Бонсаи

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Приметив дека нема тема за растенија на форумов - или сум скокнал некоја, како и да е, ќе си средат модераторите мене ми беше итно да го поставам прашањево.

Сигурно знаете што е бонсаи, така?
Едно убаво мало дрвце толку слатко што ми иде да си го ставам во кревет да си спијам со него.
Еве вака изгледа:
bonsai_550.gif

Проблемот е што јас го купив а немам поијма како се одржува.
Почнаа да му паѓаат ливчињата а мене почна да ме фаќа паника.
Ако некој знае како да го одржувам и да го спасам од пропаст нека ми каже.
Ако треба и ќе го фотографирам за да видите убаво за што станува збор.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Имам и јас едно вакво малечко,ама вештачко е,и тука за жал не можам да ти помогнам со совет околу одржувањето:) .
 

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
И јас размислувам да купам бонсаи, значи ќе имам со кого да разменувам мислења и искуство :)
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Можда има врска со полевањето односно како го полеваш и кога или пак да не се чува ни на многу лано место ни топлина да не се изложуваат значи под сенка...еве интересен податок:


Треба да го знаете типот на дрвото и местото каде треба да се чува. Многумина сметаат дека бонсаи се чува само во затворени простории, но меѓу нив има и такви што најдобро се приспособуваат на животот надвор.
Во однос на полевањето со вода, постои специфичност и тоа според годишните времиња. Во пролет и есен треба да се полева рано наутро, во лето попладне, додека, пак, во зима поретко полевање, не мора да се полева секој ден. Во однос на водата треба да се внимава да не е премалку, бидејќи во тој случај дрвото ќе дехидрира и ќе се исуши, ниту, пак, премногу, зашто ќе скапе од преголемата влага. Садот во кој го чувате вашето бонсаи треба да биде со дупчиња и без тацна или подлога, бидејќи не треба да ја задржува водата што му ја давате. Освен секојдневното полевање, на неколку денови треба да ги навлажнувате и ливчињата со прскалка.
Со инсектите и болестите што можат да го нападнат дрвото, се справувате со соодветен потхранувач кој можете да го купите во кој било расадник и со соодветно третирање. Една од најважните работи на кои треба да се внимава при одгледување бонсаи е неговото пресадување. Тоа треба да ви биде практика на секои две до три години. Се пресадува исклучиво во пролет, во сличен сад како претходниот во кој сте го чувале. Земјата за пресадување не е каква било, туку специјална мешавина што можете да ја најдете во расадниците каде што одгледуваат и се продаваат бонсаи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
еве ваму види си, пиши им мејл на луѓе што се компетентни , ќе ти вратат, дај боже да ти успее дрвцето , и ја сакам да си земам наскоро, еднаш една продавачка у цвеќара ми рече колку поголемко го купиш толку поголеми се шансите да успее и да да се внимава на пресадување. Еве ти линк
http://www.mug.mk/index.php?option=...tenie-drvce-hortikultura&catid=123&Itemid=552
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
250007_205431612827982_157399214297889_485614_6430596_n.jpg


леле воа ко ќе ти расцвета па коа ќе замириса ...да не сакаш од дома да излезеш !!! Чајот , книгата и бонсаито ...nothing more is needed :sreken

I WANT IT !!!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
А колку пари се овие дрвца од прилика? и каде може да се купат? изгледаат премногу убаво!!
Јас моето го купив 700 денари од цвеќата.
Инаку имаше едно 500 денари ама ми беше некако... ретардирано, криво во стеблото и не сакав да го земам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аце