Како се запознале вашите родители?

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Еден другар на татко ми се познавал со дедо ми ( татко на мајка ми) и они отише до кај него да земат нешто а дедо ги поканил на кафе. И седеле тие а мама спиела.. и тетка ми ја разбудила и и река дојди да видиш кои дојдоа а тетка ми се познавала со тато. И мама станала и отишла се позравила и она почнале да разменуваат погледи . И по неколку дена тетка ми како посредник ги наместила да излезат ии натаму незнам се фатиле и излегувале 2 3 месеци . Една вечер мајка ми ранецот со алишта на грб , ставила јастуци под јорганот ко демек е она и преку врата и правец Тетова ( тато ја чекал со ладата пред зграда) :D Сабајлето што да видат мама ја нема и у тој момент се јавува од Тетово да им каже. Дедо ми прво се налутил ама после ај полицаец е не е некој лузер и се помирил со тоа. После 4 5 месеци се венчале и оваа година прават полнолетсво на бракот 18 години. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl and Caci

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Мајка ми и татко ми се запознале на далеку прочуеното битолско корзо, поточно ги запознала некоја другарка на мајка ми мислам. На мајка ми му изгледал татко ми за интелегентен човек а и и било досадно и ајде си рекла. Ама знам дека првиот пат кога татко ми ја прашал за да бидат заедно мајка ми му манала корпа се праела нешто многу јака типка ама вториот пат татко ми му отишол и и рекол сега нема бегање. :D
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
На факултет во Скопје.
Мајка ми го изгубила индексот и татко ми како врвен фраер кога ја видел сликата ја барал низ цело Скопје. После 1 недела и заѕвонил на врата и и рекол дека не и го враќа индексот ако не излезе со него.Па мајка ми морала да излезе со него и се фатиле :D
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Тој бил шеф, таа била продавачка со долга врска скоро пред брак. Ама оди речи му -не на татко ми (smoke)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Аа, моиве биле комедии.
Мама била рибица низ град, а татко ми бил така троа поголем трупец за запознавање женски, па ја меркал од далеку со другари, онака, баш ко во средновековието. Почнал и под зграда да и’ оди, а кога ќе ја видел, бегал зад некое дрво таму. :D
Кога дошло време и таа да му удри окце, па кога видела дека тој абер нема да преземе нешто, излегла на тераса кога било момчево долу и почнала со бело марамче да му мавта, а тој си бегал зад дрвото мислејќи оти оваа не го гледа, кога всушност од висина перфектно се гледал кај што се крие. :frantic
Романсата започнала кога еден ден од тераса му фрлила штипка за алишта со телефонскиот број на неа, па кога собрал храброст да и’ се јави, муабетот бил:
- Ерм...здраво, ти ме гаѓаше со штипка...
И дробел муабети така, видело мајчево дека абер нема да ја покани, па презела во свои раце, го викнала под зграда вечерта, а младичов се појавил 40ина минути порано и така стрпливо си чекал под омиленото му дрво.
Епа...имал и што да чека. :zelen
 

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
33
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Тато е поголем од мама 4 години. Тој бил фраер а мама сонувала за него. Од мама братучетка кај неа славеле Нова Година и таму се фатиле....свадба си праеле...ме наптајле мене XD
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Неам појма ама убаво шо се запознале, пошо ако не се запознале немало да бидам јас ... (party)