Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Што и да биде,
тука ќе си длабоко во мене,
како неостварен желба,
недостигнат копнеж ..

Ќе живееш и понатака во моите мемории и фантазии
во кои секогаш ќе ми биде можно да те повикам
и да бидам со тебе.
И нема да ми недостигаш
иако си далеку.. толку далеку а сепак толку блиску..
овде во мене, поблиску нема..
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ти ме правиш среќна. Малку ли е тоа? Ти си тој кој после толку години заедно, ми создава пеперутки во стомакот. Ќе поминеме заедно низ се што ни нуди животот. Добро, лошо, среќа, тага, сиромаштија, можеби и малку пари понекогаш.
А будењето до тебе е бесценето. Уште малку па и секојдневно ќе биде.
Момче мое, денес се чувствувам како 15 годишна цура која е во екот на заљубеност и розеви очила во својата врска.
Повторно сјајот во очите е тука, повторно сме ние старите. Страста е тука, неа никогаш не ја ни снема, само еден период ја заборавивме. Го заборавивме тоа што не поврзува.
Ние сме две различни битиа со различни денови, различни обврски, ама на крајот, на стемнување, јас и ти сме едно.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Љубов е кога дечкото прави пауза од читање и симиња Walking Dead за да у исто време гледаат со девојка му <3
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

destroy

Нов член
27 февруари 2013
13
18
3
Секогаш сум вчудоневидена како поенкогаш станувам толку неурамнотежена откако ќе ме пуштиш од раце. Чудно е како постојано ми недостасува твојот студен допир.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Чудна е оваа љубов кон тебе...
сакам многу да напишам,
да кажам,
да опишам се што чувствувам...
Но не е доволно премалку е.
Некоја поинаква врста на љубов..
И незнам,
незнам каква е, но знам дека ја носам во себе.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Сакам да ти кажам колку те сакам, да ти кажам колку цело време мислам само на тебе и дека во животот ти си единствената што го зароби моето срце.