Тајната за успех на една врска

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Што е потребно....па колку јас што знам упатство за добра и успешна врска нема.Да го имало многу работи не би биле така како што се сега.
Не е потребно само едно нешто...потребни се повеќе работи пред се' меѓусебно разбирање, почит, ЉУБОВ како и внимание ако сите овие работи се присутни и исполнети тогаш таа врска ќе си трае многу долго.
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Доверба, љубов, искреност, патнерот треба да го имаш како човек кој е тука за тебе во секое време, во добро и лошо. Љубомората е непотребна.
 

Nicole

Староседелец
27 јуни 2012
249
226
643
Како прво потребна е меѓусебна искрена љубов, па потоа доверба, потребна е љубомора ама во доволна мера, ако не покажува љубомора еден од партнерите значи не е вистински заинтересиран за својот партнер, разбирање, почитување, според мене ова се едни од важните елементи на една успешна врска.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Аии што си ти љубовџија Леги :D
Он: Нема општо правило за тоа што би требало и што би било потребно за да успее една врска, тоа зависи индивидуално од секоја личност и од секоја врска.Секој на свој начин го доживува животов па така и врската, љубовта..
Според мене најважна би била цврстата поврзаност меѓу двата партнера, силната доверба и пред се' искреноста.Исто така и потребата од промена на некои работи во врската, само со цел да не стане досадно, па да почнат партнерите да шараат наоколу.
Важно е и да се задржи оној првичен жар, страст, јасно е дека на 10год нема да се лигавиме како деца, али сепак, интимата би требало да се одржува на некакво ниво..Кога после некое време, после долго време одење со таа личност, кога веќе сфаќаш дека станува еден вид навика, сфаќаш дека љубовта не е бакнувањето, излегувањето и држењето за рака, туку е цврст столб на почит меѓу двајца, исполнетост кога се будиш покрај него/неа, е тогаш треба да се вратиш на она погоре подвлеченото да ти текне дека не е навика, едноставно веќе го живееш животов, си успеал во целта да го задржиш она во кое уживаш.Тогаш веќе ќе го знаеш рецептот за успешна врска, кога ќе бидеш свесен дека успешната врска веќе ја живееш па така ќе знаеш што се' си поминал за да дојдеш до тоа што си во моментот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Го делам мислењето со Arkantos.. ќе се надоврзам само со уште едно „правило“. Со човекот со кој си во врска да се однесуваш секогаш како прв пат да го правиш тоа, како прв пат да го прашуваш нешто, да имате стравопочит во жешката смисла на зборот.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што треба...пф, математичка формула, малку физика, малку хемиски реакции, почит, разбирање, страст, искреност...
Едноставно треба да се партнерите на иста бранова должина, со слични интереси и гледишта, нема никакви посебни финти, само исти одговори во сто можни комбинации.
А не е мала тајна дека за некои, на денешно време, најбитно е партнерот да има малку мозок и малку повеќе пари.
Тогаш и магарето лета и сите горенаведени потреби паѓаат во втор план.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and DarkPassenger