во срцето.Веќе беше на пола...
Размислував каде ќе ме однесе животот,по кои патишта ќе тргнам и дали ќе го сретнам некогаш...
Се преправав дека читам книга , само за да не разговарам со патниците во купето. И онака немаше што да кажам...Се обидов солзите да ги скријам со наочари за сонце но безуспешно , си наоѓаа тајни премини и сепак завршуваа на страниците од книгата . Некој човек ме гледаше со сожалување , и тоа ми паѓаше многу тешко...
Чудно е како се одвиваат нештата... Лето , пеколна горештина , јас патувам , сама , осамена ... Патоказот на љубовта ме донесе до тебе а јас го пропуштив тоа.Колку себичен и бесчувствителен треба да си за да го сториш тоа - се прашував. Ќе ме донесе ли пак до тебе , ќе добијам ли друга шанса, или се ќе остане како спомен ,како едно минато...Секоја приказна има крај.Нашата беше од оние приказни кои завршуваат тажно...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Сега кога ќе размислам, ни самата не знам што ме натера да скршнам низ чакалот, десно, тоа врело и пеколно попладне.
Можеби дека тоа беше последната шанса да го почувствувам тоа недефинирано чувство повторно. Којзнае.

Никогаш не ја сфатив суштината на тие попатни скршнувања, но без разлика на се', немо верував во нив. Да, не ја сфаќав суштината, но прилично ја чувствував несвесната потреба од истите.
Колку подалеку од другите толку поблиску меѓу себе, зарем не?
Секогаш велеше дека ги знаеш совршените места за бегство, патчиња кои секогаш свртуваа десно од патоказите. И навистина беа посебни на свој начин. Беа од оние места каде додека присуството на човечката нога отупавува, мирисот на љубовта чиниш постепено, добива поостра и посилна нота.
Места, на кои твојата ведра синоока насмевка ми се смееше погласно. Места, каде што напукнатата земја зема заслужена одишка од целодневната врелина на златното зајдисонце, а летниот ветер мириса на свежа слобода.
Места на кои можеш многу лесно да се изгубиш но многу почесто да се пронајдеш.
Ако знаеш како.
И ако имаш со кого.

Погледот ми застана на правта насобрана на моите кафени чевли. ,,О Боже, тогаш не ја забележував!". Најверојатно не ми ни била важна, горко и искрено си признавам.
Денес се е поразлично од тогаш. Освен оваа егзотична горештина.
Денес имам само куфер недогорена надеж обвиена во неколку прста прашина - тој ина неколку зрна слобода. Сфаќам, не е стрмнината пред мене што ме изморува додека бесконечно патувам, туку зрнцето песок залутано во мојот десен чевел. Смешно, толку мало а буди толку многу полузаспани емоции.

Го запалив автомобилот и тргнав пополека. По навика свртив десно...
Дестинација : Непозната.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, Saladin and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Таму некаде сокриени желби.
Капка немоќ,капка храброст.

Илјада патишта,илјада можности
ниеден патоказ,ниеден знак.

Чекор напред,паѓаш.
Чекор назад,тонеш.

Спремен да одиш,да стигнеш дома.
Ниеден пат не води таму.

Илјада возови,илјада приказни.
Луѓе,места,соништа.

Стоиш и гледаш низ очите на светот.
Прашања исти без крај.
Кој пат?
Каде?

Куферот останува доле под креветот.
Ова е мојот дом,ова е патот кој го одам,
ова е сонот кој го живеам.
Овде припаѓам,овде останувам.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Се она што пламти во мене не го собира во ниеден куфер на светов. Сите чусвтва и спомени ми стојат распостелени на местата кои ги делев со тебе, по кожава која ја допираше, по усниве кои ги бакнуваше. . . и никако не можам да преболам, не можам да се приберам, не можам да најдам патоказ на кој не го пишува твоето име ниту нозеве сакаат да чекорат по патишта на кои нема да те сретнам тебе.
Се она што оживува со секое спомнување на твоето име ме следи на секој пат по кој што тргнувам и сее сенки од минатото, дува ветришта кој ме враќаат назад и создава звуци слични на нашата песна. Па секогаш одново се враќам онаму каде се мириса на тебе, онаму каде што се заврши уште не почнато...
Сите патокази врескаат едно та исто. Врескаат колку те сакам и каде ми припаѓа срцево... само ти не слушаш.. никогаш не слушна, никогаш не разбра...
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Не велам не. Среќна сум од изборот. Само наеднаш додека се освестив , овие неубави чувства полека и натежнуваа на мојата заљубена душа. Зошто сум среќна? Како? Каде е мојот куфер со љубов? Тогаш , зошто плачам секоја вечер ? Луѓе мои , па јас сум среќна , зарем не?! Зошто се срамам? Зошто насмевките болат? Ама јас сум љубена и љубам?! Зарем не е така?! Каде се моите љубовни нишки? И тој е добар и мил нели драги мои? Зошто мојот пат е модар? Каде ми е компасот на среќата? И зошто сите ми се смеат? Лицето ме пече. Јас само сакав да летам....птици каде ви се убавите песнички? Сонце! И ти не светиш весело. Го загубив разумот. Нема патишта, нема куфери , нема патокази......ама нели сум среќна? Луѓе !!!! Зошто молчите сите???!!!!!
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
нешто ме гуши денес..
си ја соголив и душата пробувајќи да сокријам се` во него, во куферон..ене го, го гледам на подот..
стои полузатворен како да моли да го ослободам..знам како му е, како што ми е мене во срцево.
се што е во мене, сокрив во него..ќе си го понесам како свој споменар, сите желби, цела љубов ќе ја носам, а никој нема да знае.
дури и него го ставив внатре.да...него..оној кој не ми дозволува да го затворам куферот, оној поради кого го губам компасот..
конечно го затворив..
почувствував празнина во себе, го барав него, заборавив дека веќе си го сместив во своето срце, во куферот.

денот помина, го немам тоа чувство дека ме гуши нешто..
сега само ми фали...ми фали чувството кога го пакував куферот..
сакам само да се вратам до моментот кога решив да го ставам него во куферот, да станам, да појдам до него и куферот да го ставам во негови раце...
и само да му речам...одиме мило?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and violetmoon

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Пот и ефтин парфем, вистинската комбинација од бљувотина, онде во собата, пред прагот и зад плакарот. Две лепрозни суштества низ домот и еден црвен куфер сред соба. Сметам, пресметувам и се надевам дека добитната комбинација на едноставни партали ќе го заслепи мојот љубен, онаму негде позади планината, жбунчињата и никаквиот смештај.
Планирам да поведам со себе трошка достоинство и сурова насмевка, бидејќи така е завршена пола работа. Другото ќе го заврши дечко ми. А депилаторот, тоа проклето мало дрндало што повеќе боли отколку што корне влакна, ми иде да го фрлам од петти, да го залепам од ѕид со иста сласт и наплив кога тепам муви со тепалка. Онаа нована од џамбо, неискористено оружје што сведочи за идните инсекатариски убиства.

Туку....


Јас и тој, сместени пред три послужени порции - куфери, патишта и патокази.
 

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
"Куфери, патишта и патокази"
Куферот полн со соништа, желби, планови и цели ене го спакуван чека кога повторно ќе биде отпакуван. Во него се скриени сите мои тајни, солзи, насмевки и спомени. Тој куфер што содржи мое се' секогаш ќе го носам со мене, кај и да одам. И по кривини, долини, низини, реки и планини, патокази, калдрми или крстосници црвениот куфер ќе ме потсетува која сум и од каде потекнувам.
Црвениот куфер спастрен над гардероберот чека во секој момент за да биде спакуван.
И за крај како што пееше Тоше,
Чуваш ли ти еден куфер со сни, малку сјај за утре?