Предлози за серии

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
165264_493359424068903_297657254_n.jpg

 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Што мислите за серијава?

Ја даваат на Фокс Крајм, во случај да го фаќаш каналот ѕирни ја. Ја преведуваат како Отстрел.
Мене не ми е ништо посебно, ја гледам само кога ептен немам што да правам.
Инаку станува збор за Мајкл кого го избацуваат од некоја агенцијата (од типот ЦИА, ФБИ) во која работи (го ставаат на црната листа) и сега тој не може нигде да се вработи или да излезе од Флорида чинам беше. Затоа тој се здружува со другар му кој го предал, неговата бивша женска и мајка му и помагаат на типци врз кои е сторена некоја неправда. Тоа е на кратко.
Според мене серија доста слична на британската Hustle или америчката Leverage, па сега одлучи си дали ќе ја гледаш или не.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Има ли некој што ја гледал серијава?Ми рекоа дека е слична на Измамници,па планирам да ја симињам.
Leverage_S1_DVD_Front--Paramount-764687.jpg



он:Ја препорачувам серијава Death in Paradise
814b6__516be265bc5ca.jpeg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
Давор Leverage ти е процедурал серија каде во секоја епизода екипата горе на сликата решава неправдини(нешто као робин худ се) ... секој има посебна улога во тимот,, типот на средина е главен каде наога случаеви и го прави планот,плавата типка е најдобра во кражба и неприметно влегување,црнецот е хакер,овој со долгата коса знае да се тепа :D а др женска исто на терен работи ,да заведе некој и сл :D

ако сакаш вакви серии каде секоја еп е посебна сама за себе интересна е ,штознам ...јас такви не сакам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Давор Leverage ти е процедурал серија каде во секоја епизода екипата горе на сликата решава неправдини(нешто као робин худ се) ... секој има посебна улога во тимот,, типот на средина е главен каде наога случаеви и го прави планот,плавата типка е најдобра во кражба и неприметно влегување,црнецот е хакер,овој со долгата коса знае да се тепа :D а др женска исто на терен работи ,да заведе некој и сл :D

ако сакаш вакви серии каде секоја еп е посебна сама за себе интересна е ,штознам ...јас такви не сакам

Да да,сакам вакви серии :D Ако има и некоја друга слична на оваа и Измамници,пукај.
 

Rachel Zane

Истакнат Член
7 август 2013
4
1
103
2 Broke Girls - Многу интересна серија, исполнета со хумор и забава. Се работи за две шворц девојки кои работат во еден ресторан. Едната е бивша милијардерка, а другата е .. од поодамна шворц. Стануваат цимерки, набрзо и најдобри пријателки.
Beauty and the Beast - Американска серија, нема врска ништо со Убавицата и Ѕверот. Се работи за една девојка која како помала го сведочи убиството на мајка и и тврди дека ја спасил ѕвер. Никој не и верува, велејќи дека е пост-трауматичен стрес, но набрзо се дознаваат многу работи.
Life Unexpected - Серија која е базирана на животот, сите животни прашања и одговори, сите работи кои не мачат, се што не интересира. Се работи за една девојка Лукс, која по 16 години ќе ги пронајде своите родители кои ја дале на посвојување. Ќе доживее работи за кои само сонувала.
Pretty Little Liars - Мистерија, драма, убиства, тинејџерски години. 4 другарки, соочени со смртта на една нивна најдобра другарка, се ставени на работ на искушението, препратено со многу закачки, уцени и убиства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Дојдов во потфорумов со намера да барам ваква тема, не бев сигурен дали постои ако не постоеше ќе ја отворев само за да ви предлжам една серија.
Знам дека ќе има многу скептици затоа што серијата доаѓа од Шпанска продукција, но навистина вреди да се гледа.
Ако сакате, научна фантастика, измешана со многу еротика, многу емоции и многу акција, тогаш вистинската серија за вас е El barco.
23487_estrella-polar-el-barco-de-antena-3.jpg

Се работи за еден проект Алехандрија, кој што всушност е проект за „забрување на молекулите“. Научниците кои што го спремале овој проект биле свесни дека постои шанса се’ да замине во неповрат. Тоа и се случува. Проектот оди во тииит, и настанува потоп на светот. Единствените преживеани се патниците во бродот „Естреја полар“ - во превод Северна ѕвезда.
На некој начин ова е модерна верзија на легендата за Ное.
Но.... Тоа е почетната приказна. Затоа што подоцна ќе сфатите дека се’ е многу повеќе од само еден обичен проект.
Потоа ќе излезат многу многу многу други приказни и податоци кои што до крајот на третата сезона во голем дел ќе бидат нејасни. Не дека се’ е објаснето во оваа трета сезона... Оставен е уште многу голем материјал за обработка за оваа нова четврта сезона за која се’ уште се преговара дали воопшто ќе „бидне“.
Многу добро одбрана екипа на глумци. Секој е посебен на некој начин и својата улога ја одигрува перфектно добро.
Мене впечаток ми остави Роберто, повеќе познат како Бурбуха, кој што е “мозокот“ на сиот овој проект со 210 коефициент на интелегенција, но бидејќи “нешто“ утнал, сакале да го елиминираат па се обиделе да го задават во кофа со вода. Сепак се спасил но...со трајни последици на неговиот мозок. За време на дејствието во серијата човекот има проблем со говорот, размислува како мало дете... но сепак знае да најде решение на работи кои никој не може ни да ги помисли.
Да го глумеше некој друг можеби и немаше да ми остави впечаток. Но, кога ги гледам сцените како тој е интелектуалец и толку сериозен човек, и кога ги споредувам сцените во кои тој е „дете“ со говорна мана... јас се воодушевувам на талентот што се крие во овој глумец.
За крај... неколку сцени од овaa серија:
trailer од првата сезона
сцената кога после дооолго лутање низ водите на океанот наоѓаат копно.
Роберто - Бурбуха и неговата појава што фасцинира...