Кој кого создаде?

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
ајде ќе пробаме може ;)
Што е бог ??
кои се најстарите верувања во кои верувале Луѓето ??
Што мислиш како настанал живиот свет на земјава ???
не се многу доволно се да видам што ќе ми одговориш
Бог е универзална енергија..
и верувам дека сите ние сме настанати од таа енергија Богот е во сите нас,и ние сме дел од него..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ikac and malo

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Прашањето околу кое би сакал да дискутираме е Кој кого создаде? Човекот е создаден од Бог или обратно, Бог е создаден од Човекот? Сакам да прочитам не само кратки одговори туку и образложенија зошто вие сметате така, а не поинаку.
Многу интересно прашање.
Како што многумина спорат за тоа што е Бог,кој е Бог,истото може да се однесува и за човек,што е тоа човек?
Нешто што е недефинирано дали создало друго недефинирано или обратно.
Отука одговор би требало да биде, помислив и самиот се создадов.
Помислата призлегува од самата причина за себе непознавање,а тоа се однесува и за човек и за Бог,па преку себе создавањето настојува да се осознае.
Едното ако е дифинирано,другото ќе го нема,но и тоа е од процесот на самата помисла,да се оди од крајност во крајност каде човек ќе биде животно и Бог нема да биде љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Дали според тоа и човек треба да остане недефиниран?
Да.
Со дефиницијата која ја ствараме за човекот или пак за Бог,го одземаме она најглавното.
Даваме форма,материја,мирис,карактеристика.
Ги ограничуваме.
Ствараме од сето тоа само збор или поим.
Можеби кога би можеле да ги отфрлиме поимите,зборовите и идеите би можеле да разбереме.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Децо, ај ко што сте убави и боговидни, бидете и добри и продолжете си во чет-муабети.
Доста беше оф топик. :)
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Јас и' се клањам на природата и во неа верувам. Како би го нарекла тоа? Naturoteist? :D
Ние за Бог знаеме откако човекот настанал, најнормално. Али и тоа докажува дека нашиот говор ни ја покажува и нашата имагинација. За човекот да стане човек му требало дооолг процес на развивање што уште трае. Одвојувањето на луѓето од шимпанзата (што се 99% слични на нас) е сместено во периодот околу 6,2 милиони години. Епа друже, тоа е пред мноогу долго време. Дел во нас има и од планктоните и најситните честички во водата. Тие прашања мислам дека секогаш ќе се противат, колку и да одиме напред со технологијата.
Да не се повторуваме, би го кажала истото шо го кажаa и slb_bobo и Мирче_мкД .. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мислам дека Бог и треба да остане недефиниран.
Не постои дефиниција за Бог и тоа е добро така.

Топикот овде не е дефиниција за бог туку кој кого создаде. Јас во твојов одговор не гледам никаква поврзаност со темата. Тоа што ти не сакаш да си дефинираш богови и луѓе е друга работа.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Топикот овде не е дефиниција за бог туку кој кого создаде. Јас во твојов одговор не гледам никаква поврзаност со темата. Тоа што ти не сакаш да си дефинираш богови и луѓе е друга работа.
Само се надоврзав на постот горе со мојот коментар.
Доколку модераторите мислат дека е оф-топик
слободно може да се избрише моето мислење.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дали според тоа и човек треба да остане недефиниран?


Си има биолошка и антрополошка дефиниција, не е страшно.

Јас си го замислувам почетокот на религијата таму некаде, во времето на првите градови во Месопотамија, кога на некој интелигентен и снаодлив лик му текнало дека има и полесен начин за заработка отколку регуларна работа, играјќи на стравот од смртта и суеверието - почнал да `доживува визии` да му се јавува некаква виша сила и да му кажува дека баш тој е застапник на таа сила на земјата.... некој од сограѓаните поверувале, повеќето веројатно не.... ама тие шо поверувале, seen the light and all се здобиле со моќна алатка за живот на туѓ грб, за нив и за поколенијата....till kingdom come. And it`s coming still... на царина уште да заврши работа и готово.

Секако, подоцна еволуирало сето тоа во високософистицирани форми, монотеизмот бил сериозна надградба, се појавиле Атон, Моше, Давид, Авраааааааааааааааааааааааааааааам, Хесус, педоМохамед and their minions.