Кој изневерува повеќе: мажите или жените?

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Јас сум под впечаток дека оние „жички“ во мозокот што останале од нашата еволуциска историја на моменти преземаат контрола со нашите акции и го засенуваат разумот. Кога ќе ти дојде, кога ќе се чувствуаш така... не размислуваш рационално, се си способна за тоа.

Неверството, и кај мажите и кај жените, е фактички резултат на слабост, на неуспех да се исконтролираме.

Точно, затоа што верноста не е природна работа.
Животните се парат со поволни единки од својот вид, не се занимаваат со верност.
Верноста е исклучиво општествена норма, која во своите корени немала емотивни причини, туку потребата да се заштити општеството од инцестоидни плодови.
Да се потсетиме, не секогаш имало кондоми.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Како да не. Глупости во боја. Јас партнерот си го сакам од дното на душата, претходно сум имала и други врски, никогаш, ама никогаш не сум ни помислила да заминам кај друг. Тоа може некој да си бара утеха во анатомијата на мозкот за сопствената кукавичност, и да криви еволуција, тератогени фактори, УВ зраци, и кој ли не враг за да си се оправда. Али фактите си се факти. Изневеруваат само слабаците, оние кои Мелпомена милува педери по душа да ги вика.

Верноста нема врска со природата, as I said.
Има исклучиво морални основи.
А моралот не е мерлива категорија.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103

Има. Како што си еволуирала во хомо сапиенс, значи си мрднала од неандерталец, со самото тоа што си супериорен вид на суштество, имаш мозок со РАЗУМ кој што треба да го уклучиш. Ние сме животни, ама нашата свест е многу поразвиена отколку кај животните.

Кој како си сака нека си прави крај краева. Нека се изневеруваат, очи нека си вадат ако мислат дека тоа е убаво. Ама откако ќе ја осетиш убавината на љубовта, откако ќе спознаеш колку е само убаво да си моногамен со еден партнер за кој си спремен се да направиш, тоа е тоа што ретко кој го има. За изневерување може секој, ама да си има квалитетна врска го можат само одбрани луѓе.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Секако, како што ти сега си го браниш егото.
Да, изневерува заради его. Не секој маж. Но многу мажи.
Попрво ќе натерам ѕид да се помрдне отколку да побијам девојка со феминистички и инфериорни сфаќања и да и докажам дека не е во право. Затоа ќе ја избегнам дискусијава. Имам куп контра аргументи и тоа од блиски примери но ќе ги скокнам и нема да разговарам околу тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ФилипМ.

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Попрво ќе натерам ѕид да се помрдне отколку да побијам девојка со феминистички и инфериорни сфаќања и да и докажам дека не е во право. Затоа ќе ја избегнам дискусијава. Имам куп контра аргументи и тоа од блиски примери но ќе ги скокнам и нема да разговарам околу тоа.
Среќен пат. Баш ми е жал што одиш.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Има. Како што си еволуирала во хомо сапиенс, значи си мрднала од неандерталец, со самото тоа што си супериорен вид на суштество, имаш мозок со РАЗУМ кој што треба да го уклучиш. Ние сме животни, ама нашата свест е многу поразвиена отколку кај животните.

Кој како си сака нека си прави крај краева. Нека се изневеруваат, очи нека си вадат ако мислат дека тоа е убаво. Ама откако ќе ја осетиш убавината на љубовта, откако ќе спознаеш колку е само убаво да си моногамен со еден партнер за кој си спремен се да направиш, тоа е тоа што ретко кој го има. За изневерување може секој, ама да си има квалитетна врска го можат само одбрани луѓе.

Лол, лол, лол.
Полека.

Прво, од каде тоа дека си супериорен вид на суштество?
Тоа што ние мислиме дека сме супериорни, не значи дека сме супериорни.
Еволуцијата баш нема врска со неверството, како што ти кажав, природата не не создала како верни суштества.
Ако веќе навлагаме во тој поглед, црквата бара моногамни бракови, исклучиво заради огромната можност од инцестоидни плодови.

Прашањето за неверство е од морален карактер, а не природен. Твојот морал, е твој, не можеме да го примениме како заеднички морал секаде.
Дали сметаш дека секс во тројка е неверство? Ти можеби не би прифатила таков секс, но многу луѓе практикуваат - и немаш ама баш никакво право да се ставаш себеси како супериорна над нив.
Имаш полигамни бракови по светов, па што? Тоа што нивната морална перцепција се разликува од твојата, не значи дека тие грешат, а ти си во право.

А за последното, тоа си важи само за тебе. Јас не се согласувам со тебе.
 
Сексот во тројка ти е договор, каде имаме согласност на сите 3 членови. Полигамијата исто. Не мешај баби и жаби. Правиме муабет за некому да му забиеш нож во грб, да го изнвериш, а не да правиш девијантни работи со негова согласност. Ако некој така си милува, негово право, за тие луѓе не зборувам ништо, нивна перцепција за задоволство.

Јас ти зборувам за оние кои се во врска, одат со други а партнерот не знае за тоа.
Нема веќе што да дискутираме, си кажав јас, за мене тие се идиоти, кој сака нека ми кажува 1000 зошто, 1000 затоа, јас сум на тоа мислење и нема да го сменам. Темата е дали мажите или жените изневеруваат повеќе, и искрено ич ама ич не делам неверство на мажи и на жени. Пак ќе се повторам, идиот од маж и идиот од жена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ФилипМ.

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Попрво ќе натерам ѕид да се помрдне отколку да побијам девојка со феминистички и инфериорни сфаќања и да и докажам дека не е во право. Затоа ќе ја избегнам дискусијава. Имам куп контра аргументи и тоа од блиски примери но ќе ги скокнам и нема да разговарам околу тоа.
Не и објаснувај нејзе бе, објасни ми мене.
Што, според тебе, се главните причини за неверство, ако не се нели еготриповите, со што се согласувам?
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Сексот во тројка ти е договор, каде имаме согласност на сите 3 членови. Полигамијата исто. Не мешај баби и жаби. Правиме муабет за некому да му забиеш нож во грб, да го изнвериш, а не да правиш девијантни работи со негова согласност. Ако некој така си милува, негово право, за тие луѓе не зборувам ништо, нивна перцепција за задоволство.

Јас ти зборувам за оние кои се во врска, одат со други а партнерот не знае за тоа.
Нема веќе што да дискутираме, си кажав јас, за мене тие се идиоти, кој сака нека ми кажува 1000 зошто, 1000 затоа, јас сум на тоа мислење и нема да го сменам. Темата е дали мажите или жените изневеруваат повеќе, и искрено ич ама ич не делам неверство на мажи и на жени. Пак ќе се повторам, идиот од маж и идиот од жена.

Тогаш според твоето сфаќање, неверството не можеме да го сведеме само на сексуален однос. Неверство би било ако тој излезе со другари, ама ти каже дека ќе спие.
За мене сексот не е толку ау вау, едноставно не се ни замарам дали дечко ми ме изневерува или не. Ако ме изневерува, многу добро го прави тоа, не го ни намирисувам.

Не можам така да им судам на луѓето, има копита кои заслужуваат не рогови, сијалици на роговите да им закачиш. Бивш дечко на моја другарка - и глумеше нешто фраер, ваков бил таков бил, го заеба за цел живот. И не сметам дека е таа идиот. И аплаудирам бре, и со раце и со нозе.

Не мораш ти да го смениш мислењето - ниту пак имам намера да ти го менувам, само ти укажувам дека верноста не е природна појава. Верноста е општествена појава. :)