Наркоманите и одземањето на родителското право

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Хај
icon_mrgr.gif

Има грешка во насловот,нека сменат модераторите.

Што мислете за овие случаеви?Мајката во текот на бременоста се дрогирала,па подоцна и бебето ни криво ни должно е бебето имало апстиненцијална криза само што се родило, се мачи и трпи физичка болка, ни криво, ни должно, заради изборот на нејзината мајка да стане (и остане) наркоман. Toa ќе треба да помине низ терапија за одвикнување за да може да има нормален живот, кој пак не му загарантиран затоа што најголем број од бебињата на наркоманите имаат тешки оштетувања и болести.

Постојат неколку прашања за размислување:
- Колку тие луѓе се способни да ги чуваат своите деца?
- Дали кога е познато дека мајката е наркоман и користи тешки дроги треба воопшто да и се дозволи да го роди детето и кога веќе ќе го роди дали треба/смее да го задржи?
- Како државата сега го регулира старателство кај ваквите случаи?
- Што вие мислите дека е најдобро решение за овој проблем?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да.
Од проста причина што родителите се најголеми „кривци“ за усмерувањето на своето дете. Понатамошен контра-аргумент за ова е непотребен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Нормално дека треба да им се одземе родителското право. Овие луѓе воопшто не треба да имаат деца. Зависници од дрога кои имаат оштетување на мозокот и нервниот систем во никој случај не можат да се грижат за потребите и воспитувањето на едно дете, а да не зборуваме за нивниот проблем со правилното подредување на приоритетите.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Кога си под дејство на дрога никогаш незнаеш што правиш. Па и треба да се одземе родителското право или да се постави строг услов за мајката. Но и покрај строгиот услов сепак детето треба да расте во здрава околина далеку од се.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Кога си под дејство на дрога никогаш незнаеш што правиш. Па и треба да се одземе родителското право или да се постави строг услов за мајката. Но и покрај строгиот услов сепак детето треба да расте во здрава околина далеку од се.

Каков строг услов?Нема теоретски шанси да ги исполни и самата кажа дека нема поим што прави...Што ке му рече мајката?сине сакаш хероинче марихуана?
Нејсе или да го даде на посвојување или во тој случај абортус...зошто животот на детето и онака е во опасност :)
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Баш пред некое време гледав филм на оваа тема. Мајката за да ги храни децата и за лекување на едното кое беше болно од астма,продаваше дрога,и на крај почна и да ја користи. Тоа што го преживуваа децата беше хорор. Се случуваше мајката да го тера едното дете да ја заклучува во соба и да го тера да не ја пушта.
Значи категорично не. Тие сами себе не може да се чуваат,а не па деца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and JaMi

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Дефинитивно треба да им се одземе родителското право. Ова ти се родители со нула совест. Па што воопшто раѓаат деца кога ни самите тие не можат да се гледаат и да си го средат животот..
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Ако збориме за тие шо се пукаат во вена т.е за регистрирани наркомани би требало да има закон со кој доколку невестата е трудна веднаш по пораѓање детето се даде на посвојување или во прифатилиште.
Само што мислам дека тоа во мкд не функционира како и многу други работи.
Инаку познавав таков случај, бебето почина не издржа.По кратко време и мајката почина од предозирање.А таткото е уште жив велејки дека жена му умрела зашо не знаела да се фикса а он знаел.