Св. Валентин

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Jas na simpatijata ce mu kupam plisano mece i cokoladni srcenca...срце го изело! :zelen

Клише, клише, клише...од „празников“ ми се крева притисокот. Црвени кеси, срциња, гигантски мечки што ќе собираат прашина по ќош, редици пред каси...и на крај, во сето тоа брзање, заборавиле да купат кондоми, па ништо од бизнисот. :giggle
Дајте ми вие мене шише вино, па со Трифун да прославиме до 101 и назад, плус утредента нема да го оптоварувам Гламстик со прашањето „Дали сум трудна?“
Озбилно, поарно сред лето рандом да добијам лајнарки на подарок, оти во моментот некому му текнало и го потсетиле на мене, отколку да трепкам на ваков, до даска исклиширан ден, и да глумам изненаџена ко демек тоооооолку е неочекувано. Мех...
Најубаво најдете се и дајте си...внимание. Посветете си го денот со вино, пуканки и хорори, разбијте ја малку таа „Сузо моја неоплакана, цвече моје неопрашено...“ монотонија.

р.ѕ. Имам една идеја.
Да не бидете ко оние 15% во Америките, пишете ми ПП, ќе ви праќам подароци (што ќе си ги платите) + посвети од поезииве што ми се вртат по маса. Сите ќе ве сакам, мајке ми! (inlove)
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Ако сакам да му подарам нешто на дечкото не мора да е Св.Валентин па јас да се сетам да му купувам нешто.
Или пак да славиме.Па морало тогаш.
Ама еве на пример јас Би го прославила Св.Трифун со винце и свеќички.Една романтична вечер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and kizzo

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Св. Валентин нема да го славам годинава. Двајца инаетчии од инат ќе славиме Трифун. Вино, купони и картичка. Се ќе биде направено од мене. Колку пооригинално толку подобро. За роденденот пред недела дена му подарив едно вакво ковчеже што сама го направив, внатре го наполнив со Харибо од јагода (нашите омилени) и најдоле ставив приврзок кој од едната страна има наша заедничка слика, а од другата логото на BMW.


За совети, повеќе информации и слично, за оние срамежливите и несрамежливите, јавете се во ПП.

П.С. Пораките се бесплатни (nod)
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
веќе 3 години по ред си славам св. валентин :) овој св. валентин, ќе ми биде веридбата, па и немам многу пари, и така планирам поголемиот дел да го изработам рачно, да правам романтики, така нешто ќе е, ќе видиме што... а планирам да му купам едно мече, мерак ми е :giggle ама тоа ќе му го дадам порано, а вечер ќе има друго нешто спремено кај мене, ќе направам се во црвено, да асоцира на љубов :D абе што прави таа пуста љубов :sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Само двапати до сеа го имам славено празникот.Онака,заради тоа што сите го слават.Не ми се јасни некои луѓе кои постојано крекаат како не го славеле празникот,дека бил католички и тие работи.Па океј си е бе човече,нејќеш океј.Порано подарував меченца,срценца али со текот на времето и со тоа што сум поголема сето тоа ми е '' веќе видено ''.Оваа година јас најверојатно ќе си го славам Св.Трифун зашо не сум заљубена а,и немам дечко :D .Ќе се направам камен и тоа.
Хм,па кога би имала дечко би му направила на некоја зграда свеќички,балони и винце,би му купула дуксер со омилениот бенд баш пред некое време гледав имаше со Nirvana,The Ramones,GnR,би му го зготвила омиленото јадење,рамка со наши слики,во киндер јајце внатре кај шо е играчката би ја извадила и би ставила љубовна порака,можеби би купила од оние маиците Ај лав мај грлфренд па за мене обратно :D,ако пуши би му купила цела кутија цигари и зипо упаљач,да ме бидуваше за цртање ќе насликам негов портрет и сл.Има многу идеи,зависи од можностите и околностите. :)

Офф топик:Темава нели треба да стои во Љубов и секс?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeker

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Женските се изнададоја идеји за Валентин, а машките за Трифун?
Јас не го признавам Св.Валентин за празник на вљубените, за Вера Љуба Нада официјално го славам денот на љубовта, а на Св.Трифун си пијам по една чаша винце да не е безич.
И повеќе би се радувала на подарок - вино од некого отколку на чоколатца и разни цвеќишта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
имам малку лозје и на св. Трифун ќе одам таму... ќе закроиме со другарите, па колбавчиња на скара и црвено вино (wasntme)
јас исто како пријателов на лозје ќе го закројме и се знае после скарата и виното и тераме св.Трифун
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Искрено од Св. Валентин и целата таа фама околу тој празник не ми се излегува од дома... Јас го славам Трифун, со дечко ми и цело наше друштво...