Љубовта денес

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Да бидам искрен врската може и толку многу частење од страна на дечкото. Што значи многу пари за ова првово не треба.
Бракот и децата....се оние што се „скапи“

Зборот ми беше додека не се осигура салам за одржување на едно семејство самостојно, не би требало ни да пробува. Од љубов не се живее, барем јас како дете го имам искусено тоа, фала богу сега не е така.
 
live.your.life

Нов член
26 март 2013
20
24
3
Многу добра и актуелна тема. Љубов имало,има и ќе има. Тоа не е нешто што може да се уништи или спречи. Може да се самоуништат луѓето,да ја уништат својата врска/брак вклучително и особата со која се заедно. Но не и љубовта. Верувам во љубов, тргнувам од примерот на моите родители, кои имаат добар брак, имаат и кавги, но имаат љубов и разбирање. Ако не верувам во љубов,како што имаше некој погоре наведено,т.е нешто слично на тоа, тогаш веројатно не би требало да верувам дека има љубов и меѓу моите родители,а не би требале ни вие така? Она од што сериозно сум згрозена е тоа што денес поголемиот дел од луѓето се материјалисти и тоа најмногу кога се работи за љубов. Она што е уште потрагично е што има се повеќе мажи кои бираат девојки/жени богати и се далеку бетер од обична женска спонзоруша. Не го оправдувам материјализмот за ниедна страна,машко/женско. Строго го осудувам тоа,во секој поглед. Сум имала безброј љубовни разочарувања, но не сум се разочарала или откажала од љубовта,туку од луѓето кои не знаат да сакаат. Сега имам дечко, кој го сакам и не му наплаќам за грешките на бившите, не го осудувам дека е ист како нив. Не знам дали ќе заврши тоа и како,но ни после него нема да се откажам од љубовта. Имам една фраза која често ја користам: Што е мое ќе си дојде,тогаш кога ќе треба,ни порано, ни подоцна ! :)
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Времињата се менуваат, ама љубовта секогаш останува иста. Љубовта...е љубовта е timeless...
Денес мислам дека поимите брак/врска и љубов се мешаат..Тие не се едно исто...
Не секој брак/врска е од љубов, нели? Постојат (и постоеле) бракови од материјален и финансиски интерес, бракови од сожалување, бракови од себични причини или самосожалување (да не останам сам/а) , брак за да се создади потомство по секоја цена итн. Сите сме сведоци дека тие бракови склучени од Х причини од старт се осудени на пропаст...не дека ќе се разведат( баш тие нема никогаш да се разведат) туку ќе си го тераат животот во еден дисфункционален брак, во една мизерна емоционална состојба, проследена со комплекси и фрустрации, вака така ќе си изрдодат деца и автоматски на тие деца им се искривува сликата за институцијата брак. Таа љубовник, тој љубовница, секој си го бара она што му фали во животот (љубов, интимност, секс) на друго место , а децата се сведоци на тоа (колку и да се вешти во криењето), а сведоци ќе бидат и на ладниот однос кој го имаат родителите и тука се изместуваат вредностите...за љубовта, бракот...
Материјалната перспектива на бракот што им се наметнува на младите денес само ги фрустрира и ги тера да не стапуваат во брак дури не се ситуираат, а тоа е огромен притисок..или ако им се пружи добра “шанса“ одма да ја зграпчат, по секоја цена...ама парите нема да те гушнат кога ти е тешко и нема да ти го стоплат срцето или да ти ги избришат солзите...
Од друга страна пак факт е дека и само од љубов не се живее нели?
Оние што се заедно во брак или врска од љубов...за нив нема зима...ќе издржат се’..и сиромаштија и беда и болест...ќе пребродат се зашто го имаат она што ни е најважно на сите...секогаш ќе се имаат еден со друг а тоа е непроценливо..
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Времињата се менуваат, ама љубовта секогаш останува иста. Љубовта...е љубовта е timeless...
Денес мислам дека поимите брак/врска и љубов се мешаат..Тие не се едно исто...
Не секој брак/врска е од љубов, нели? Постојат (и постоеле) бракови од материјален и финансиски интерес, бракови од сожалување, бракови од себични причини или самосожалување (да не останам сам/а) , брак за да се создади потомство по секоја цена итн. Сите сме сведоци дека тие бракови склучени од Х причини од старт се осудени на пропаст...не дека ќе се разведат( баш тие нема никогаш да се разведат) туку ќе си го тераат животот во еден дисфункционален брак, во една мизерна емоционална состојба, проследена со комплекси и фрустрации, вака така ќе си изрдодат деца и автоматски на тие деца им се искривува сликата за институцијата брак. Таа љубовник, тој љубовница, секој си го бара она што му фали во животот (љубов, интимност, секс) на друго место , а децата се сведоци на тоа (колку и да се вешти во криењето), а сведоци ќе бидат и на ладниот однос кој го имаат родителите и тука се изместуваат вредностите...за љубовта, бракот...
1. Материјалната перспектива на бракот што им се наметнува на младите денес само ги фрустрира и ги тера да не стапуваат во брак дури не се ситуираат, а тоа е огромен притисок..или ако им се пружи добра “шанса“ одма да ја зграпчат, по секоја цена...ама парите нема да те гушнат кога ти е тешко и нема да ти го стоплат срцето или да ти ги избришат солзите...
Од друга страна пак факт е дека и само од љубов не се живее нели?
2. Оние што се заедно во брак или врска од љубов...за нив нема зима...ќе издржат се’..и сиромаштија и беда и болест...ќе пребродат се зашто го имаат она што ни е најважно на сите...секогаш ќе се имаат еден со друг а тоа е непроценливо..
Се сложувам ама не потполно.
1. Сметам дека е несовесно да се стапи во брак а да немаш пипер во очи. Прво затоа што ако сакаш да направиш свадба (а не знам баш дали секоја девојка ќе сака да се омажи без голема прослава(ги има и што не сакаат))трошоците се огромни. Главата да те заболи. Јас знам јасно ми е дека повеќето од свадбите се прават на жими-мајка, па потоа од поклоните во пликови се плаќаат долговите, ама тоа ти е ветер во магла, од кај знаеш дека ќе донесат доволно пари за да ги платиш сите долгови?
Потоа од бракот доаѓаат деца(чие доаѓање можеш да го одлагаш ако немаш пари, ама колку ќе го одлагаш?)...
Што значи, не совесно е да стапиш во брак, а да немаш бар некој минимален приход.
2. Не би се согласил дека нема зима за сите големи љубови во беда и сиромаштија. Затоа што секој различно реагира на проблемите. Мажот може да пропие, од проблеми да стане агресивен, и да ја прави маф-таф жената, и после ќе се сакаат? Исто така нервозни од ситуацијата(деца болни не можат да ги однесат на болница немаат картончиња, нова година немаат пари да направат пречек, итн итн уште безброј ситуации) и така нервозни од ситуацијата немаат желба за секс. Врска/брак без секс да ти ибам врската/бракот.
Што значи не сите успеваат во беда и сиромаштија. Имам безброј блиски примери како биле осудени на пропаст иако се сакале само поради немањето пари.

Значи, не е лошо да го учиш сопственото дете прво да застане на свои нозе(било да е машко или женско) па потоа да стапува во брак. Само што некои родители ги учат децата да бараат партнери што се квалитетно застанати на нозе па им ја искривуваат сликата за вистинска љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and MoonFairy

Се сложувам ...затоа нагласив дека факт е дека од и само од љубов не се живее нели?
А не е ни правило дека ако имаш па тоа заработеното нема да го изгубиш...не знаеме што ни носи животот...денес имаш утре немаш...за се’ е така...а за кризите во животот треба стегање заби и наоѓање решение...на крајот на краиштата ...Во маката се познаваат јунаците нели ? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Љубов денеска?! Ма тоа е некоја шега а први април пројде.:D
Не постои денес љубов само интерес .Денешните деца се бакнува со еден/на а ѕирка во другар/ка му/и,као на некој натпревар да се.Не е ни осмо одделение а тие прошле баш многу.И од таквите ли ќе се очекува љубов.
Ретка е а кога ќе се најде ретко се задржува.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Љубовта не се сменила, не е тоа предмет кој со текот на времето изгубил боја, избледел, се уништил...
Како што кажав еднаш, љубовта е.
Како што сум јас, како што си ти, тој, таа...

Она што е извитоперено е очајниот обид на човекот да создаде нови вредности диктирани од помислата на моќ, матријалност, авторитетност.
Во тој уништувачки поход, да биде се, заборава да биде она што е суштинско, да биде обичен.

Љубовта никогаш не престанала да бива, луѓето ја изгубија битката со неа, не си дозволија да бидат благословени со неа, со убавина, со витештво, инспирации, соништа...
А, тоа е навистина жално.
 
Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
Љубов денеска?! Ма тоа е некоја шега а први април пројде.:D
Не постои денес љубов само интерес .Денешните деца се бакнува со еден/на а ѕирка во другар/ка му/и,као на некој натпревар да се.Не е ни осмо одделение а тие прошле баш многу.И од таквите ли ќе се очекува љубов.
Ретка е а кога ќе се најде ретко се задржува.

(bravo) точно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: sweetgirl

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Само денес?
Nuh-uh, лоша замисла. Љубовта ко чувство не се менува, се менуваат времињата и критериумите.
Ако за „љубовта денес“ општоприфатена дефиниција што прва паѓа на ум, е длабок џеб и BMW во комбинација со безмозочник, гадно сме скренале во погрешен правец, првенствено со сопствената замисла, а нели, неретко каква ни е замислата, ко таква ја претопуваме во реалноста.
А мислите оти порано не било така? Ахам...чуму тогаш стројниците за да се одбере правиот/та на секое поле (читај: финансиско), па и венчавките помеѓу подалечни роднини за да се задржи богатството во фамилија? Отсекогаш постоел муабетот: Сине/ќерко, пази каде ќе појдеш/кого ќе донесеш во куќа.
Ама порано биле мајчини. Ако сакала да ќари богаташ, ќе се понаша и трепка ко дама и домаќинка, а нема да седи прегорена и полугола во сепаре, па денешниве што се прости и провидни, може само да им заблагодарите што ви го олеснуваат изборот, оти нели, да бидеме искрени, никој од нас не внимава на изгледот, битна е душата и карактерот, не? Затоа горенаведениве глава не креваат од љубовџии околу нив, а оние што се баш домаќински материјал, дремат сами.
И за двата пола зборувам. Не за друго, туку едноставно, во вакво просто и плиткоумно општество, поимите: убав/а, паметен/на, згоден/на, успешен/на и поштен/а, просто не одат заедно во реченица. Ограниченоста и огорченоста не ни дозволуваат да помислиме/признаеме дека постои некој таков, па сами си лепиме етикети и после кукаме дека љубовта денес е всушност од корист, колку да си го утешиме скршеното его поради сопствениот неуспех.
Е, чорба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123

Многу песимистички гледаш на работите. Јас знам МНОГУ исклучоци од твоево правило.
И како што има девојки на место има дечки на место, што не се залетуваат по лепота и исто има и женски што не се залетуваат по пари и коли. И овие два типа на луѓе се наоѓаат или ако не, кога тогаш, ќе се најдат едни со други.