Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Сакам да ти кажам дека си толку посебна во мојот живот,не можиш ни да замислиш колку си ми потребна :( И сега кога ме гушна сакав никогаш да не ме пуштеше, засекогаш да останеме така.Не сакав да ме видиш како плачам,се чувствувам како слабак.Цела година не сум заплакал,зошто мораше баш сега да наидам на тебе?Знаиш ли дека кога ќе ме гушниш и кога ќе го осетам твојот мирис на ванила заборавам на сите проблеми?Во моментот сакам да си уште покрај мене,да ја галам твојата долга коса и да гледам во тие незаменливи очи.Ми требаш како дрога.Да слушнам неколку слатки зборови од твојте усни и да те допрам.Очајно ми требаш,толку очајно ми требаш во вакви моменти.И седам вака зјапајќи во твоите слики на фејсбук.Пак си ја ставила сликата со белото фустанче на профил,колку пати ти кажав дека изгледаш толку неодоливо во тој фустан?А сега исклучив се и пишувам само празни зборови тука.Зошто?За џабе.Нема да го видиш ова,а и да го видиш сигурно нема да ти текне дека сум јас.Зошто не можам во лице да ти кажам колку многу сум слаб на тебе? Понекогаш сакам ти да го направиш првиот чекор,да ми пријдиш и да ми кажиш дека ме сакаш.Не мора да ме сакаш,јас ќе бидам задоволен дури и ако само малку ти се свиѓам.Ама ти си популарна,ти си најубавата девојка на планетава,се разбира дека нема да си го дозволиш тој луксуз да ризикуваш да ми кажиш дека ти се свиѓам.Доста е,веќе петнаесет минути го пишувам постов.Солзите присушија,мислам дека си ја олеснив душата.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ни летниве дождови,
ни капки оловни,
моите гревови кон тебе, нема да ги скријат.
Ќе те сакам дур сум жива, секој дел од тебе,
знам само јас сум крива,
ех да сме стрелки на часовник, вечерва на полноќ што ќе се спојат.
и
одамна не сум посакала како сега, да ти кренам слушалка,
да ти кажам збор ил два и една вистина.
уште си ми најмил, во мене тајно скриен,
за мене знам несуден, а сепак моја судбина.
и уште шепотам без глас, дека верувам во нас.
знам се ќе помине и далечни ќе сме,
ќе останеме двајца што се сакале,
одвреме навреме, на мене сети се,
и не заборавај дека сме посилни од се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Јас сум тотално исцрпена, трагично нефункционална. Заспивам кога треба да те слушам, кога денови однапред имаме планови.
Сакам само да ти кажам дека сум ти благодарна што ме трпиш, што ме покриваш кога ќе заспијам спроти тебе. Најважно, што ме разбираш. И повторно, што би јас без тебе?