Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Само ти го можиш тоа да ме натераш да шетам по бутици :) Ама вредеше,секое парче облека што го проба изгледаше феноменално на тебе.Како е можно толку да сум заљубен?Едвај чекам пак да те видам,дури и ако ме натераш пак да шетаме и да те гледам додека пробуваш секакви алишта.Совршена си. Мислам дека не можев да најдам подобра од тебе.Цели два часа ми летнаа како минутка,добро што ми правиш?Ама крајот беше шлагот на тортата.И да,и јас едвај чекам да те видам на роденденот на другарка ти.Уште само два дена.Уште цели два дена!Уште заморно неподносливи 48 часа.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Убавино моја од непостојани бои,
Речи им да молчат, едноличност ме гуши!
Господару мој со клетки од мошус,
Во зениците мои нека е битието твое,
Се друго нека земат нивните кретенски души.

( Извадок од една моја песМичка)