Писмо до идниот јас

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Се надевам дека не го читаш ова. Ако да, тогаш уште читаш форуми...(facepalm)
Има ли смисла тоа да го правиш на твои години?
Ќе ти исчукам, не ти иде паметот.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Здраво Идна Јас
Прво и основно. Остани здрава и убава и смеј се почесто (знаеш дека тоа ти треба)
Лекот за сите болки веке одамна го најде и ти порачувам да го чуваш и да го пазиш и да го сакаш најмногу и да не се плашиш од ништо бидејќи ме имаш мене (себе) и го имаш него а знаеш дека тоа е единственото нешто што ти е битно во животот. Сега кога веројатно имаш повеќе пари отколку што јас имам денес па помагај повеќе кај можеш и колку можеш(а ако немаш тоа значи си ја зезнала работата у Инспекторатот:giggle . Како и да е знам дека секогаш наоѓаш начин да ги решиш работите а тоа ме прави мирна. Читај книги и гледај си филмови , се надевам дека го уреди станот во скандинавски стил , ако не, тогаш значи дека сеуште расположението и вкусовите ти се менуваат како ветрот. Добро е што го имаш мистер Д до тебе да ти ја даде онаа сигурност во изборите . Чувај ја пријателката , ти знаеш која..и дружете се колку што можете повеќе. Наоѓај време да отидеш до куќата на село и до водопадите, таму ќе најдеш мир и задоволство и ќе ги наполниш батериите . Пишувај , сега веројатно немаш толку слободно време ама кога имаш пишувај. Еден ден тоа некому ќе му се допадне и ќе се гордее со тебе. Се надевам одгледуваш цвеќиња , ако е тоа така би ме израдувало многу. Не сакав да ти давам совети оти знам дека не сакаш совети. Знам дека ги сакаш и грешките што ги правиш оти и тие се за ум, и оти без нив немало да бидеш таа што си денес. Само еден совет имам драга моја , немој да брзаш , се во свое време , имај трпение , и помалку остар јазик(знаеш дека тоа ти е маана) . Толку. Биди среќна, кога имаш криза (што се надевам дека некако си успеала да ја надминеш ) ако не, знаеш што треба да правиш. Внимавај на најблиските....и не се замарај толку со навидум битни ама скроз небитни работи. Така, поздрав и остани си помалку самобендисана де .) си знаеш дека си добар човек. Слушај музика знаеш со кого, и немој да му забрануваш да собира дискови оти собирале прашина. И твоите книги собираат прашина па никому ништо. А сега оди и купи си некоја убава работа. Знам дека тоа ти причинува огромно задоволство. Чао најдрага! You have always been a good girl deep inside.
Ова како да ми го напишала бившата ми јас,само буквата Д ме разубеди дека сум грешка:)
Прекрасно.
Не го читав,го голтав.
знам дека копчето лајк е за кога нешто ни се допага,но ова беше повеке од ми се допага.Ако треба и казнен поен нека добијам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Здраво идна јас !
Е па вака, ако нешто те мачи сети се на овие денови кога ти го пишувам писмово, тие се најубавите и најзелените. Насмеј се и кога ти е најтешко, тоа го умееш најдобро. Немој да дозволиш да те нервира секој и никој, уживај во деновите на среќа.
Те молам не седи толку многу на фејсбук, оти треба да готвиш, периш и да си играш со децата, обрни му малце внимание на мажот и не повредувај го секој кого стигнеш ради одмазда, бидејќи пред некој месец си ветивме дека тоа нема да го правиме.
Форумов нема да ти треба и пази кога им раскажуваш на децата како си го запознала нивниот татко да не биде на долго и широко објаснувањето, оти сега тоа го правам најдобро, ама било излишно еве ти кажувам за во иднина.
И уште само еден ред во кој ќе ти пишам: НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ од творењето - тоа те ИСПОЛНУВА. Пишувај и издавај и понатаму.
Поздрав ! Знам дека ќе ти недостасувам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Драга идна Јас...

Те молам намали го инаетот и прекини да пцуеш на фудбалски утакмици...
Лепота губиш :D
А и да... Намали со благото.
После плачеш дека забот ке те боли...
Време ти е да се воозбилеш за некои работи...
И прекини со нервозите...
Биди си таа што си...
Насмеана,најубава...ок малку нарцизам и луда...
Што да кажам друго?
Освен послушај ме еднаш.
За твое добро е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
еј ти идна јас се надевам дека нема да се промениш за ништо на светов и дека и до крајот на животот ќе бидеш ваква каква што си сега луда (во позитивна смисла),уникатна и незаменлива. те љуби твојата сегашна јас:wub :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Епа здраво Калинке сениор! (wave)

Претпоставувам дека веќе си почнала да носиш очила. Тоа е тоа, лошите навики си го земаат својот данок порано или подоцна. Ако е така, ѕирни набрзинка што имам да ти кажам и гаси компјутерот.

Познавајќи те, не верувам дека сакаш да го вратиш времето и да си на мое место. Не треба да сакаш. Се чувствувам изморено и недефинирано, мислам дека ова што го учам и не ме интересира, ама чудно е што вакви мисли ме окупираат само кога имам колоквиуми и испити. Знам, стварно знам дека треба да бидам поорганизирана и си велам дека следниот семестар се ќе се смени, ама свесна сум дека сум во заблуда. Сега имам 5 предмети и не знам главата кај ми е, расеана сум и ме фаќа паника. Како што гледаш, емоциите ми се типично предколоквиумски. И изгледот ми е таков. Косата ми е собрана во неуреден кок, очите потечени и зацрвенети, половина десна рака ми е тегет. Уште се немаш научено да го држиш пенкалото како што треба, нели? Нема врска, ништо страшно.

Ако сето ова учење вродило плод и си дипломирала, трчај работи, немој да бидеш паразит. Ако не си дипломирала, загреј го столчето и заврши ја таа работа веќе еднаш, не одолговлекувај!

Ако имаш дечко, сакај си го и чувај го. Вложувај во врската ако сакаш да успее,а не да се правиш мангупка, па после да ти биде криво. Ако те изневерува или, не дај боже, се депилира, откачи го по брза постапка. Во случај да немаш, гледај да си фатиш. Не е целта да бидеш стара мома.

Немој да навлегуваш во бесполезни анализи и толкувања, како што често умееш. Не биди буквалист и не биди злопамтило. Не си и ти баш цвеќе за мирисање. (Кога сме веќе кај мирисањето, не знам зошто, ама се си мислам дека си почнала да пушиш цигари. Така те замислувам. И не се плаши, не те карам, имаш моја дозвола. Знаеш јас како викам: рани душа да те слуша.)

Не знам што друго да ти кажам. Ако ми текне, ќе ти пишам пак.
Поздрави и бакнежи од 19-годишната ти! :*

П.С: Пушти си ја смут криминал, многу си ја слушаше на времето кога го пишуваше излагањево.
И не го читај писмово по 100 пати, 20 се сосема доволно. ;)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ољушке... Се сеќаваш како се замисљуеше себеси за 10-20 године?? Се плашим дека си забраела и мислим дека треба да те потсетим , што е и целта на писмово.

Се сеќаваш на одморот у грција когај пукна да те стаа на балерината да се возиш? Се сеќаваш како здивот ти запре и неможеше да дојдеш до воздух?Лошо чувство нели... ама дали се сеќаваш како почна пак да дишиш?? ...Се сети нели. У моментот кој ги виде мама, тато и брат ти како насмеано те чекаа доле пред балерината. Знаеше дека тие тројца свекоаш ќе бида твој спас од секој пад, нивната близина ти даваше живот. Ова ти го кажуем само затоа што се плашим дека годинете те натерале да се оддалечиш од нив тројца, се плашим дека недоволно им покажуеш колку ти знача. Немој да ја праеш таја грешка. Мама и тато са стари, им треба да те вида, да те слушна. Сега е време ти да им дадеш воздух да диша, со твоето присуство.

Се сеќаваш како замисљуеше дека ќе бидеш жена со кариера, ѕверка у бизнис, а нежна мајка и сопруга дома. Најмалку 3 деца рековмо нели? Знам дека си добра мајка, знам дека децата ти са сигурно на прво место и дека паничиш од типот леле па рекоа до сега ќе дојда дома, леле моб не им е достапен, и дека знаеш да се притресеш од страф да не им се десило нешто. Полека, застани. Немој толку да се плашиш од животот, пушти го срцето да чука без секирацие. Веруј си себе дека си одгледала добри деца кои знаа што е добро а што е лошо. Ако наследиле од тебе дел од почитта за родителите, знај дека никоаш нема да те доведа у состојба да се секираш у празно.

Сакај го муж ти. Знаеш каков е договорот,бидиму секогаш намиришана, дотерана и верна. Прај му ќеиф ама не забравај и на својот, знаеш на што мислим. Немој да забраеш да се караш со него, зошто знаеш дека тоа што следи после слатко карање е преубавоооо. СВЕКОАШ СПИЈТЕ НА ИСТ КРЕВЕТ колку и да сте наљутени, те молим не драматизирај како што знаеш , а после цела ноќ не спиеш и плачеш. Баталија некоаш гордоста, гушниго нема да ти се стопа рукете.

Имај време за себе, аман те молим немој да бидеш како мама у тој поглед. И до дуќан иди и личи на чуек. Остај ти мама што вика абе што и да облечем пак сум убаа, средуј се, (ова е наредба)

Работај го тоа што го сакаш, не губи здравје за глупости. Чувај се за внуците.

А ако работете не са така како што ги замисљуевмо, не се секирај. Најдиме, ја сум у тебе, мојата младост ќе ти помогне да најдеш пут до она што го сакаш. Некоаш младоста и лудоста са многу корисни, немој тоа да го забраеш. Ти неможеш да бидеш неуспешна, едноставно сетисе за ѕвездата што ти е на чело, најди начин да ја запалиш и да ти сија.

Уште некој ситен совет, немој да проаѓаш до људи што питаа без да фрлиш париче, тоа е една од твојте одлике, помагај колку можеш. Пеј , немој да не си пеела, ако не си на бина, нема врска., тоа некоаш те праеше многу среќна. И не заборавај на другаркете, имај време за нив, смеењето и спомените од младост ќе ви бида лексилиум природен .

А да, ќе забраев. Прости ми ако сум или ќе напраем нешто у младост за што ти ќе се каеш, прифати го и биди подобра од тоа, прости ми.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
До-Идната јас..
За твое добро избриши ја нервозата која ја имаш немој да ти стане навика бидејќи и никогаш не си ја имала ама ете..Имај повеќе разбирање,трпение,љубов итн..
Здравиот начин на исхрана нека ти биде секојдневна навика и на децата твои наметни им ја :)
Сакам да бидеш пресреќна кога ќе оформиш твое семејство да го почитуваш,сакаш и разбираш својот сопруг..
Да бидеш грижлива мајка први на место да бидат твоите деца а за кариера има време откако тие ќе потпораснат...
Откако лесно и без мака ќе го завршиш факултет сакам да те видам во бел мантил во некоја ветеринарна ординација околу тебе животни кои преку нивниот сјај на очите те гледаат како спасител на нивните животи...
Да се гордееш од себе си како и секогаш..чувај ја главата исправена нагоре и кога ти е тешко..
Напиши ја книгата за која велеше дека ќе ја почнеш кога ќе подостариш,откако повеќе ќе созрееш и нели бидејќи мудроста иде со годините па веројатно сега си многу помудра и поинспиративна...Затоаа почни да пишуваш немој мислата да ти побегне а време за тоа секогаш ќе имаш..знам јас...
Сакам сите планови кои некогаш ги формираше со твојот дечко да ви се исполнат оти знам дека ќе си останите заедно ..
Од -Старата ти..