Сакам да кажам/Сакам да прашам

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Македонска (не)секојдневна ситуација 1:

Се возам во автобус, се качуваат маж и жена на околу 40тина години. Автобусот си вози, кога на паров им текнува дека го згрешиле автобусот и дека треба да се вратат назад. Му викаат на шоферот да застане на една доста прометна улица и овој им одговара најкултурно дека не смее, дека се нон стоп под инспекции и дека не треба многу за да го казнат. Овој му вика отвори или ќе ја повлечам рачката за итни случаи. Шоферов не му обрнува внимание, му вика господине јас ви кажав дека не можам на сред улица да застанам, чекајте на следната постојка. И овој му вика да даде господ да гориш во пеколот. Откако квалитетно му ја извреѓа цела фамилија, се симнаа и си продолжија.

Македонска (не)секојдневна ситуација 2:

Во истиов автобус, влегува уште еден човек, исто толку возрасен и оди кај шоферот. Му вика дека му се брза да оди што побрзо. Шоферот му одговара дека вози колку што е дозволено и да си седне на место, да не му стои на глава. Како на дрво да му зборува. Буквално на секој семафор беше истиот муабет, абе ајдееееее жолто е, вози, ќе се задоцнам заради тебе. Па на пешачки премин абре не ги пуштај нив, нив не им се брза.

Поука:

На моменти сакам да сум боксер со мускулна сила еквивалентна на онаа од Мајкал Тајсон и вакви имбецили квалитетно да ги нокаутирам.
Проста маса, затоа никој не не сака. Се повеќе сум на мислење дека квалитетното си оди, а овде се останати тешки сељаци со кои Македонија нема никогаш да просперира. Ебаве сељаци, ебаве.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
сакам да кажам дека најдобра диета да изгубиш 4 килограми за недела дена е само работа и работа,се радувам што сум полесна за 4 килограми:)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ај едно прашање до ланските матуранти, имаше пишување на писмо, молба, барање, приговор или само есеј се бараше?
Фала на одговор :zelen
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
СДК куферот е спремен, уште сега можам да тргнам. :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Знаеш дека старееш кога те удара дамла ако некој спомне дека добил петка.
Во мојов свет неќеш петки, верувај.
Ќе ги барате матуриве. Ехее, ко Диоген ќе ги барате. Со неонки ако треба.

Нејсе, трагичното за мене е што не можам да разграничам дали некој е осмо или апсолвент. Жими ја, не можам! А срамота да прашувам.
Дали видов ми е толку слаб, дали мозоков ми е недоволно развиен за да разликува, ама исти ми се, мајке ми!
Веројатно е до менталниот склоп. И не знам дали маливе размислуваат понапредно, или постариве заглавиле во рани тинејџерски години, ама мајндфак е!
Оп, 14 и 24 годишни со исти мислења. Да аплаудираш или да плачеш? И кому што?
И срамота е да јадам трици, ама преку Тасејца од Мајки Терези, Мерлинки, остали цитатори и онлајн Ајштајни.
Дај брзо да споделам слика од Семе Синапово дека ја сакам мајка ми, кутрата не може да заспие дури не го направам тоа.
Ко и сите мажи факичи, а жените поштени. Хипокритие.
Ме гуши сивилово од неиндивидуалности. Во поим ме убива како истото се провлекува и успева.
Kis43 ste, ama bez mene, ako ako... :(
Е, уште јас ви фалам, ама некој мораше да ве наслика.
Никој не бара сите да сме индиго деца, ама многу аури по градов се и непостоечки, што е алармантно загрижувачки.
Бланширани мозоци. Ко бланшираните коси да не беа доволно грди.

Марија, ќе се едитирам, да не правиме дијалог по темава.
Далеку јас од посебност. (т.е. тука следи клишето дека сите сме различни на свој начин де)
Само спаѓам во втората од двете групи што си ги нарекувам „лигуши“ и „плукачи“...а исти ко мене стотици ги има, ништо посебно, затоа и ми фали индивидуалност, нешто различно од двеве „основни“ поделби, некој што со прави зборови и дела ќе ги воодушеви сите маси подеднакво, без да се лигави или да плука. Нешто што ќе те остави без здив...
на пример гасна комора (се извинувам за лошата шега)